Број 3362  четврток, 19 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Втора страница

Поглед

Заборавено училиште

Катица Чангова

Министерот за образование, Никола Тодоров беше на одмор во Грција, а откако се врати, не може глава да крене од работа. Му се случија триста чуда во секторот и тој стана центар на случувањата.

Се' тргна со спорниот учебник по општество за петто од��еление, скандал што се претвори во серијал, небаре гледаме телевизиска сапуница. Излегоа многу грешки. Актери, музичари и водители се рангирани како културни дејци. Катастрофални промашувања се откриени во речиси секое поглавје. Очекувано падна одлука за повлекување на учебникот. Министерот ги прозва рецензентите за пропустите, а тие не прифатија одговорност.

И во ова министерско-рецензентско препукување кој е прав, а кој крив, стигна закана за бојкот на часови поради загаден канал. Арачиновци немало да пуштаат деца на училиште оти се плашеле од епидемија. Го викнаа Никола Тодоров и го прошетаа кај страшното место да го уверат во нивните стравувања. Тој вети, ќе среди се' за две недели.

Камо среќа Тодоров да ги симне од дневен ред сиве овие маки, кои чинат пари. Штетата од препечатувањето на учебникот е милион денари, а и чистењето канал не е евтино. Но, има и други што чекаат решенија и пари, а ни се помалку важни ни помалку значајни. Зошто се игнорира проблемот со училиштето во Дреновец, кое цела учебна година е под клуч? Дали министерот заборави дека пред една година токму тој пресече црв��на панделка на многу убав и простран објект, за 500 ученици во една смена. Таму ниту инвентар допатува ниту персонал се вработи. Учениците и родителите најавуваат бојкот на наставата. Срамно и жално и за Тодоров и за државата е да пропаѓа инвестиција од 120 милиони денари, која требаше да го реши просторниот проблем за учениците од Тетово.


#
Статијата е прочитана 1267 пати.

Испрати коментар

Од: Ljubotan trade name
Датум: 19.08.2010 05:02:08
Sekogas sakam ,da citam Makedonski Kozerii! Eve Edna od Niv :,,Министерот за образование, Никола Тодоров беше на одмор во Грција, а откако се врати, не може глава да крене од работа. Му се случија триста чуда во секторот и тој стана центар на случувањата"..Pa zarem Ova ne e Makedonska Tragi Komedija [ Najgolema od site Mak Tragedii ,Zasmislete ,da Brnislav Nusic denaska, e Ziv,Toj ja prezentirase zenata , na Gospodinot Minister, Gospogja Ministerka,A zamislete deneska Nusic ,da go prezentira Ministerot za Kultura, i toa kade; Na vacantion vo Elada; Bruka nad Brukite!

Најди! во Утрински
Втора страница
Македонија без кредибилитет во САД
Вербатим
Нема нов рок за куќните совети