Број 3362  четврток, 19 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Втора страница

Нема нов рок за куќните совети

Билјана Ангеловска

Државата нема да го пролонгира рокот во кој граѓаните требаше да ги пререгистрираат куќните совети во заедница на сопственици или да изберат управител. Како што информираат од Министерството за транспорт и врски, нема никакви дилеми околу имплементацијата на Законот за домување во делот на р��гистрацијата на куќните совети, бидејќи овој закон стапи во сила во август минатата година, со што беше даден доволен период од една година за да се регистрираат новите форми на организирање на станарите. Оттаму, Министерството апелира до граѓаните во најкус рок да пристапат кон регистрација на куќните совети за да не се изложиле на санкции од страна на општините, наметнати со Законот. Истовремено упатува апел до ЗЕЛС, до единиците на локалната самоуправа и до Централниот регистар на Македонија да им помогнат на граѓаните во постапката за регистрација.

Од Министерството велат дека досега во неколку наврати ги запознавале граѓаните со законските одредби и тоа преку повеќе прес-конференции и со јавен повик објавен во медиумите со кој ги потсетувале сопствениците на станови на обврската, условите и рокот во кој требаше да се регистрираат во заедница или да најдат фирма-управител.

Во насока на олеснување на постапката, Министерството на својата Интернет-страница има објавено и работни верзии на документите потребни за да се изврши регистрацијата.

Од Централниот регистар на Македонија информираат дека и натаму ќе вршат регистрација на заедници на сопственици и пререгистрација на куќни совети. Инаку, до вчера во 13 часот беа регистрирани вкупно 873 заедници.
Регистрација на заедница на сопственици може да иницира кој било од сопствениците на становите и на деловните простории во зградата. За формирање заедница на сопственици е потребно претседателот на куќниот совет, односно иницијаторот, да свика собир на сопственици. На состанокот мора да присуствуваат мнозинството сопственици за да може полноправно да се одлучува и сите донесени одлуки да бидат валидни. За регистрација се потребни следните акти: Одлука за формирање заедница на сопственици како правно лице, Одлука за донесување статут на заедницата, Статут на заедницата на сопственици, Одлука за избор на претседател и благајник/сметководител на заедницата на сопственици, план за одржување на станбената зграда, Договор за заемни односи меѓу сопствениците на посебните делови на станбената зграда, Куќен ред и Записник од конститутивниот состанок на собирот на сопственици.

Министерството потсетува дека инспекцискиот надзор над примената на Законот за домување го вршат инспекторите за домување и овластените инспектори за домување на општините во рамките на општинскиот комунален инспекторат, општините во градот Скопје и Градот Скопје. (Б.А.)


#
Статијата е прочитана 2150 пати.

Испрати коментар

Од: Сергеј
Датум: 19.08.2010 00:18:39
Власта просто се чуди како да не’ доограби. Оние кои не живеат во стан, ами во куќа, да не се радуваат премногу. Сигурно следно што ќе измислат ќе биде - „маалски заедници“. ( http://otpor.log.ph/ )
Од: caircanec
Датум: 19.08.2010 00:32:20
ovie od vladata ili se pregolemi glupaci ili ne znam sto zapnale za ovoj zakon. Svojot dvor prvo neka go sperdat,baraat imotni listovi za registracija na kucnite soveti a istite imotni listovi so godini gi cekame vo nasata zgrada....koj kogo treba da kazni,nie ili tie.Nemaat osnov zasto samitee kasnat so imotnite listovi,a od druga strana stavile uslov brojcinjata od imotnite listovi na stanarite koi formirat kucen sovet...cista utka,glupost nad glupostite so ovoj zakon,se obrukaa ,pa sega ne znaat kako da se izvlecat..Mislam deka so paganjeto na ovoj zakon treba da si dade ostavka nadlezniot minister Janakievski zatoa sega se inaetat,toj za obrazovanie tikva zelena,se e krs vo vladata...gospod na pomos
Од: Stranec
Датум: 19.08.2010 00:44:33
"Gradjanite" se setija da se registriraat vo 5 do 12?? Kaznite da pocnat da se delat pod hitno ako voopsto postoi drzava!!
Од: забеган.
Датум: 19.08.2010 05:49:04
Ма кој закон донеле овие Голиштарци а да не биде Фаличен.Тешко ДРЖАВА која паднала во раце на Дечина.
Од: Mitre od dolnidupeni
Датум: 19.08.2010 07:40:17
Ovoj neizdrzan zakon tesko deka ke pomine na ustaven sud,Kolektivno zadolzuvanje so individualni kazni...?Cuvaj boze...Ke padne na Ustaven Sud sekako...
Од: Sale
Датум: 19.08.2010 07:56:24
100000 imotni listovi x 5 Evra po list = pola milion evra. Ako pota se dodade 50 Evra troshkovi za registracija izleguva 10-15 milioni evra vladata ke inkasira od ovaa "portokalova" investicija. I na kraj sirotiot toj shto ke se nafati da bide pretsedatel. Ima da bide kako "momok" koj moze da okrka i krivichna prijava i zatvor.
Од: nasinec
Датум: 19.08.2010 08:21:09
A ti Stranec da se vratis vo Makedonija i tuka da kazvas prikazni.
Од: ...
Датум: 19.08.2010 08:49:32
Што да речам освен нека им се со среќа парите... доволно ќе им биде една клетва од народот да ги фати, во што не се сомневам ;)
Од: citateli
Датум: 19.08.2010 09:30:20
I nie kako Sergej, Se parasuvame koga ke dojdi denot da plakame za vozduhot sto go disime????
Од: stanar na R. Makedonija
Датум: 19.08.2010 10:24:14
kolku povazni raboti imav vo drzavava sto ne se sredeni a se povazni od zakon za domuvanje !!!! siromastija, nevrabotenost, korupcija i tn. ama ocigledno prazen e budzetot pa najlesno e da se polni od kazni, ke smislat zakon sto nevozmozno e sekade uspesno da se sprovedi, a pritoa ke smislat i paricni kazni i ete ti.. dzabe edna godina kazuvale za ovoj zakon i drzele pres konferencii.. podobro da sednele i da razmisluvale kako da se vraboti gladniot beden i siromasen makedonski narod...
Од: Кемал Ататурк
Датум: 19.08.2010 10:30:55
Ако успеат да го казнат мојот комшија кој над 20 години е во Австралија, а станот е заклучен тогаш нека ме казнат и мене. П.С. ВО МОЈАТА ЗГРАДА ОД 27 СТАНА 12 СЕ ЗАКЛУЧЕНИ И НЕ ЖИВЕЕ НИКОЈ ОДИ НАЈДИ ГИ СОПСТВЕНИЦИТЕ
Од: miki
Датум: 19.08.2010 11:38:00
luge bre, sto se tufkame tolku?! vo sekoja normlna drzava dokolku nesto ne mu cini na narodot, a ocigledno deka ovoj Zakon za domuvanje e obicna cirkuzijada, treba da izlezem site na masovni demonstracii, pa duri togas Grujo da se opameti, a ne vaka da go pljacka narodot. Bednici vo dushata, sram da im e!!!
Од: КОНЕВСКИ И ОВА Е АЕРОДРОМ
Датум: 19.08.2010 11:41:36
Живеам во Аеродром на први спрат. Тој на приземје има настрешница плех од 6 м кв на висина од само 2 см од моите плочки од терасата.Има општината на мое барање донесено решение за отстранување пред 1,5 г. Не е уште отстранета. Истиот сосед под мојот прозор има гаража од плех за алат. На другата мала тераса има во процепот излезено со дел од кујна со плехан кров. Сите плехови ме греат на ова сонце и се полни со птичји гомненици. Ако чистам сум му тропал а и несакам да ги чистам чекам барем плехот од 6 м кв да му го отстранат. Под другиот прозор има една долга жица за алишта како во 19 век. Кај металните скали има стари даски и др кои таму стојат 10 год. На крајот од дворот има трло односно бекатон плочи од 6 м кв на кои ГОТВИ со плин. Затварам заради мирис. А под плехот пушат и иде дим кај мене. Еднаш тропнав со метла ме пријави во полиција бил полицаец во пензија. Неправедно ме пријави ама ми се заканија со казна. ГРАДОНАЧАЛНИКУ КОНЕВСКИ И ОВА Е ВО НАВИСТИНА НАЈЧИСТАТА ОПШТИНА АЕРОДРОМ
Од: cicko Gorgi od Avstralija
Датум: 19.08.2010 12:11:46
Dragi nasi, ja znaete nasata stara poslovica koja veli "Ne pij voda od drzavna cesma, oti eden den ke te naterat da ja platis vodata". Taka e i ovde. Sekoja zgrada poveke od 3 stana mora da ima Body corporate kompanija koja se grizi za zgradata a vie mora da si gi platite smetkite sekoj 3 meseci. Sega vie moze i da ne platite ali toa ne bi vi go preporacal oti taa (Body corporate) ke ve opomeni ednas, vtor pat ke ve natera da platite i kamata na zakasnuvanjeto a tret pat ke moze i da vi go prodade stanot i da si gi vrati svoite pari nazad a sto ke ostane toa si e vase , neli. A sega vie odete i barajte si novo mesto na ziveenje pod nekoja si tuga srea. Jas mislam ti odgovoriv na tvoeto prasanje kardas Ataturk deka i za takva glavobolka ima lek... Aj so zdravje i Good luck na site nasi....
Од: pero
Датум: 19.08.2010 15:15:55
Ako e vistina toa za susenje alista na terasite, togas ja molam vladata da mi kupi edna masina za susenje alista, zosto sam ne mozam da si ja dozvolam.

Најди! во Утрински
Втора страница
Заборавено училиште
Македонија без кредибилитет во САД
Вербатим