Брoj 2803  сабота, 04 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Наука
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Втора страница

ЛИЧНОСТ НА ДЕНОТ

Војчех Јерузелски

Иако воените удари се „специјалност“ на полковници и потполковници, Војчех Јерузелски ќе остане запомнет како генералот со „рејбанки“ кој воведе воена состојба во Полска на 13 декември 1981 година. Деновиве, 27 години подоцна, тогашниот генерал, кој воедно беше и ген-сек на полската Комунистичка партија и премиер, одговара за криминалот за време на неговото воено управување со Полска насочено кон политичка ликвидација на синдикалното движење кое бараше демократизација на Полска „Солидарност“ и неговиот лидер Лех Валенса.

Баксузниот 13 декември, всушност, е почеток на крајот на успешната кариера на војникот кој (1964-1968) стигна до министер за одбрана на Полска, беше „шеесетосмаш“ кој лично учествуваше во задушувањето на „Прашката пролет“ во соседна Чехословачка, а во 1970 се прослави во заговорот за уривање на „застранетиот“ комунистички лидер Владислав Гомулка. Во четирите премиерски години Јерузелски, кој во 1989 стигна до функцијата претседател, не го спречи Валенса и паѓањето на комунизмот во Полска, туку, засрамен, мораше да му ја предаде фотелјата токму нему.

Во пролетта 2006 по грешка прими и по три дена му беше одземено признание од претседателот на Републиката.

Деновиве во тек е процедура да му биде одземена и воената пензија. (Д.Ч.)


Статијата е прочитана 616 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Втора страница
Место со датум Брисел ќе не' награди со укинување на визите?
Егзотичните имиња на европските држави
Карикатура
Verbatim
Црвен картон од ЕУ