Брoj 2803  сабота, 04 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Наука
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Втора страница

Егзотичните имиња на европските држави


Кога влегувате во Германија на таблите пишува дека тоа е државата Дојчланд

Зошто Словенско нема врска со Словенија, а Моѓорорсаг се вика Унгарија

Димитар Чулев

Моѓорорсаг, Еире, Суоми, Еести, Лиетува, Норге, Словенско, Свериге, Остерајх…

Наброените егзотични повеќе или помалку познати називи, всушност, се официјалните, уставни имиња на многу блиските и познати европски држави кои во меѓународните односи со светот функционираат под имињата Hungary, Ireland, Estonia, Lithuania, Norwey, Slovakia, Sweden, Austria. На списокот веројатно недостигаат соседнитe Ellada, Sqiperia, Българиа, Monte Negro, Croatia, па ако сакате и Србија, која светот ја знае како – Serbia.

Обидот на Лигата на народите по Првата светска војна да дефинира „единствени“ имиња на земјите со кои тие би функционирале во меѓународниот сообраќај е „виновникот“ за тоа што денес повеќе европски држави имаат различно име за меѓународна употреба од она кое произлегува или е одраз на националниот идентитет: Финска е Суоми, Холандија е Нидерленд, Германија е различен назив за земјата од изворниот Дојчланд, соседната Грција светот ја нарекува и Hellenic Republic, Шпанија има меѓународна ознака „Е“ што произлегува од изворното име на земјата Еспања, Обединетото Кралство е погрешно попознато како Велика Британија, иако двата назива се однесуваат за земјата со престолнина во Лондон, но географски територијата е поинаква. Еире е името на Ирска онака како што го доживуваат Ирците, а Ести на Естонија.

Сашко Тодоровски, експерт за меѓународни односи во македонското Министерство за надворешни работи, објаснува дека идејата по Првата светска војна на претходникот на денешните Обединети нации, Лигата на народите, била во процесот на поврзување на светот на извесен начин да се унифицираат имињата, со што би се избегнал хаосот во комуникацијата, а во интерес за подобра соработка меѓу земјите. Треба да се земе предвид дека доминантни во тој период биле англискиот и францускиот јазик, од кои денеска се произлезени имињата на повеќето држави. „Преовладале двете јазични линии кои беа доминантни во тој период, францускиот и англискиот“, вели Тодоровски. Оттаму во дуализмот кој денеска постои во имињата на некои држави лесно препознатливо е англиското или француското влијание. Додавката „ланд“ во имињата на Skotland, Irland, Island, Finland… е доказ во прилог на таа теза.

Во секој случај, и��ејата била, вели Тодоровски, да се направи обид земјите да добијат име што ќе биде користено во меѓународната комуникација, но не било нужно тоа да е името содржано во јазикот на таа земја. Се одело од идејата дека „името со кое ќе ме препознава меѓународната заедница не е нужно да е името во мојот јазик“, објаснува Тодоровски.

Доказ за тоа колку тој обид бил успешен или не се сегашните општоприфатени имиња за „внатрешна“ или за „надворешна“ употреба околу кои никој не спори.

Нема универзална формула според која државите биле именувани и примани во тогашната Лига на народите (формирана во 1919 година и функционирала до 1942, кога премина во Организација на обединетите нации), немало правило, не постоела никаква регулатива, туку се одело од држава до држава, според системот „од случај во случај“. Се водело сметка за локалните јазици, за тоа како им се обраќале соседите на одредени земји. Она што, сепак, мора да се каже е дека во периодот кога се давале тие имиња, постоела извесна блага форма на притисок да се прифати име на земја која од соседите или од другите држави на континентот била нарекувана со различно име од она оригиналното, но во секој случај се водело сметка „прекрстената“ земја да се согласи на таквото име.

Во средината на 1970-тите години Обединетите нации прават обид за нова систематизација на имињата, па дури постои и настојување да се утврдат единствени имиња на градови, области, места, кои светот ќе ги препознава. Целта била да се избегне биномијата, триномијата, па и полиномијата на некои географски топоними. Како пример градот кој ние го знаеме како Солун, Грците го викаат Тесалоники, за Англичаните е Салоника, за франкофоните Салоник. Како што ни објаснува Тодоровски, било формирано ад хок тело во формат на Конференција за географските називи на ОН, која на оваа материја работела десетина години. Меѓутоа, најверојатно поради преобемната материја, оваа Конференција полека згаснува.

Во Африка, во постколонијалната ера, дојде до масовно менување на имињата на државите поранешни колонии, кои во времето на осамостојувањето ги имаа имињата дадени од колонизаторите, но набргу ги враќаа старите. Типичен пример за тоа е Конго, кој во период од 30-ина години од Конго Киншаса го смени името во староафриканското Заир, а кон крајот на 90-тите одново во ДР Конго.

Преименувањето или новите имиња не ги решавале случаите кога имињата на одредена земја произлегуваат, асоцираат или се дури еднакви со одредени области во други држави. Војводството Луксембург има идентично име со област во соседна Белгија, Британија сигурно има сличност со областа Бретања во Франција, на Словенија по осамостојувањето не и' паѓа на памет да го оспорува уставното име Словенско на Словачка, Молдавија е држава која го носи името на област со идентично име во Романија...

Секоја сличност на претходнонапишаното со актуелното грчко оспорување на името на Македонија, се разбира, е само случајна. Зашто светот не познава таков преседан на некоја држава да и' биде наметнато име кое таа не го прифаќа. Премногу јасни се грчките позиции (иако спорот е сосема апсурден) и обидот на Атина да воспостави меѓународен копирајт врз античкото минато со тоа што и историјата на древна Македонија ја подведува под сопствената хеленска или хеленистичка. Втор момент е срамниот Букурешки договор од 1913 година, кога при раскрчмувањето на остатоците од Отоманската Империја и при поделба на Македонија, Грција на делот што светот го познавал како Стара Грција ги приклучил и Тракија и Македонија. Трет момент е актуелното македонско малцинство во земјата која е пример за непочитување на малцинските, јазичните и културните права и во која во интерес на идејата за монолитна нација не се признаваат никакви различности.

Но, од позиција на членка на ЕУ и на НАТО, што и' дава за право да биде „поеднаква“ во спорот со Македонија, Грција бара нејзиниот северен сосед да го смени името, зашто сегашното Република Македонија имплицирало територијални и историски аспирации.

На потег се македонските политички елити, кои треба да ја усогласат домашната какофонија и да се обидат да се наштимаат во речиси хармонизираниот став на меѓународната заедница дека промена со извесна географска определница пред името на државата, но која нема да го загрози идентитетот на нацијата, е нужен услов за фаќање приклучок со светот.

Манипулација од најнизок вид е пуштањето во оптек на тезата дека уставното име Република Македонија е нашето вековно име. Македонија била и „народна“ и „социјалистичка“ и сегашната претставка се однесува на уставното уредување, а не на идентитетот кој е содржан во името – Македонија.

Ако добро паметиме, референдумското прашање на 8 септември 1991 година гласеше „дали сте за самостојна, независна, суверена Македонија...“


Статијата е прочитана 2352 пати.

Испрати коментар

Од: marjan-viena
Датум: 04.10.2008 00:21:37
pocituvan gospodine culev...so ovoj vas tekst kako da sakate da kazete deka nee nisto strasno ako go promenime imeto. koj ve plati da go objavite ova.
Од: Bojan
Датум: 04.10.2008 01:05:11
Nikoj ne gi ima prinudeno gorenavedenite drzavi da si go smenat imeto! Voopsto ne e ista nasata situacija so tie drzavi.
Од: diplomat
Датум: 04.10.2008 01:14:54
pa ovie drzavi si imaat prosecna plata 2000 evra mecno a nie edvaj so krediti minuvame emsec na mesec ,,naite pliticari se golemi patrioti i ne im interesira nisto osven za svojata stolica..vo toa e problemot.
Од: igor_bt
Датум: 04.10.2008 01:21:26
Vie gospodina Marjan, kako dobar patriot koj zivee nadvor od Makedonija, so sto konkretno ste pridonesle da ja podobrite polozbata na nasata drzava? Vie kazete mi primer bez lazenje, a jas potoa ke vi nabrojam primeri, kako dijasporata na Turcija, Grcija, Albanija,Hrvatska od naseto neposredno oprkuzuvanje i pomaga na svojata drzava. Zatoa sto takanarecenite patrioti od dijasporata, mnogu cesto se cukaat v gradi, a vsusnost 90% od niv neznaat vo kakva kasa se graganite na ovaa zemja. Ve molam demantiraj me!
Од: Tedi
Датум: 04.10.2008 01:26:02
Epa druze ako dobro primetuvas vo spisokot na ova drzavive megjunarodnite iminja se spored angliskiot izgovor, pa taka jas ke predlozam naseto ustavno ime da bide MAKEDONIJA,a megjunarodnoto MACEDONIA-ja primetuvas razlikata? Ete resenie na problemot.Ama ne e bas taka.Proziren si vo obidot da go pretstavis menuvanjeto na naseto megjunarodno ime kako nesto bezbolno i nevazno.Toa sto ti go kazuvas nema vrska so nasiov spor so grcija zosto grcija saka da ni dodade nekoja si odrednica sto ke ja smeni totalno angliskata varijanta na imeto(taa varijanta se upotrebuva kako megjunar.ime kaj ovie zemji).Znaci se raboti za razlicni raboti.
Од: Zarko
Датум: 04.10.2008 02:26:11
Zaboravivte vo listata da napisete: Macedonia - Makedonija. I tuka ima razlika, zarem ne?
Од: KL
Датум: 04.10.2008 02:28:27
Pa tekstov e "kako naracan" heheh no prasanje do Gospodinot Culev ete da receme deka ima vistina vo toa sto velite vo vasiot tekst megutoa ima eden mal problem a toa e deka site ovie drzavi dali se pod Nivnoto ustavno ime ili pak se vo megunarodna upotreba tie sami si go izbrale imeto a ne nekoj od strana im kazuval kako ke se vikaat...Nikoj na ovie narodi i nacii ne im negira sto se i koi se znaci vasiot tekst e izgleda maslo na SDSM........
Од: ivan_USA
Датум: 04.10.2008 02:30:18
Ne e tocno gospodine i vi molam da bidete korekten.Oznaki kako-Suomi,Norge,Crna Gora ...sa oznaki na RODNIOT jazik na ovi drzavi!Oznakite kako Finland,Norway,Montenegro sa megunarodni imena na ANGLISKI jazik.Da bidam i jas do kraj korekten-Na vlez u RM ke se cita MAKEDONIJA a za megunarodna oznaka ne mora da bide istoto.
Од: Branko
Датум: 04.10.2008 03:11:36
Od takvi"Eksperti"Kako gospodinot Culev Makedonija i strada.Gospodine Culev ako sakate da znaete na primer Crna Gora ili Monte Negro pa Crna Gora e na crnogorski jazik a Monte Negro e prevod na angliski Jazik ili za Albanija skiperija e na Albanski jazik i toa se samo prevodi a ne drugi iminja za Republika Makedonija prevod na angliski e Republic of Macedonia a ne severna ili kakva uste ne i dosta go zamajuvavte narodot ili i ova e uste eden vid na domasen pritisok da se smeni imeto,Sto Makedonci ste mi Vie????
Од: leshnik
Датум: 04.10.2008 04:51:39
Chule! Od tolku shto se brzashe da ni solish pamet, Crna Gora i Montenegro od opaku gi napisha na listata. A ako ja dopishish Makedonija na listata bi trebalo vaka da sledi: Megunarodno ime: Macedonia. Ustavno ime: Makedonija se razbira po nashiot jazik. Ne treba tolku referati pishuvajne. Izgleda ti do sega nemash svateno deka taka narecheniot 'problem' so imeto e jasen obid na grchishtava da ne zbrishat kako narod.
Од: dragan
Датум: 04.10.2008 06:03:06
sdsm go ima plateno ovoj tekst
Од: Dr Stojadin Naumovski
Датум: 04.10.2008 06:05:06
Amerika dolgo vreme ne narekuvase ednostavno Macedonia. Nie samite baravme priznavanje kako Republic of Macedonia. Za megjunarodna upotreba moze da bide ednostavno samo MACEDONIA. I taka site ne znaat kako Macedonia.
Од: Nikola
Датум: 04.10.2008 06:26:36
Mnogu naiven argument! Sto sakate da ni kazete? Izostana uste eden primer na edna evropska drzava koja e poznata so razlicni iminja - Makedonija. Na angliski e Macedonia, na francuski Macedoine, germanski Mazedonien itn. I sto? Dali Litvanija, Finska ili Spanija ima nekoja sosedna drzava koja go negira svojot identitet kako sto nasite sosedi pravat so nas? Treba toa aspekt da imate vo predvid pred da pocnete so argumenti za nekakvo glupavo i krajno katastrofalno opravduvanje za promena na naseto ime.
Од: Dej
Датум: 04.10.2008 07:28:08
Skoro site tie iminja se isti smo na drug jazik isto kako sto nie sme Makedonija na makedonski a Macedonia na angliski. A Holandija ne e Nederlands tuku Holland, sto e pak samo del od Nederlands. Nie pogresno ja narekuvame taa zemja Holadija koga nejzinoto ime e Nederlands(Nizozemska). Proverete na wikipedia i ke vidite deka Holland i Nederlands ne e isto. Ireland e isto so Eire Land(land = teritorija).Norway e isto so Norge, Slovakia so Slovensko, Crna =Negro, Gora = Monte, itn. Grcite sami se narekuvaat Heleni megutoa vo svetot se poznati po makedoskoto ime Greece sto doaga od Gorci( luge sto zivejat vo gora). Isto i Albanija sami se narekuvaat Shiptari a vo svetot se poznati po makedonskoto ime Albania (Al = crvena i bania = oblast ili banovina).
Од: od prijatel
Датум: 04.10.2008 07:58:45
mnogu vreva krenavte za ovoj npis na gospodinot culev,konstatacijata mu e apsolutno nameto.
Од: Stojan
Датум: 04.10.2008 09:26:29
Potpolno se soglasuvam so tekstot. Jas mislam deka VMRO taktizira bidejki saka sto poveke gragani poradi prodolzuvanje na ovaa losa situacija vo Makedonija sa zemaat bugarski pasosi i da se bugarizira naseto naselenie. Prasuvam sto mu e Aleksandar Protugerov (poznat bugarofil) na Martin Protuger (shef na kabinet na Gruevski)?
Од: Scandinavia
Датум: 04.10.2008 09:45:02
One love,one life,one name - Republic of Macdonia Do Igor_bt : Ti brat vrska nemas kolku nasite Makedonci vo stranstvo lobiraat za sopstvenata tatkovina,kolku tie gi pomagaat rodninite i prijatelite doma,pred se finansiski,kolku pari se vlevaat od dijasporata sto preku transakcii vo banki,sto gotovina,a za promoviranje na tatkovinata i da ne zboruvam.Toa ednostavno ti nemozaes da go razberes. REPUBLIC OF MACEDONIA-REPUBLIKA MAKEDONIJA
Од: citatel
Датум: 04.10.2008 10:25:50
Читајќи го текстот на господинот Чулев никаде не видов предавнички ноти за кои `патриотиве` дигнаа толкава галама. Потполно се согласувам дека името Македонија е тоа што е нашиот идентитет. А дали била Република, Кралство , Северна или нешто друго нема да ми го смени идентитетот. А до сите вие што мислите дека ако на крајот на коментарот напишете `да живее Македонија` ќе ви поверуваме дека сте најголеми патриоти сте се излажале. И убијците на Ѓорче Петров и на стотици други наши истакнати револуционери кога пукале во нив го извикале истото.
Од: Vladimir
Датум: 04.10.2008 10:31:20
Konecno nekoj da se osmeli da progovori razumno! Sekoja cest!
Од: makedonka vo srce
Датум: 04.10.2008 11:27:37
se slozuvam so glem broj od komentarite i ja poddrzuvam borbata za zacuvuvane na imeto samo kratko bi rekla na site koi mislat deka nie od stranstvo ne nie gajle nasata zemja i dekane doprinesuvame za nea jas bi ve prasala sto vie kako poedinci doprinesovte ili samo toa sto kukate a nekoj da vi rece da rabotite dupla smena toa za vas e mnogu trista komentari bea neodamna za cistotata i toa vi bese naporno da go napavite a jas ovdesniot narod go zapoznavam so kulturata i postoenjeto na mojata zemja so toa sto mu prezentiram na javni manifestacii nasa nosnja ,hrana ,muzika,obicai,i dr, toa ne go pravi nitu eden ambasador ae platen za toa jas go pravam od lubo kon zemjava .stoete i vie nesto
Од: Александар
Датум: 04.10.2008 11:37:43
Сакате да кажете дека не е страшно да додадеме „Северна“ на името Македонија? Јас да ви кажам нешто, ние се викаме Македонија, а светот не’ вика Macedonia. Значи тука е онаа горенаведена разлика во имињата на државите. Дијапазонот на разговори е проширен надвор од името на нашата земја т.ш. ДА треба и за тоа да се говори. Ве молам не го потценувајте својот народ со вакви школски записи.
Од: viktor
Датум: 04.10.2008 12:13:55
Treba i nie da zememe eden primer i da trgneme napred.Mnogu se pravat patrioti sedat vo dijasporata, ziveat dobro i se pravat patrioti.Akose tolku golemi patrioti sto ne se vratat ovde da ziveat .A pak tie sto ovde se pravat patriot site zedoa BG pasosi i go napravija najgolemoto predavstvo. Imeto da ne se menuva nie da stradame a tie so Bugarski,Italijanski,Svajcarski,Germanski,Avstriski i dr, pasososi ke ni predavaat Patriotizam.Zatrajte se ve molam!!!
Од: filip
Датум: 04.10.2008 12:20:26
ova jas bi go narekol dobar obid-ama sepak e neuspesen.pa kako e vi e sram da ja manipulirate javnosta,a zosto ne napisete deka i nie imame ime za megjunarodna upotreba koe dosega na nikoj ne mu smetalo, toa e MACEDONIA.pa ako spored vas toa e resenie predlozete da ne narekuvaat taka ,a ne da konstatirate deka ime so geografska odredenica bi bilo resenie za nas. i na krajot na kraistata jasno e deka nikoj vo taa evropa vo koja site se krstite,uvo ne go boli za nas, ideka seto ova to se slucuva e vo nivna rezija.kao demek ne poddrzuvale a uporno ni vikat prvo najdete resenie(smenete si go imeto) pa potoa ke si igrate so nas.toa za mene ne e prijatel.istata taa evropa sto ne ni dava ni edna posrana viza da izvadime,slepo gleda i go poddrzuva pobugarcuvanjeto na nasiot narod preku izdavanjeto na BG pasosi.zalno e.ve molam site-razmislete.
Од: Трпе
Датум: 04.10.2008 12:48:14
Најголемите патриоти во Македонија се овие кои избегале од родниот крај го изгубиле идентитетот и овие кои сеуште живеат овде а во задниот џеб го чуват резервниот пасош.Ако им загусти да му ја летнат.Од такви патриот до сега Македонија требало да има сопствена држава од пред повеке од стотина години.Со лага не се бидува ага и да се уништува сопствениот идентитет.Име не даваме нациналноста си ја продаваме.
Од: dimitar
Датум: 04.10.2008 13:29:02
Ова е болно, ова е навистина болно. Утрински треба да се затвори.
Од: Aleksandar
Датум: 04.10.2008 13:29:13
Ova sto e napisano od G-n Culev ne e mnogu daleku od toa sto najverojatno ke se sluci, iako nekoi od dadenite primeri se stvarno nepotrebni i smesni i ne e voopsto potrebno tolkavo objasnuvanje.
Од: kicevo
Датум: 04.10.2008 13:46:09
Го имате заборавено продолжението од референдумот. Дајте еднаш да видиме што губиме а што добиваме, да го избереме помалото зло, она што е најмалку штетно за нас Македонците. Да живее Македонија
Од: sladj
Датум: 04.10.2008 13:53:29
wow..kakvo prosvetluvanje so tekstov!! Germanija bila Dojcland. Ovie raboti gi znaeme, barem od gledanje Evrovizija..i, sto najde egzoticno vo iminjata?? Pa, poegzoticno od FYROM ima li?? Nie sme bivsa republika od zemja koja veke ne postoi, e toa e egzotika..nesto kako Atlantida. Tekstov e ziva utka i so pravo komentarive te dignaa na kloci, zasluzuvas!!
Од: mene
Датум: 04.10.2008 13:58:29
Francija dvapati go ima blokirano vlezot na UK vo Evropska unija tokmu poradi imeto. Francija, postara clenka vo CEE (Evropska ekonomska zaednica, prethodnicka na EU), stavila veto na Velika Bretanija (Great Britany) tokmu poradi imeto Britany (na angliski, a na francuski Bretagne) na nejzinata istoimena provincija. Zatoa, Velika Britanija oficijalno se preimenuva vo UK - Obedineto kralstvo. Cisto za informacija i za nadopolnuvanje na tekstot. Samo se zbori deka pritisokot na Atina e "BEZ PRESEDAN". Ne e - eve go faktot. Gi molam vzestenite VMROVCI da ne mislat deka im sugeriram nisto. Oni neka si sedat nadvor od EU. Pozdrav
Од: Nikola
Датум: 04.10.2008 15:07:11
Slovensko e Slovačka ne Slovenija. I site tie državi se bez istorija, nevažni kako Estonija ili Slovačka
Од: Goce od Shvedska
Датум: 04.10.2008 16:16:15
Trpe, jas i drugite makedonci i makedonki ne sme izbegale od Makedonija tuku nie sme izbrkani od tamu i sega ti i tie kako tebe sto se paraziti sakate da ve grstime so pari, e od kade i od koga taka?. Na parazit i dusata da mu ja dades toj pak ke kuka (place), uste, uste, uste............
Од: biljana
Датум: 04.10.2008 16:40:58
pochituvani Makedonci, Makedonija e edna od prvite drevni drzavi koja se spomenuva vo Biblijata i vo site zapisi od antichko vreme.Vo site istoriski arhivi vo svetot jasno e razgranicheno koj e koj(elada posebno Makedonija).Vekovno nekoj ne maltretiral i sme opstojuvale kako takvi i treba da opstoime kako Makedonci.Toa shto na svetot ne im se dopagja shto sme prvata demokratska i konfederativna drzava vo svetot(mislam za vremeto na Aleksandar) ne treba da ne zagrizuva toa e fakt.Najvazno e da gi pochituvame site borci koi gi dale zivotite za nas, site vostanija, ilindenci partizani i poslednava tk.narechena za chovekovi prava. Site tie bea so edna idea za nezavisna Makedonija.
Од: Gospod
Датум: 04.10.2008 20:34:41
Na kogo ne mu se dopadja imeto Republika Makedonija so medjunarodno ime Republic of Macedonia moze slobodno da tuzi vo sud. Elláda e ispod Egejska Makedonija. Greece e so okupiraniot del od Makedonija. Site dushmani koi seir gledaat i pishuvaat gluposti neka puknat od maka ili zavist ili ljubomora.
Од: Realist
Датум: 04.10.2008 21:14:29
Do ovie sto se "zapenija" ili se nepismeni da go sfatat tekstot> Avtorot veli :...но во секој случај се водело сметка „прекрстената“ земја да се согласи на таквото име" i "Секоја сличност на претходнонапишаното со актуелното грчко оспорување на името на Македонија, се разбира, е само случајна. Зашто светот не познава таков преседан на некоја држава да и' биде наметнато име кое таа не го прифаќа. Otkade togas tolku omraza koga verojatno i ne go docitavte dokraj ili red po red. Ako voopsto i znaete da citate

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Втора страница
Место со датум Брисел ќе не' награди со укинување на визите?
Војчех Јерузелски
Карикатура
Verbatim
Црвен картон од ЕУ