Број 3039  сабота, 18 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Австрија донираше 1,6 млн. евра за енергетска ефикасност

Австрија донираше неповратна финансиска помош од 1,61 милион евра за креирање средина за воведување енергетска ефикасност во градежниот сектор во Македонија. За таа цел вчера во Скопје беше потпишан договор за грант меѓу македонскиот министер за економија, Фатмир Бесими, и шефот на Канцеларијата за австриска техничка соработка, Хајнц Хабертоер.

Министерот Бесими потсети дека потрошувачката на електрична енергија во Македонија е речиси 3,7 пати повеќе по единица БДП во споредба со другите европски развиени земји. „Mоже многу да се направи за енергијата да се троши порационално, што ќе биде од голема корист, како од енергетски и финансиски аспект, така и во поглед на заштитата на животната средина“, изјави Бесими.

Хабертоер информираше дека донацијата е за поддршка на Македонската агенција за енергетика во нејзините напори за намалување на потрошувачката на енергијата во станбените и во јавните згради. „Оваа цел ќе се постигне преку создавањето законски рамковни услуги за енергетска ефикасност во зградите, кампањите за подигнување на свеста, студиските посети, тренинг и пилот-проектите“, изјави Хабертоер.

Во делот на грантот со финансиски средства од 110.000 евра учествува и Швајцарија, а за да се реализира целиот проект македонското Министерство за економија ќе учествува со 115.000 евра. На меѓународно ниво потрошувачката на енергија во станбените објекти, деловни и административни згради, во што спаѓаат енергијата за греење, климатизацијата, осветлувањето, топлата вода и вентилацијата изнесува 40 отсто од вкупната потрошувачка. (Макфакс)


Статијата е прочитана 199 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Кризата е причина што инспекторите им гледаат низ прсти на бизнисмените
„Ауди“ - стогодишна успешна сторија
Се очекува повисока откупна цена на тутунот
Владата ќе размисли за укинување на зелениот картон за транспортерите
Владата ќе го поништи тендерот „Вардарска Долина“
Презентиран системот за електронски формулари
Се подготвува трет ребаланс на буџетот
Годинава затворени над 19.000 фирми
Голдман Сакс извлече жива глава од кризата