Грчките хакери во бесмислен поход
Грчките хакери одлучија да го прослават 26 октомври, денот на прославата на св. Димитриј, светецот-заштитник на Солун, со „хакнување“ на 850 сајтови и оставање порака „Македонија е грчка“. На сајтовите од цел свет, кои се чини сосема случајно се избрани, хакерите додале дополнителен фолдер со свои текст, напишан на лош македонски и во него ја напаѓаат Македонија за крадење на историјата и на името од Грција. Од сите сајтови има само два македонски, останатите се од Бугарија, Турција, Кина, Шведска, сосема неповрзани со Македонија, како, на пример, страницата на Универзитетот на виетнамската воена болница или, пак, сајтови на кинески снабдувачи за лепила.
Хакерите порачуваат дека Албанците ќе ја преземат Македонија и оти дури тогаш нашата држава ќе бара помош од Грција.
Нејасно е која им е целта и кого очекувале да информираат преку овие сајтови. Изгледа станува збор за пресметка меѓу грчки хакери за тоа кој од нив има подобри способности. (М.П.) |