Декстер Ајзак
За убиство на Тупак Шакур му нуделе 1.600 евра
Затвореникот по име Декстер Ајзак, кој моментално е на доживотно издржување на казната, раскажал дека во 1994 година бил најмен да го убие раперот Тупак Шакур, но не му пошло од рака.
Американскиот рапер Тупак Шакур е убиен во 1996 година, кога врз него е извршен атентат, а неговиот убиец не е ��ткриен до денес. Меѓутоа, и претходно имало обиди да му се одземе животот, па извесниот Декстер Ајзак сега тврди дека бил најмен тогаш да го убие музичарот и за тоа добил 1.600 евра.
Ајзак, кој е на доживотна робија, исто така раскажал дека за ова злосторство го најмил хипхоп-менаџерот Џими Роузмунд. „Џими, со години молчев и ја криев твојата тајна, но бидејќи сите ми го свртеа грбот, сега веќе нема да молчам“, рекол бесниот Ајзак и додал дека Роузмунд му рекол оти кога ќе го убие Тупак, може од неговиот стан да го земе и да го задржи за себе сиот накит што ќе го најде.
|