Број 3272  понеделник, 03 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Втора страница

Поглед

Процентите на премиерот

Оливера Војновска

Премиерот Никола Груевски е горд поради тоа што бројот на матуранти што се запишале на факултет расте секоја година. Особено, откако во 2006 година тој и неговата ВМРО-ДПМНЕ дојдоа на власт. Оттогаш бележиме фасцинантен прогрес. Па така, ако во 2006 година на факултет се запишале само 42 отсто од матурантите, во 2007 година имаме 62 процента, во 2008 - 85 отсто, а во 2009 година рекордни 96,5 отсто. Владата ги охрабрува матурантите да продолжат со високото образование. Се отвораат нови универзитети, диспрезирани студии, факултети... Па, оваа година можеби ќе имаме 100-процентен упис на факултетите!

Дострелите во средното образование се уште поблескави. Дури 98 проценти од осмооделенците се запишале во средно училиште. Вистински бум се случува со користењето Интернет. Министерот Иво Ивановски со посебно задоволство ни соопшти дека според Интернет-пенетрацијата, земјата во 2009 година во светски рамки забележала напредок од осум позиции, од 57 на 49 место.

И тоа не е се'. Во Македонија имаме 98-процентна покриеност на катастарската евиденција. Паралелно со ваквиот галопирачки тренд, во Кататстарот се случува и еден друг популарен процес - паѓаат цените, и тоа од 10 до 72 отсто во зависност од катастарските услуги. Баш штета што на последната седница за прaтенички прашања и министерот за образование, Никола Тодоров не се пофали со некакво блескаво достигнување. Бесплатни учебници, лаптопи, спортски сали... За училиштата и тоалетите во нив, нема да говориме. Но, тоа е така во педантната евиденција на премиерот. Реалноста не се совпаѓа со процентите во неговиот тефтер. Такви проценти, кои потсетуваат на „фасцинатните дострели“ во Албанија од времето на Енвер Хоџа, има само уште кај нас. Ние сме нели, лидери во реформите!


#
Статијата е прочитана 2688 пати.

Испрати коментар

Од: Жарко Арнаудовски
Датум: 03.05.2010 02:27:01
Замислете кој утре ќе сака да биде бербер,фризер,механичар.Сите средношколци се запишуваат на факултет.Денес тешко е да правиш муабет со некој.Сите се си знаат.Па нели сите студираат!!!
Од: Procenti?
Датум: 03.05.2010 06:28:41
E taka e toa, so "procentite" od negoviot tefter i ovoj premier na RM od DPMNE eden den ke ni kaze deka e bogat kolku eden prosecen biznismen.
Од: Vangel
Датум: 03.05.2010 06:34:33
Ubavo e so kritika na premierot, vlasta i.t.n. Uste poubavo ce bide ako stavite i komparacija so opozicijata i nivniot lider vo istiot tekst. Ama da bide realno, ne naduen kako na primer ovoj tekst Olivera.
Од: Миланчо
Датум: 03.05.2010 07:15:39
Надминете се еднаш и место празни напади на владата кажете еден убав збор за нешто позитивно во нашата татковина.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 03.05.2010 08:17:24
Добра вие паралелата помеѓу осмоделенците,матурантите со катастарот.Ме подсеќа на легендарниот београдски виц да,,кога паднала тролата на тролејбусот отогаш буба-мара нејаде пире кромпир,,.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 03.05.2010 08:56:44
На портоколадните проценти од „нашите“успеси, но и на народната „љубов“изразена во проценти, може да им позавиди и Енвер Хоџа, но исклучиво во друштво со А.Бајрам!
Од: v.lence
Датум: 03.05.2010 09:12:00
vreme e premierot da po;ne so barewe(sozdavawe) na rabotni mesta za zavr[enite visikoobrazovni kadri, a ne samo da gi zapi[uva
Од: јас
Датум: 03.05.2010 11:07:38
Само проценти и бројки кои му одговараат на овчарот !!! А кај се другите бројки и проценти , КОИ ВИСТИНСКИ ЈА ОТСЛИКУВААТ сиромаштијата во Македонија , невработеноста , поставувањето на глупи споменици на секој чекор , а болните немаат лекови и храна по болниците ..За тие бројки овчарот и бичикон ќе кажат дека Бранко е крив , иако веќе 4 години се на власт...А портокаловава маса паѓа во екстаза кога ги слуша бројките за „достигнивањата “ на оваа блада ...
Од: Трпе
Датум: 03.05.2010 12:09:17
Многу убаво се гледа дека не прават разлика помеѓу квалитет и квантитет.А математиката за нив е недостижна наука.Слушам дека,на факултет ке запишуват и пензионери до седумдесетгодишна возраст.Тие ке биле ослободени од партиципација и ке добивале бесплатна литература.Важно е нешто да се остварува,нека пукнат овие кои не мислат како нив.Остваруваааат..(рушат се пред себе за инает поради тоа што е позади нив.)Прости им боже,не знат што прават,уште се мали.
Од: maturant
Датум: 03.05.2010 13:15:02
Otvaranjeto na fakulteti vo sekoe selo e cista populisticka metoda. Koga zboruvame za visokoto obrazovanie, pred se treba da se ima predvid kvalitetot.Predavanja se drzat vo kino sali, ispitite se polagaat kako da si na kviz natprevar. Seto toa da go zaboravime. ostanuva sustinskoto prasanje. KADE KE SE VRABOTIME PO DIPLOMIRANJETO!!Ili togas DPMNE ke bide vo opozicija i ke kritikuva deka visokostrucniot kadar novata vlast na Obedineti za Makedonija ili SDSM, nesaka da gi vraboti. A KADE koga sitye firmi propagjaat.
Од: kole
Датум: 03.05.2010 13:35:28
Најмалку верувам во процентите на Грујо и компанија.... исто така најголема глупост е дека посадиле 7,5 милиони дрвца во еден ден...... ама овој народ нека верува, а тука е и Тања Бумбарката која одлично си ја извршува работата..............Che miseria... би рекле Италијаните на ова кај нас.....

Најди! во Утрински
Втора страница
Карикатура
Вербатим
Македонија подготви одговор за Софија
Бугарија не треба „дополнително“ да ги признава Македонците