Огнен Неделковски
текстописец
Деновиве сум во Охрид, а денешниов ден, како и сите до недела, ќе ми помине во знакот на одржувањето на фестивалот „Охрид фест - Охридски трубадури“. Во 11 часот имаме прес-конференција, а веќе во 12 часот е генералната проба. Малку подоцна следуваат последните подготовки и, се разбира, почеток на фолк-вечерта на фестивалот.
Ирена Спасовска
пејачка
Денес станувам рано и веднаш започнувам со подготовките, односно со шминката, за вечерашниот настап на „Охрид фест“. Попладне тргнувам на пат за Охрид, каде што ме очекуваат стандардните обврски пред настапот, а вечерта се надевам дека ќе биде зачинета со многу забава и, се разбира, со дружење.
Никола Перевски-Пере
музичар
Веднаш по првото утринско кафе заминувам во студио, каде што заедно со Ѓоко Таневски работам на неговиот нов албум. Попладнето ми зависи од квалитетот на она што ќе го сработиме, па затоа немам ништо испланирано, додека, пак, вечерта се надевам дека ќе ја поминам во некое од скопските кафулиња каде што ќе се релаксирам. |