Бидејќи по ваше мислење се' се одвива бавно, нервозни сте. Проблемот може да исчезне ако напнатоста ја чувате во себе. Некој ви се допаѓа, а околностите не ви дозволуваат да бидете заедно. Внимавајте, сета оваа состојба може лошо да влијае на здравјето.
Бик
Бидејќи кај вас се евидентни грешки од емотивна природа проследени со материјални промашувања, се советува трпеливост и изолација. Почнете да размислувате за патување кое ќе стане повеќе од реално. Можни се несериозни проблеми со срцето.
Близнаци
Кога барем половина од она што сте го испланирале ќе се исполни, нема да ви биде лошо. Евидентна е слабост на организмот и невозможност да и' погледнете в очи на вистината. Се наоѓате во ситуација кога постојано нешто мора да одложувате, потрудете се се' да ставите на свое место.
Рак
Успешно функционирате кога станува збор за работата, а не за љубовта. Тие две работи веќе долго време не одат рака под рака. Не грижете се и насочете се кон она во што моментално имате повеќе среќа. Очекувајте подарок од блиско лице.
Лав
Планирате, сонувате, зборувате, за жал, не преземате ништо конкретно. Причината за инертност лежи во моменталната слабост. Наклонетоста кон вирусни инфекции е зголемена. Малку превентива не е на штета. Насочете се кон мистични теми.
Девица
Болеста ве спречи да решите некои планови. Мора повеќе внимание да им посветите на здравјето и правилната исхрана. Евидентни се професионални проблеми, немојте да се грижите - се' ќе дојде на свое место. Бидете оптимисти и полесно ќе ја пребродите кризата.
Терезија
Имате премногу убаво мислење за себе и за своите способности, но прашање е колку сте реални во процената. бидете скромни со желбите, но и со активностите. Се трудите повеќе слободно време да поминувате во кругот на семејството.
Скорпија
Искористете го поволниот момент на најдобар можен начин. Ќе остварите се' што сте замислиле, дури и повеќе од тоа. Одеднаш исчезна кризата која ве следеше долго време. Заслуживте да уживате во сите аспекти од животот.
Стрелец
Ќе правите многу грешки, доколку сакате да постигнете успех, занимавајте се со уметност. Доколку се едуцирате и уживате во убави работи, ќе бидете задоволни. Здравствената состојба ви е одлична.
Јарец
Мрзливоста е ваша главна карактеристика. Бидејќи очекувате вести од странство или планирате патување, ќе успеете да го ублажите незадоволството. Она од што потсвесно се плашите е дека ќе ве напушти среќата, но само олабавете се и уживајте.
Водолија
Игнорирајте ги непријатностите кои можат да ве исфрлат од колосек. Очекувате само убави случувања, ставете им го тоа на знаење на злонамерните. Кога би можеле секогаш да функционирате вака, би било одлично.
Риби
Се појавија емотивни проблеми. Оние што ви значат не можат да бидат со вас, но не очајувајте. Разговарајте со некого од семејството доколку имате проблеми. Проверете ја крвната слика, внимавајте на исхраната и пороците.
Соопштение Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.