Што прават денеска
Жанина Петрова
офталмолог
Денешниот ден го минувам во очната болница „Визија“ - наутро имам две операции, а попладне продолжувам со работата со пациентите. Доцна попладне доаѓам дома и целосно им се посветувам на Здравко и Емили. Бидејќи наближува септември, правиме договори околу приборот, чантите и се врзано за на училиште.
Искра Мишиќ
преведувачка
Вчера се вративме од Охрид, а денешниот ден ми е резервиран за регистрација на возилото и вадење зелен картон, затоа што допрва викендов ќе одиме на море и тоа фаќаме малку џенем - до Сицилија. Треба и да резервираме траект за Италија само уште му се мислиме од каде да го фатиме, така што ќе ми се случува - сладок метеж.
Вероника Чадловска
козметичарка
По убавиот одмор, како што велат, со нови сили тргнувам во нови победи. По утринските ритуали, од 10 до 17 часот сум на работа. Денот ќе го минам во пријатни средби, муабети врзани за тоа кој, каде и како си поминал на летниот одмор, се загреваме за септемвриска сезона зашто повеќето жени овој период максимално се посветуваат на нега на лицето. |