|
Хороскоп
Овен
Конечно можете да земете воздух. Грижите и проблемите се зад вас. Свесни сте дека повторно владеете со ситуацијата на сите полиња. Сето тоа ќе ве држи додека сте расположени, а потоа повторно нервоза и нетолерантност.
Бик
Размислувате неповрзано и сосема сте на погрешен пат. Сакале или не, мора да се приспособите на новите животни услови. Многу Бикови тргнуваат напред, но, за жал, има и такви кои доживуваат пораз. Забавете го ритамот и насочете се кон љубовта.
Близнаци
Вашата емотивна врска од ден на ден е се' понесигурна, а тоа ве прави нетрпеливи. Сакате да знаете на што сте, па по секоја цена партнерот го ставате пред свршен чин. Постојат многу нејасни работи во вашиот заемен однос, разјаснете ги побрзо.
Рак
Мора да бидете практични и реални. Потрудете се несогласувањата отстрана да не ги ставате на срце. Ако сакате да ви биде полесно, расправајте се. Потрудете се да разговарате со партнерот ако сакате да бидете начисто.
Лав
Задоволни сте со постигнатите резултати. Успехот ве стимулира да почнете да ја планирате иднината. На сугестивен начин ја убедувате околината во своите идеи. Никој нема да остане имун на вашите квалитети, а тоа ве излудува.
Девица
Пред вас е успешен ден под услов да се насочите на нови работни потфати. Не пропуштајте ги можностите, особено кога станува збор за нови договори. Наоѓате време за се' што сакате, па и за рекреација. Партнерот се чувствува запоставено, одведете го некаде.
Терезија
Правите се' за да ги нагласите своите естетски особини. Многумина од вас се наклонети кон уметноста, во што и ќе успеат. Се' што сте замислиле ќе ви се исполни и ќе бидете задоволни. Игнорирајте ги оние што не ве почитуваат.
Скорпија
За се' што ве окупира сакате да имате одврзани раце. Ви пречат надворешните влијанија. Копнеете по помош од некој близок. Замолете ја околината да ве остави на мира. Нервозата е зголемена, но излезот од тунелот е на повидок.
Стрелец
Соработниците ги минираат вашите идеи, но тоа нема да ви пречи да ги исполните. Ненаметливи сте, но упорни, затоа успехот ќе биде на ваша страна. Потрудете се добро да се одморите, трудот не вреди толку.
Јарец
Доколку се зафатите со решавањето на професионалните проблеми, ќе бидете повеќе од успешни. Самоуверени сте, а тоа ќе ви ја попречува комуникацијата. Бидете внимателни, можете да изгубите нешто многу важно.
Водолија
Од некого многу сте очекувале. Ситуацијата се искристализира, па јасно е дека сте се прецениле и себеси и другите. Потребата за љубов е изразена, но поради вашата срамежливост, никој не го забележува тоа. Тргнете во акција.
Риби
По којзнае кој пат пријателите ги ставате на свое место. Доколку ви се постави прашањето кој колку дава за врската да опстане - свртете му грб. Тоа е симптом дека партнерско-пријателскиот однос е нестабилен.
|
#
|
|
|