Овен
Успешно ќе ги усогласите зборовите и делата, така што успешно ќе функционирате. Искористете го овој момент, бидејќи не се случува често. Ја стивнувате страста спрема партнерот поради желбата да го држите во неизвесност. Опасноста, сепак, постои бидејќи јазикот ви е побрз од паметот, па можете пред партнерот да испуштите и да ги откриете вашите тајни адути и планови.
Бик
Мора да ги анализирате туѓите проблеми и да изведувате заклучоци доколку сакате да им помогнете на пријателите. Наредните неколку дена ќе се однесувате таинствено и доверливо, бидејќи околината ќе го бара тоа. Зголемете си ја самодовербата. Наскоро ќе ви биде потребна затоа што ве очекуваат значајни случувања.
Близнаци
Нешто ќе прославувате. Бидете самокритични, бидејќи сериозно почнавте да им делите совети на другите. Чувајте се од скандалите од конкуренцијата која прави се' за да ве омаловажи. Подготвено дочекајте ги случувањата. Доколку сакате намира да уживате во настаните што треба да се случат, ставете ја препотентноста под контрола.
Рак
Наредните дена обрнете внимание на конкретните факти. Искористете го периодот на поволност во однос на организаторските способности на најдобар начин. Образованието ќе ви помогне да напредувате во кариерата, но од помош ќе ви биде и некој од соработниците кој има добро мислење за вас и за вашата работа.
Лав
Очекувајте успех доколку се занимавате со пропаганда и маркетинг. Интуицијата искористете ја максимално кога е во прашање нова работа. Мора доследно да стоите зад вашите зборови. Партнерот се подготвува пријатно да ве изненади. Многу Лавови, особено оние кои сфаќаат дека врската им годи, планираат венчавка.
Девица
Обидете се со својот авторитет да постигнете нешто што не сте во состојба да го постигнете со убав збор. Што можете друго да направите освен да викнете за околината да го сработи својот дел. Нека не ве зачуди што ќе се интересирате за култни теми, како ни успехот што ќе го имате во трговијата со недвижен имот и во банкарството.
Терезија
Мора да решавате сериозни деловни задачи доколку сакате да успеете. Потпрете се на сопствените сили, бидејќи соработниците можат само да ви отежнат во работата. Најпосле ги средувате партнерско-брачните односи. Сфатете дека мора да бидете лукави доколку сакате да биде по ваше. Партнерот е опиен од вас, па ќе направи се' за да ја докаже својата приврзаност.
Скорпија
Сфаќате дека треба да се насочите кон она од што се живее. Вредно работите, го гледате својот дел од работата, се грижите за егзистенцијата и се обидувате на најдобар начин да го решите долгорочниот проблем. Само со мудри потези ќе успеете. Убаво изгледате и се чувствувате, па што ви треба повеќе?
Стрелец
Пред вас се денови исполнети со задоволство и љубов. Уживате. Радост ви причинува саканото лице, кое ве поттикнува на креативност и ве инспирира за работата што моментално ве ангажира. Ќе имате успех на берзата и на игрите на среќа. Поделете го доброто расположение со саканото лице.
Јарец
Една од причините за напнатост е премореноста. Презедовте премногу обврски, па не е ни чудно што тешко ви оди. Срамежливоста е изразена, пред се', во емотивниот живот. Не сакате во односите со лицата од спротивниот пол да бидете директни, а притоа мислите дека партнерот умее да ви ги прочита мислите, но се лажете.
Водолија
Успешниот период и понатаму ќе продолжи. На изненадување на околината, ќе ја надминете кризата. Ви се нуди нова работа и добра заработка. Прифатете, па дури и да сте повозрасни. Водолиите со стареењето стануваат пошармантни и необични. Насочени сте кон истражувачката работа.
Риби
Што се однесува до парите, одите од крајност во крајност: или претерано штедите или претерано трошите. Ќе постигнете успех доколку се занимавате со трговија, економија или издаваштво. Една избрзана одлука ќе биде и повеќе од корисна. Љубоморни сте на успехот на околината, но успевате да ја скриете. |