Сафет Бишевац
уредник во ТВ А1
Денеска ми е последен работен ден пред заминување на годишен одмор, па се надевам дека ќе си го одработам без многу стресови. И од утре, заминувам за Охрид, на заслужен одмор, со оглед на интензивно - работниот период зад мене.
Петар Нечовски
пејач
Денеска голем дел од денот ќе минам во Вевчани, на дружење со иселениците од Австралија, дојдени на одмор. Некаде пред вечерта се враќам во Охрид, каде што веќе имам договорено настап во ресторанот „Билјанини Извори“.
Никола Перевски - Пере
музичар во „Нокаут“
Се надевам и верувам дека пред мене е многу убав ден. Претпладнето е работно, но попладнето ми е наменето и целосно слободно за семејството. Веќе полека почнуваме да се подготвуваме за одмор, прво во Отешево, а потоа во Дубровник. |