Број 2850  сабота, 29 ноември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Втора страница

Укинувањето на визите за Македонија е остварлива цел

Мешовитиот парламентарен комитет меѓу ЕУ и Македонија очекува да се исполни заложбата за безвизен режим

Оливера Војновска

Укинувањето на визите наредната година може да стане реалност за македонските граѓани. Вакви се надежите на членовите на Мешовитиот парламентарен комитет меѓу ЕУ и Македонија, кој два дена заседаваше во Скопје. Во заклучоците од состанокот на Комитетот се поздравува почнувањето на дијалогот за визна либерализација со надеж дека членките на ЕУ ќе ја исполнат заложбата за воспоставување безвизен режим во 2009 година.

Пратеникот во Европскиот парламент, Евгениј Кирилов, по завршувањето на состанокот изјави дека укинувањето на визниот режим е остварливо и можно и оти Македонија е лидер во однос на ова прашање пред останатите балкански земји. „Можно е да се укине визниот режим до крајот на 2009 година доколку се направат уште неколку работи“, рече тој. Одговарајќи на новинарско прашање, Кирилов појасни дека Македонија треба целосно да го заврши процесот на демаркација на границата со Косово, да профункционира интегрираниот систем за гранично управување. „Кај пасошите имате добар напредок и сосема е реално дека во наредните месеци ќе го имате капацитетот“, рече Кирилов.

Копретседавачот на Комитетот, пратеникот Александар Спасеновски, соопшти: „Членовите на ова тело се согласија процесот на укинување на визите да заврши што поскоро и сметаме дека 2009 година е вистинскиот период. Се надевам дека надлежните институции, какви што се Советот на ЕУ многу повеќе, а многу помалку ЕК, ќе го остварат ветувањето“

Вториот претседавач Антониос Тракателис, прашан дали Грција ќе ја почитува одлуката за укинување на визите доколку биде донесена, рече: „Грчката амбасада во Скопје издава 100.000 визи годишно, Канцеларијата во Битола издава уште 30.000. Тоа е многу повеќе отколку другите земји на ЕУ“. Во врска со спорот со името Тракателис рече дека ова прашање не било вклучено во агендата на Мешовитиот комитет, но не ја исклучи можноста да се случи тоа во иднина.

Членот на Мешовитиот парламентарен комитет, Сеп Кустачер, рече дека пред да дојдат во Македонија го наметнал прашањето за името како ирационална препрека на патот кон евроинтеграциите. „Го иницирав прашањето зашто сум уверен дека тоа е препрека во рамките на еден вообичаен тип преговори за различни типови прашања што би требало да го олеснат патот за членство во ЕУ. Јасно е дека мора да го расчистиме патот колку што е можно побрзо. Ова е мошне деликатно прашање, затоа што името не е само симбол. Името е нешто повеќе, тоа е тесно поврзано со идентитетот. Оттука е мошне, мошне тешко кога некоја друга држава бара да си го смениш името“, рече Кустачер.


Статијата е прочитана 924 пати.

Испрати коментар

Од: dejan
Датум: 29.11.2008 00:01:13
pretpostavuvam deka vladata ke veti bezvizen rezim kon sredinata ili krajot na 2009 godina,za da moze da gi iskoristi glasovite na lugite kojshto veruvaat na ovaa laga za izborite vo mart 2009 godina.
Од: Albanec
Датум: 29.11.2008 05:15:23
Evropa da se srami za vizniot rezim sto go ima prema nasata zemja, imajki predvid deka sme zemja kandidat.
Од: ljupco,bitola
Датум: 29.11.2008 09:04:53
И одењето на македонска делегација на месечина е остварлива цел,само не во овој век. Јас повеќе ништо не им верувам на овие какавани од ЕУ.Чим отворат уста,нешто ќе излажат.Скоро секојдневно гледаме како не тапкаат по рамо,а кога ќе дојде некое конкретно гласање за Македонија,сите освен Словенија,ќе ги снема со подвиткана опашка.
Од: I.
Датум: 29.11.2008 09:10:21
Za site kje bide perfektno da gi ukinat vizite!! Onie koi "razmisluvaat" kje izbegaat vo stranstvo spasuvajkji si go shtrumfot, a na vladata kje i ostanat vernite glasaci vo zemjava. Idealno, ushte da ja ubedime EU deka nema da e taka.
Од: Zan
Датум: 29.11.2008 10:23:12
Da vi kazam so dusa go cekame ovaj bezvizen rezim i jas so moite drugari da e zbrisime od Makedonija zasto samo vizata ni e problem mu posakuvam uspeh na nasite pregovaraci
Од: Sofre
Датум: 29.11.2008 10:24:40
Sosema e necesno nekoj (bilo koj) od Makedonija da ja spomnuva viznata liberalizacija vo kontekst na Vladata i dobivanje poeni pred izborite. Seto ona sto bese pobarano od Vladata od strana na EU, e ostvareno. Makedonija zasluzuva da dobie bezvizen rezim so EU i denes, bidejki napravivme mnogu poveke od bilo koj vo regionot. Na krajot od kraistata i onie koi pisuvaat deka Vladata ke go iskoristi bezvizniot rezim za svoja polza vo tekot na izborite 2009, treba pred se da imaat predvid deka i tie ke uzivaat vo moznostite na takvoto bezvizno patuvanje. Neka EU ni dade bezvizen (zasluzen) rezim i na denot na samite izbori, za site nas ke bide dobredojdeno.
Од: iko
Датум: 29.11.2008 14:16:33
Prasanjeto za vizi ima dva aspekta - tehnicki i politicki. Tehnickiot (za koja vladata veli deka e kompletiran i deka site raboti se zavrseni) e polesniot. So volja i pari (dadeni od EU) relativno lesno e da se implementira se. Megjutoa politickiot (t.e. da se aktivira diplomatijata da se izdejstvuva politicka podrska od sekoja od zemjite clenki na EU - ili barem od najgolemite) e sosema zanemaren. A isto i toa e odgovornost na vladata. So partiziranite kadri vo MNR i nedostatok na profesionalnost i vizija toj politicki aspekt na viznata liberalizacija tesko deka ke go ispolnime. Ako imame sreka, ke i dadat liberallizacija na srbija, a mozebi i nas ke ne vmetnat vo toj paket. Inace samo nas nikogas nema da ni dadat vizna liberalizacija.
Од: aleksandar od strumica
Датум: 29.11.2008 17:05:18
Toa e dobro ama jas ne veruvam na ev. unia zosto mnogu lagi isturija po makedonskiot narod ne lazeja ne pustea samo koga imat potreba ni vetuvat brda i dolini, za vreme na bombardiranjeto na srbija kosovskata kriza i red drugi raboti .koga ke si ja ostvarat celta togas ne gledat od drug agol i ni postavuvat uslovi deka sme uste zreani da vlezeme vo uniata toa e absurt i ponizuvacki za nas makedoncite .
Од: someone
Датум: 29.11.2008 23:50:59
Taka e Iko...Samo nekako ovaa vlada mnogu mnogu ne se druzi zo strancive...Nikoj niti ide niti go vika Grujo...Taa liberalizacija treba da ja dade Evropa i zatoa treba da gradime dobri odnosi so niv. Gledam postojano nekoi omentiraat so pogrdni zborovi za Evropa...pa ne moze taka, koj te saka...
Од: elisaveta
Датум: 30.11.2008 15:45:37
sto se pravite glupavi be komentatori pa ubavo ni kazaa da ispolnime covekovi prava videte bolnit,siromasi,invalidi,ocaj toa li e ev ciganite vo ram site vozat mercedes duri i riom i bug se amerika za nas...a azilnite centri kade ni se?

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Втора страница
Романија ве чека во европското семејство
Verbatim
Наместени прашања