Работите тргнаа на подобро. Се наоѓате пред неочекувани случувања кои ветуваат промени. Бидејќи сте наклонети кон избрзани акции, постои опасност од повреди. Затоа се советува внимание кога станува збор за физичките активности.
Бик
Можни се проблеми од нервна природа. Потрудете се да го зачувате здравјето. Насочете се кон вистинските луѓе и случувања, бидејќи само така ќе успеете да се чувствувате убаво. Ќе бидете задоволни и горди на себеси.
Близнаци
Чувствителни сте на провокациите од колегите. Не дозволувајте им да ве изнервираат, правете се како ништо да не слушате. Насочете се кон јакнење на здравјето, бидејќи наклонетоста кон вируси и настинки е зголемена.
Рак
Некои работи се поставија на вистинското место. Насочете се кон работата и потрудете се да постигнете успех. Во спротивно, нервозите и раправиите може лошо да влијаат на вашето здравје.
Лав
Желбата за се' да биде како што сакате моментално е зголемена. Поведете сметка да не претерате, бидејќи оваа особина може многу лошо да влијае врз соработниците. Скромни сте, партнерот ја обожава оваа ваша особина.
Девица
Се' уште сте во фаза за правење нереални планови. Бидејќи на материјален план работите не се одвиваат онака како што сакате, не разочарувајте се. Наклонетоста кон настинки е зголемена. Се советува внимание на сите полиња.
Терезија
Се соочувате со работи кои ги запоставивте. Тие се однесуваат на партнерот и на семејството, избегнувајте расправии со нив. Бидете толерантни. Пред вас е нов предизвик, мора брзо да реагирате и се' ќе биде в ред.
Скорпија
Не можете да се пожалите на професионалниот успех. Работите држете ги под контрола и се' ќе биде в ред. На соработниците им пречи вашата желба за доминација. Потрудете се да се смените. Се' уште сте во фаза на професионална експанзија.
Стрелец
Во фаза сте на стекнување признанија и воспоставување успешни контакти. Со партнерот и околината моментално сте во хармонични односи. За чудо, усогласени сте и со себеси. Но, до кога ќе ве држи тоа, никој не знае.
Јарец
Се наоѓате во расчекор меѓу желбите и можностите. Моменталната ситуација не ветува многу, но ве очекуваат убави случувања кои можат да ви ги решат сите проблеми. Бидете оптимисти и околината ќе ве обожава. Внимавајте на исхраната.
Водолија
Иако планиравте некои обврски, мора да се откажете од нив. Причината лежи во слабоста на организмот. Посветете повеќе внимание на зајакнување на имунитетот. Доколку состојбата не се подобри, посетете лекар.
Риби
Работата бара концентрација. Барем така ќе престанете да мислите на своите неуспеси и на релативно слабото здравје. Доколку не успеете да се усогласите со колегите, повлечете се и дејствувајте сами. Не влегувајте во конфликти.