Бидејќи сум на одмор, денот ќе го искористам за да прочитам некоја добра книга и да се одморам. Во меѓувреме правам планови, сакам да отпатувам некаде на планина, каде што се надевам дека добро ќе се релаксирам. Вечерта ми е резервирана за дружење со пријателите.
Анкица Стојановска радио и ТВ-новинар
Денот ми започнува рано - во 8 ч. треба да бидам во Скај радио, каде што ја водам утринската емисија. Штом ќе завршам, заминувам во болница, бидејќи денеска добив внук! По завршувањето на уште некои тековни обврски почнувам со подготовките за забавата со мекици што ја организира брат ми.
Александар Билјановски-Дадар стилист
Денот ќе ми помине без посериозни обврски. Попладнето имам фотосесија за „Автомагазин“, каде што со мојот автомобил треба да се најдам на неговите страници, а потоа заминувам во студио „Сикрет“. Вечерта имам состаноци кои се поврзани со мојата нова емисија што ќе се емитува на А1 телевизија.