Број 3466  сабота, 25 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter
Втора страница

Поглед

Сите за амбасадори

Тамара Грнчароска

По Веле Трпески и Горан Тасковски, секој во Македонија може да стане амбасадор. Ако тоа им успеа на еден 28-годишен практикант од Собранието и на еден директор на пошта, тогаш зошто не и секому. Амбасадорските места што можат да бидат пополнети со истакнати личности од културата, академскиот свет и слично, најверојатно, со дискреционо право на власта ги опфати и „сите подобни партиски кадри“.

Просто е неверојатно кој од тие „подобни кадри“ ќе не' претставуваат во светот. На пример, тоа ќе биде Тасковски во Турција, кој во експозето за својата амбасадорска работа подвлече дека тоа што тој бил од Битола му било предност за успех во функцијата!? Ако ја следиме неговата логика, од каде тогаш мора да биде идниот амбасадор за Вашингтон или амбасадорот што ќе го испратиме во Њу Делхи? Но, не не' вадат од памет само неискуството, ајде да не речеме неукоста, и детскиот восхит на новопечените амбасадори од функцијата што ја добиле, туку уште повеќе одлуката на власта токму нив да ги избере за амбасадори. Што останува за вториот и за третиот ешалон дипломати? Свесни ли се тие за сериозноста на позицијата амбасадор - лицето на нашата држава во странска земја? По се' изгледа, не.

Според она што го презентираа Трпески, особено Тасковски со дескрипцијата на своето патување во Турција и поминувањето на граница со пасош, без двоумење, амбасадори можат да станат, на пример, сите новинари. Тие знаат да сурфаат на Интернет и да вадат податоци. Поголем дел од нив најмалку десетина пати минале граница со пасош и не паднале во несвест, во Турција престојувале повеќепати и виделе колку голем град е Истанбул, а знаат и каде се наоѓа македонската амбасада во Анкара. Единствен минус на некои од нив ќе им биде тоа што не се од Битола. Но, добро, па не можеме сите да бидеме амбасадори во Турција.


#
Статијата е прочитана 1715 пати.

Испрати коментар

Од: Tocno!
Датум: 25.12.2010 12:23:44
Tocna e konstatacijata na novinarkata na UV deka prakticno sekoj moze da bide ambasador vo vakva diplomatija kakva sto e makedonskata! Ambasadite nemaat vlijanie na kreiranjeto na nadvoresnata politika, bidejki toa go pravi samo eden covek vo drzavata, a nikoj drug, pa ni ambasadorite, ne znae koi se negovite stavovi! Ona sto sega go pravat ambasadorite/ambasadite e da gi precekuvaat i ispracaat makedonskite delegacii koga odat vo poseti na stranski zemji, a toa moze da go pravat i postari i ugostiteli i berberi i telefonisti......
Од: zoran
Датум: 25.12.2010 13:20:57
vo seto ova dobro e sto sekoj moze da bide ambasador,makedonija zemja na ambasadori,bravo premiercic koja ke bide tvojata sledna glupost
Од: ne e bitno
Датум: 25.12.2010 13:56:44
Sto ne kazavte deka se bara ambasador za Turcija? jas imam raboteno vo 4 zemji, zboruvam 4 jazici, imam iskustvo od 10+ god., postar sum od ovoj za nekoja godina, imam preku 250 pecati vo pasosot, a ne sum bil vo Turcija! niti znam turski. Ke zemev i VMRO kniska ne e toa problem, vazno ke go videv i Istanbul i ke naucev i turski! :)) Daj kazuvajte vakvi raboti so vreme da znaeme :)
Од: крт
Датум: 25.12.2010 14:04:41
КОга веќе секој може да биде амбасадор се пријавувам и јас да бидам представник на нашата земја.За да и олеснам на владата се пријавувам да бидам амбасадор во Шпанија. Зошто- ако се прашувате.Па еве.Шпански појма немам, гледам шпански серии, навивам за Реал, знам дека граничи со Аргентина (па и таму говорат шпански).Единствена мана ми е тоа што не сум член на ДПМНР (демократска партија за македонско национално разнебитување).
Од: jas
Датум: 25.12.2010 14:04:51
Analiticno novinarstvo, sto bese toa? Ako otcenuvate koj se' (ne)mozi da bide ambasador, stavete go vo kontekst na toa, koj se' e pretsedatel na vlada kaj nas sega i vo izminatiot period, koj se' e i bil minister i se' taka za site birani od narodot...Vaka, vasevo pisuvanje lici na toa na primer, da pisuvate deka od edna cesma doma vi istekuva valkana voda a imate pet cesmi i od site istekuva, valkana voda! Mora sekoe kritikuvanje na pojava da se smesti vo kontekst na celinata, pa neka bide toa so edna do dve recenici kazano. Znaci, zaklucok: mnogu raboti ne se vo red, pa i novinarstvoto.
Од: tulko drdeski,tetovo
Датум: 25.12.2010 14:11:00
Vakvite odluki na "vladata" voopsto ne se slucajni tie imaat za cel da go prikazat nivoto na ova drzavice.Samo e prasanje na vreme koga ke ponudat uste ponesoodvetni resenija.Zaklucokot e neminoven NE SME SPOSBNI DA IMAME DRZAVA i zatoa ke ja nema .
Од: шашардисан
Датум: 25.12.2010 14:45:59
Рака на срце, ни претходниот избор на амбасадор на РМ во Р. Турција не беше богзнае каков избор -единствената предност беше возраста и ништо друго. Затоа, покроце, сите партии прават исти утки.
Од: Askolsun! Tamam ambasador!
Датум: 25.12.2010 15:59:54
Askolsun za izborot. na ambasador vo Turcija. Covekoot ubavo si raskaza kako nekoj patepis od domasna rabota za cetvrto odelenie , kako ubavo si pominal tamu na granica i nekoi ludje od carina i policija ,koga go videle Mak. pasos i deka e roden od "babam Bitola, ili Manastir , djene babam Manastir"- mosne se izraduvale i mu rekle : "Tamam ti si samo za ambasador!". I navistina covekot e TAMAM, a kolku se TAMAM ovie od Vladava i MNO sto go odredredija ili Pretesedatelot koj go potpisa agremanot , sami neka si utvrdat.
Од: redovna citatelka
Датум: 25.12.2010 17:31:47
Sekoj moze da bide ambasador vo sekoja zemja! ZASTO? ZOSTO DA NE!
Од: ne se site isti
Датум: 25.12.2010 18:58:40
Im se potrosija kadrite.Tie malku popametni se premieri i ministri.
Од: љупка
Датум: 25.12.2010 20:52:03
Има една стара поговорка: ,,Ако сакаш некому да нејдеш маана , само треба да се обидеш и ќе ти успее ,,.... Веројатноста на прочитаното со поговорката и тоа како соодвествува ....
Од: забеган.
Датум: 25.12.2010 20:53:11
Ќе ги МОЛАМ во БЛАДАТА да ме испратат за Амбасадор.Иако имам ЧЕТВРТО-ОДДеление ама КНИШКА ќе земам од ВМЛОТО.И за следни избори ќе обезбедам 30 гласа.Ќе запишам и ќе завршам и некоја Чколија.
Од: До забеган
Датум: 26.12.2010 12:15:09
Јас имам трето одделение и партиска книшка.Немам намера да учам понатаму,тоа е тешка работа.Можеш ли да ме земеш за било какво аташе,таму кај што ќе те пратат за амбасадор?

Најди! во Утрински
Втора страница
Вербатим
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks