Хороскоп
Овен
Вие сте вистински Овен, постојано некаде брзате, имате енергија за околината. Тоа не ви пречи бидејќи сте во одлична форма. Финансиската ситуација се подобрува, размислувате за забава. Партнерот повремено ве полудува, но и вие него.
Бик
Поради што се нервирате кога немате реална причина да ви се зголемува притисокот? Иако некои работи не одат така како што треба, бидете мирни и почекајте поволен момент. Се' ќе биде в ред и без напор ќе го остварите она што сте го наумиле. Треба да почекате.
Близнаци
Ви се случуваат интересни работи, но се' уште не можете да ги препознаете. Некои од вас се оптоваруваат и се жалат дека се загубени во преводот . Мислете и бидете позитивни-секоја негативна мисла ви се враќа како бумеранг. Вашето време е сега и тука.
Рак
Еден убав, неконвенционален. Имате потреба да се дружите и да учествувате во важни случувања. Се' ви изгледа едноставно. Ако ви се даде можност да отпатувате, не го пропуштајте тоа. Една водолија не ве остава на мир што воопшто не ви пречи.
Лав
Иако сакате да оставите убав впечаток, тоа тешко ви поаѓа од рака. Не ја барајте вината во себе, бидејќи навистина овојпат се однесувавте коректно. Креативноста е нагласена, па успехот на тоа поле е евидентен.Тоа ќе ве направи среќни.
Девица
Се чувствувате убаво, но сакате таа состојба да ја поделите со другите. Прво со партнерот. Со него делите нежни моменти, но имате време и за пријателите. Свесни сте дека можете многу да постигнете. Тоа не значи да треба ја негувате зависта во себе.
Терезија
Постигнувате многу, но пред да тргнете во акција, проценете ги сопствените можности. Дали навистина сте подготвени да вложите голем напор и дали е тоа вредно? Постојат прашања што ве мачат и што, ќе се уверите, имаат логично решение.
Скорпија
Работите не одат така како што сте ги планир��ле. Барем на моменти ги заборавате неуспесите и им се препуштите на малите радости. Саканото лице ќе биде многу нежно со вас. Оставете атмосферата да се вжешти, а во овој момент свртете се кон пријателите.
Стрелец
Она што никако не сакате да ви се случи е осаменост. Не се грижете, ве очекуваат средби со пријатели и со роднини. Конечно, можете да се релаксирате, ги завршивте сите работи, и тоа поуспешно отколку што мислевте. Посветете се на сами себе.
Јарец
Пријатни случувања влијаат врз ослободувањето на напнатоста. Доаѓате до сознание дека сте се нервирале за глупости и давате се' од себе да се смените. Овој период сте многу романтични. Вашиот партнер е на седмо небо, потрудете се да остане.
Водолија
Ова е пријатен ден во кој прекрасно се чувствувате и заборавате на сите лажни вредности со кои сте опкружени. Дружењето со еден рак дополнително ќе ве релаксира. Ако тој не е во близина, ќе мислите на него. Сфатете го тоа како знак.
Риби
Добивате подарок и уживате во вниманието. Тоа е добро за да заборавите на актуелните проблеми. Бидете подготвени за поволна промена на околностите, но и на тоа дека тие услови бараат дополнително жртвување. На емотивен план - без осцилации.
|