Што прават денеска
Ранко Петровиќ идеолог на „Крушево етноград“
Веќе наголемо сум преокупиран со последните подготовки за отворањето на третото издание на манифестацијата „Крушево етноград“, кое ќе се случи в недела - 24 јули во 18 часот. На моите револуционери и борци им давам неколку препораки за годинава да имаме уште поуспешно туристичко востание.
Катина Иванова актерка
Ниту по завршувањето на театарските проби со вчерашната премиера на претставата „Копнеж по целина“, на малата сцена на МНТ, во рамките на „Скопско лето“, за мене нема мирување. Денеска имам снимање за еден студентски филм. Посакувам и имам намера да одам на одмор, но не знам кога ќе се случи тоа. Кристијан Јованов пејач
По излегувањето во етерот на мојот нов сингл, „Зошто отиде“, си дојдов на домашен одмор во Радовиш. Се препуштам на удобноста на семејниот амбиент и дружењето со старите пријатели. Сепак по 3-4 часа во денот вежбам пеење и се подготвувам за настапите што ме очекуваат во текот на викендот. |