Број 3281  четврток, 13 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Матуранти

Site Meter

Исчезна „македонско претседателство“

Од нашиот известувач
Тамара Грнчароска

СТРАЗБУР - Историскиот ден на Македонија во Советот на Европа траеше само неколку часа, односно толку колку што стоеше на порталот на оваа организација именувањето „македонско претседателство“. И покрај најавите, министерот Антонио Милошоски претседаваше од маса на која пишуваше ПЈРМ, и освен во неговата папка и на веб-страницата на претседателството подготвена од Македонија, секаде се појави референцата. Сепак, за првиот човек на Советот на Европа, генералниот секретар Тјорнборн Јагланед, тоа нема да го попречи македонското претседателство со Комитетот на министри на организацијата. Јагланд посочи дека иако прашањето со името е важно за двете земји, сепак, има и други важни прашања кои не треба да бидат засенети од него, како што е програмата на македонското претседавање. Според него, тоа е од интерес на сите земји.

Јагланд на брифингот за македонските новинари на некој начин ја заокружи дискусијата околу употребата на придавката „македонско“ во името на нашето претседателство. „Кога бев во Скопје, бев информиран од вашата Влада за употребата на придавката ’македонско’ во именувањето. Тоа е одлука на една независна држава и нејзината влада, но тука во оваа куќа вие сте примени под референцата ’поранешна Југословенска Република Македонија‘ и ние мора да го употребуваме тоа“, изјави Јагланд. Според него, Советот не сака да прави проблеми на процесот на преговорите што се одвиваат под покровителство на ОН, па поради тоа, како што рече тој, „мора да се држиме до формалностите“. „Мора да живееме со тоа и мислам дека претседателството не треба да се занимава толку со тоа, туку треба да се фокусира на посуштинските работи, како што е исполнувањето на приоритетите“, рече Јаганд.

Сепак, на денот на преземањето на претседателството од страна на Македонија, неофицијално, шефот на шведската дипломатија, Карл Билт, изјави дека именувањето „македонско претседателство“ не го попречува процесот во ОН, кој се води меѓу Грција и Македонија околу името.

Запрашан зошто спорот со името, како европско прашање, не се решава во Советот на Европа, Јагланд само кратко одговори: „Бидејќи двете страни сакаа тој да се решава во ОН“. „Точно е дека тоа е европско прашање, но двете страни сакаат да го решат во ОН на прагматичен начин“, беше прецизен генералниот секретар.

За логото на „македонското претседателство“, кое прво беше поставено, па потоа исчезна од официјалниот сајт на Советот на Европа, Јагланд избегна да одговори, посочувајќи дека официјалното име под кое нашата земја е примена во Советот е Поранешна Југ��словенска Република Македонија и поради тоа на сајтот стои претседателство на ПЈРМ. (Т.Г.)


#
Статијата е прочитана 6207 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pejo
Датум: 13.05.2010 00:31:44
Bravo za ministerot na nadvoresni raboti na FYROM, kako sto pisuva pred nego, sto nekolku dena ne maftosuvase. "Makedonsko predsedatelstvo" bilo samo za vnatresna upotreba, da se raduvaat ovcickite.
Од: ohrid
Датум: 13.05.2010 00:43:53
Abe koj ne esapi za zivi.Pogolemiot sekogas go jade pomaliot toa neka e jasno.Nie mozeme da se nadevame samo deka nema da ne zgazat i kolku tolku da pruzime otpor..ako namislile da ne nema tesko nas...
Од: Mite
Датум: 13.05.2010 00:53:02
bespredmetno e da go davame identitetot i imeto koga Grcija po 2014 ke mora da izleze od EU poradi nevrakanje na Dolgot... a ako scenarioto se povtori i vo Portugal i Spanija i EU ke se raspadne..
Од: Afion
Датум: 13.05.2010 01:00:13
Evropski cinizam!
Од: Lazar
Датум: 13.05.2010 03:31:59
I sto barame so ovie vo zaednica da sme? Si igraat so nas a nasite toleriraat do besvest. Ovie otvoreno go negiraat makedonskiot identitet. Dali voopsto treba da bideme so niv?
Од: Deni
Датум: 13.05.2010 03:58:36
Ne mi e samo jasno na kogo vie se sitite
Од: do ohrid
Датум: 13.05.2010 05:54:21
Podobro e da se izedeme sami. Zassto da gi maltretirame golemite ribi. Za toa ne ni e potrebna megjunarodnata. Vnatre vo drzzavata koja seusste se vika Makedonija ima dovolno pirani. Sramota e duri i da se branis.i za toa ke te kritikuvaat. Zen budizam
Од: Dedo Mraz
Датум: 13.05.2010 06:58:01
Milososki treba da go frli znakot na patos vo znak na nezadovolstvo.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 13.05.2010 07:09:14
Што знае дете што се триста кила.Детето изведува егзибиции за задржување на рејтингот на вождот му.Го влечат народот за нос, со вакви прашања, а од надвор им се смеат.Докажете се во претседарелствувањето, не не бламирајте а другото само по себе ќе дојде ( признанијата за РМ).
Од: Déjà Vu
Датум: 13.05.2010 07:57:55
Историското Не е секогаш со краток рок,но очигледно служи само за домашна употреба!Сомнителна ми беше идејата за прогласување на„победата“на чии материјали ќе пишува „Херојско Македонско претседателство 2010“,а потоа врз нив ќе се лепи БЈРМ!На Лагата секогаш и се Прекратки нозете!Така Шчо...
Од: tatoo
Датум: 13.05.2010 08:28:06
Невидена хипокризија од страна на Советот на Европа. Ваква нискост немам досега видено. Значи Грција е поголема од Европа. Тоа се виде и во овој случај, како и во многу други. По мое мислење, веќе Европа не мисли како Македонија да се интегрира во европското семејство, туку како да се повтори втор Букурешт од 1912.
Од: Nikola, Vlavot od Germanija
Датум: 13.05.2010 08:56:42
Samo pred nekolku denovi Milososki izjavi deka na tablata ke pisuvalo samo negovoto ime,za na kraj da se potsetime deka sme "BJRM"!Bravo be,ministre!So "MKsko pretsedatelstvo" pred domasnata javnost se udri po gradi,za na kraj da pretsedavas kako "BJRM"!Bravo be ministre!Ne samo sto vas ne biva samo za rasipnicka politika vo ekonomijata,tuku i dostoinstvoto na Makedonija go gazite pred svetskata javnost.Da imavte obraz,vo znak na revolt ke se otkazevte od pretsedatelstvoto.Simptomaticno e sto MKcite periodite na vladeenje na DPMNE sekogas gi plakja skapo;vo 2001 so nametnatiot ramkoven dogovor,vo 2010/11 verovatno so novo uzasno ime za MK.Neka ni e vecna vladata........(ne daj boze!).....
Од: SPIRIDON
Датум: 13.05.2010 09:01:11
Dosta mu e na ovoj narod od prazni paradi i paraderstvo bez suštinsko gledanje i realiziranje na rabotite.Primitivizam od nevideni razmiri.Nitu edna vlada od "osamostojuvanjeto" na Makedonija ne go izdrža predizvikot od sitnosopstvenički lični interesi pred nacionalnite,narodnite državnite.Od "tajotkite"preku Okta,Elektrostopanstvo,tenkovski delovi,do tender vlada so sramnite kupuvanja ambasadi i prazno paraderstvo.Pa ova Makedonija ima i doblisni i česni lugje i može ovde ubavo da se živee.
Од: no name
Датум: 13.05.2010 09:25:10
Колку ќе беше полесно да живеевме во време без комуникации.... Така ќе беше многу полесно... Уште долго време ќе можеа да не мафтосуваат за "нашиот голем успех" на полето на надворешната политика... Ама вака..... Ех таа технологија, и тој што ја измисли... За час слики и податоци го обиколуваат светот, да не може човек ни сопствената политика да си ја води како сака......
Од: snajper
Датум: 13.05.2010 09:50:00
Koe Makedonsko..? kogo ke go lazite be komunjarcinja edni od dpmne-sdsm.. Zarem si mislite deka nekoj vi veruva vo toa sto go kazuvate..? A toa e imeto sto branko i grujo go branat, firom, toj e identitetot sto tie navodno go branat - bivso jugoslovenski.. ajde mars site vo sutka predavnici edni stalinisticki
Од: виво
Датум: 13.05.2010 10:29:50
Уште еднаш и веќе не се јавувам, зошто Утрински предначи во изразување на негативизмот и гифорсира ваквите индивидуалци во земјата кога се бара начин во и вон институциите, проблемите во и на земјата да се решат на нормален ПАТРИОТСКИ начин, на кој што ги решавале и ги решаваат проблемите од сличен вид сите земји кон кои се стремиме (САД, земјите од ЕУ, замјите од БРИК), затоа и ги немат тие проблеми (име,идентитет,јазик...). А ако ние така, со притисок од нас самите на сите страни, институции и се што ќе проба да не промени не одговараме, па дури и привремено не успееле, нам проблемите пак ќе ни останат, како што останаа секогаш кога некој друг решавал за нас (Цариградската Порта,Европските дворови и и влади, југословенската социјалистичка политика). Запамтете: Нормално е САД и ЕУ да го решаваат македонското прашање заради себе, не заради нас и тоа сега за сега, утре нека му ја мисли некој друг и се разбира МАКЕДОНЦИТЕ.
Од: eu
Датум: 13.05.2010 10:30:55
ionaka se vo svetot firom samo vlada se inaeti podobro severne otkolku firom tolku e prosto ama vo mkd ste naviknale edni da imat mnogu drugi da trpat kazete ednas vece ne na grujo za da imate dostointven zivot.
Од: nekoj
Датум: 13.05.2010 10:36:55
:D :D Gluposti na sekoj cekor. Kako sto sme zavedeni vo OON taka ke si bideme napisani sekade, sto vi e kriva sega Evropa? Namesto da rabotat za podobruvanje na nasiot narusen imidg vo svetot, ovie nedovetni misnistri edino gi zanima lazniot rejting kaj onie slepi podrzuvaci, no kako sto vika eden komentar, sto ti e tehnologija, im gi rasipa planovite.. Prvo fatija da kradat tuga istorija, da go proociraat sosedot, namesto da rabotat da ne dopriznaat uste nekolku zemji..SE nAOPAKU, a Milosevski ako si ja saka tolku Makedonija da si ja sobere zena mu od GErmanija i da ziveat vo Mk.
Од: kris
Датум: 13.05.2010 10:37:38
Наздравје Антонио??! До вчера едно велеше, ВМРО-вчичките налупаа бели бумбари кај Тања Бумбарката и на крај си го јадовме стапот.... така е Антонио кога будалести дечиња ти водат држава..... и изгледа уште не ви ида умот и не знаете која е Грција??????? Земјо ФИРОМска што си дочека..... сами си ги биравме, никој сосила не ни ги даде ДПМНЕ-овците.... нели Феликс????
Од: valerija
Датум: 13.05.2010 10:54:52
ne veruvam deka ministerot e tolku naiven deka ke se slozat da bide "makedonsko" seto ova lici mackanje oci na Makedonskiot narod e sega prasanje e koj ni gi macka ocite EU ili nasive vazno e deka sme izlazani si igraat so nasite cuvstva kako da sme maloumni dosta mi e i od EU i od vladava baram da ne ostavat na mir ako ne sakaat da ni pomognat neka ne ostavat na mira da si go ziveeme zivotot
Од: Saso Germanija
Датум: 13.05.2010 10:57:31
Kucinjata lajat kervanot vrvi, kako PJRM, ama vo toa PJR ima Makedonija i toa za mene e uspeh na Milososki mlad diplomat. Inteligenten. A topj ES e marionetka na edna pokakana Grcija, koja ottamu treba poskoro da leta, oti ja remeti cela Evropa. Za inaet na Grcija nie sme tie pretsedatelstvo sega.
Од: Од Р.С
Датум: 13.05.2010 11:33:41
Пусти желби. Не се руши со глава зид, треба со памет тоа да се прави.
Од: Tome Stojanovski,dipl.el.ing.62god.tel.20 41 586
Датум: 13.05.2010 13:25:50
E,moi gospoda!!Zatoa ne ne biduva!! Ne znaeme da se raduvame i na malite uspesi,a ne ne biduva za pogolemi zatoa sto se nekoj ne vlece nazad vo kazanot i se siti sto sme vo g...na.Mora li se da omalovazuvame samo zatoa sto nekomu licno ne mu se ostvarile zelbite.Poglednete gi Albancite,da bea tie na nase mesto ke napravea festa.Imalo manipulacii! A koga gi nemalo i kade gi nemalo!? Pa sepak drugite odat napred.A nie??? P.S.Do Itar Pejo.Daleku si od Itar Pejo prijatel,lesno da si go kries identitetot i da prodavas pamet.Tipicno makedonski!
Од: makedonec
Датум: 13.05.2010 13:34:48
Ke go socuvame dostoinstvoto ako prestaneme da se slikame i da stoime pod toa ime so opaska.Moze bi e vreme sega da ne odmine casata so pijalokot Evropski vo znak na protest za nase preimenuvanje I da go socuvame dostoinstvoto na MAKEDONECOT za sekogas.Inaku ovaa moderna Evropa ne se otkazuva od kvasecot na Juzniot sosed i sekogas ke gleda toj kvas da go upotrbi protiv protivnicite na nivma mnogu mila i sakna clenka koja im gi podkopuva temelite so seta sila i so site mozni sredstva,pred se ekonomski da gi iscica i da si ostanat so zamislite koi se pred niv:da bidat samo oni na planetava i nikoj drug so niv da ne postoi ili da pobara ona sto tie go sakaat a najmnogu ke bidat luti na sekogo koj ke izjavi deka ima MAKEDONIJA nadvor od niven um.
Од: Tie si gi sakaat grcite
Датум: 13.05.2010 13:56:38
Treba da sfatime deka EU ne ne saka i nie da prestaneme da ja sakame. EU nema perspektiva. Kolku poskoro se svrtime kon Rusija i Kina, tolku podobro za nas.
Од: Milan
Датум: 13.05.2010 15:52:42
Ne e poentatavo toa,kako sme primeni odnosno pod koe privremeno ime tuku prasanjeto e STO SME NIE?Koja nacionalnost sme?Firomci?!!!Tuka e problemot,zatoa sto imeto pod koe pretsedava Republika Makedonija e nareceno makedonsko samo zatoa sto nie sme makedonci,koj ne e siguren neka se preispita.
Од: usa
Датум: 13.05.2010 16:32:45
Koga Makedonija ednas za sekokas ke gi napustit vo protest vakvite ponizuvanja, ne samo tuka nego ina sportskite manifestaci kade izleguva so FYRUM. DOSTA ZA SEKOGAS
Од: дими61
Датум: 13.05.2010 17:31:02
Да сме се свретеле кон Русија и Кина.И што мислиш тие се тепат за вакви како нас.Зошто им сме?Можеби заради големиот пазар, и економската моќ што ја имаме па се што се произведува во тие земји ние ќе го потрошиме.Или можеби а тоа сигурно ќе е - ќе им продаваме патриотизам и чукање во гради. Па кога ќе видат каков библиски народ полн со патриотизам сигурно ќе сакат дури и Скопје да им биде главен град а Грујо главен економски реформатор.
Од: Јован
Датум: 13.05.2010 17:40:04
Дајте Ве молам објаснете им на нашиве „умни“ коментатори на статијава што е разликата помеѓу Европска Унија и Совет на Европа : очигледно е дека коментираат без да знаат што и мешаат баби и жаби. Во најмала рака објавете го коментарот за да можат да пребараат на интернет и да видат за кое претседателство и за која структура станува збор пред да напишат уште некој „бисер“. Благодарам

Најди! во Утрински
Насловна
Зденко
Оптимизам само до Jуни!
Посексапилна од Меган Фокс
Херојот од соседството
Претседател на дистанца
Асиметрични кркми и романтични локни
Дете преживеа авионска несреќа
Солитер
Куп пари за матурскиот пакет
Пејачот на „Санаториум“ ќе оди на финалето во Јужна Африка
Александар, Макавеите и јазолот
Подобро своја копија отколку туѓа
Сигурен сум дека ќе влезам во финалето
Бегајте од униформираноста
Кога власта ја бојкотира власта
Матурската вечер - спомен за цел живот
Граѓаните ќе бидат предупредени за жештините