|
|
|
|
|
|
Сеќавање на Ваташа: Злосторството не се заборава
Томо Чалоски
„Беше голема горештина. Полека одевме нагоре ние четирите девојчиња, претепани, а бевме гладни и жедни. Беше околу дванаесет часот кога ни пријде бугарскиот офицер Костов и не' праша дали е далеку Моклишкиот манастир. Кога разбра дека има уште еден час одење, нареди да се запрат дванаесетте момчињата што беа пред нас. Кога ги стигнавме, видовме дека се бледи и изнемоштени. Не' чекаа кај Д��ловото долче. Брат ми Васо му пријде на офицерот Опреков и му рече дека не ја затворил кафеаната. ’Ќе ја затвори татко ти‘, одговори тој.
Сега наместо во Моклиште не' одведоа на една лединка покрај реката Велика, на која имаше дрвја и грмушки. Момчињата беа клекнати под сенката на едно големо дрво, а ние девојчињата застанавме на пет-шест метри подалеку од нив. Офицерите Костов, Опреков и агентите се тргнаа настрана и се договараа нешто. Војската со митралезите направија полукруг околу нас. Се гледавме меѓу себе. Не помислувавме дека никогаш повеќе нема да се видиме. На десетина метри зад нив се наоѓаше сувото корито на реката Велика. Брат ми Васо го познаваше овој терен, бидејќи тука имавме нива. Забележав дека се' повеќе се врти зад себе. Наеднаш стана и, додека џелатите се договараа, тој почна да бега кон реката. Се' се случи во еден миг. Веднаш по него скокнаа Диме Чекоров и Герасим Матаков и тие потрчаа кон реката. Окупаторот беше изненаден од смелоста на трите момчиња.
Веднаш падна наредба - ’Стрелајте!‘ Почна страшна пукотница од митролези, пушки и револвери. Видов како брат ми Васо беше ранет во десното рамо - крв му бликаше нагоре и му ја поцрвени кошулата. Герасим падна и почна да офка, беше ранет. Диме за миг исчезна. Другите наши другари, како што беа клекнати попаѓаа од дождот куршуми. Ни глас не пуштија од себе. Од земјата се дигна прав од куршумите што удираа во неа. Се замагли се' околу нас, од правот и чадот на митролезите и пушките. Видов како неколку полицајци и војници потрчаа по Герасим и со истрели го дотепаа. Ние четирите девојчиња гледавме како скаменети. Ги затворив очите, несакајќи да верувам во она што се случува пред мене. Не се сеќавам за другите моменти, освен на оној кога првите куршуми почнаа да ги погодуваат другарите. Секој од нив се тргнуваше во миг како да го удира струја. Паѓаа еден покрај друг.
Војниците што потрчаа по брат ми Васо, по Диме и Герасим, се вратија и рекоа дека ги убиле. Костов праша дали го убиле Васо, а тие рекоа дека го убиле некаде кон реката. За да се уверат дека момчињата се мртви, бугарските војници ги извадија бајонетите и со штиковите почнаа да ги бодат право во срцата. Гледав како некои од другарите се' уште се живи и за последен пат се грчат по ударите на штиковите. Сите беа деца. Неколкумина од нив имаа рачни часовници, Бугарите откако ги избодеа, им ги зедоа - ги ограбија по смртта. Бев како во бунило и не се сеќавам дали сум плачела. Се сеќавам дека по стрелањето ни рекоа - ова се вашите другари со кои ги помагавте ’шумкарите‘, ајде сега и вас да ве стреламе. Можеби да ни го речеа тоа пред убиството ќе не' уплашеа, но сега при таа стравотна глетка на крвавото злосторство, ни беше сеедно дали ќе не' убијат или не. Нашите другари лежеа мртви пред нас. Сите беа погодени во главите и крвавеа. Пане Мешков, Иљо Димов и Перо Видев, кој имаше само 15 години, беа во првиот ред. Паднаа на земја со отворени очи, во кои немаше живот.
Кај секое мртво тело тажеа неговите најблиски. Плачот и жалта на мајките и блиските се ширеа подалеку. Таа слика не може да се опише и да се заборави. Брат ми Васо и Диме Чекоров не можевме да ги најдеме. Дури по подолго барање ги најдовме искасапени. Тоа не беа мртви тела, туку обезличена маса од месо и од коски.
Потоа малку погоре луѓето ископаа дупка, во која ги закопавме мртвите другари еден до друг. Најпрвин ставивме јаворови гранки, а со нив ги покривме речиси голите тела на убиените младинци: Блаже Ицев, Пане Џунов, Перо Видев, Пане Мешков, Васо Хаџи- Јорданов, Ристо Ѓондев, Данко Давков, Диме Чекоров, Ванчо Ѓурев, Герасим Матаков, Илчо Димов и Ферчо Поп-Георгиев. Крв се пролеа во Моклиште. Заплака Ваташа, заплака Тиквешијата, заплака Македонија.
Ова крваво злосторство на бугарскиот окупатор започна кога вечерта на 15 јуни 1943 година низ Ваташа се разнесе веста дека утредента, никој не смее да оди на работа ниту, пак, да излезе од куќите зашто е роденден на престолонаследникот Симеон и во Кавадарци ќе се одржи парада. Нашата куќа беше среде село, а веднаш до неа и кафеаната. Кога се раздени на 16 јуни, видовме дека селото е блокирано од војска и од полиција. Никој не можеше да излезе, а оние што тргнуваа на работа ги враќаа назад. Бугарскиот поручник Костов, озлогласен фашист, повторно издаде наредба сите да си одат дома и никој да не излегува од дома. Тогаш видов дека пред нашата куќа има вперено пушкомитралези на сите страни. Одеднаш се слушна тропање на нашата порта, а потоа во дворот влегоа кметот, помошникот и цела група војници и полицајци. Се интер��сираа која е Невена. Побараа да излезам со нив за да ме прашаат нешто. Кога излегов на улица бев изненадена. Пред кафеаната беа собрани другарите, сите свртени со лицата накај ѕидот на кафеаната. Некои од војниците стропаа на вратата од кафеаната и свикаа по брат ми Васо да отвори. Тој им отвори. Во кафеаната влегоа поручникот Костов, тројцата агенти и полицискиот подначалник Петко Опреков. Веднаш порачаа ракија. Брат ми отиде во куќата на Вчкови да купи ракија, а таму му рекле: ’Бегај Васо‘. ’Како ќе бегам кога сестра ми Невена е фатена, морам да бидам крај неа‘, им одговорил тој.
Не се знае точно кој и како не' открил. Може да се земе за точна ова верзија: Изутрина на 16 јуни многу рано, уште во првите мугри Бугарите влегле во куќата на Блаже Чекоров и го барале Блажо. Бидејќи не бил дома, го зеле со себе син му Диме и го одвеле во Кавадарци. При претресот кај него нашле повеќе фотографии на кои бевме фотографирани. Еден по еден не' сослушуваа во кафеаната. Кога влегов внатре прво што забележав беше дека Пане Џунов и Илчо Димов беа претепани и окрвавени. Мене ме прашуваа за партизаните. Бидејќи им негирав тие го изгубија трпението. Ме удираа со една суровица со чатали, што беше во кафеаната. Од ударите се онесвестив. Кога дојдов при себе ме исправија и мене пред ѕидот. Потоа ги сослушуваа и другите другари ги тепаа ги мачеа, но никој ништо не кажа. Се изненадив кога видов дека не' носат кон Моклиште, затоа што мислев дека ќе не' носат во Кавадарци на ново сослушување“.
По 68 години од крвавата драма, со многу емоции и болка во душата како денес ѕверството да се случило, ни раскажуваше Невена Хаџи-Јорданова, просветен работник во пензија, една од четирите девојчиња што го гледале стрелањето на нивните блиски и другари. Злосторството да не се заборави.
|
#
|
Статијата е прочитана 966 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Sto stranalo so zlocincite? |
Датум: 18.06.2011 08:06:04 |
|
Za ova necueno zlostorstvo na bugarskite fasisti imame dosta cueno , no nikade nemam procitano po cija naredba e izvrsen eden takov neviden zlocin vrz mladi ludje( dali ima poitpisano nekoj naredba ili e toa samo nalunicav hir na Kostov) i dali se prevzemeni posle toa sootvetni merki i kazni kon naredbodavcite i izvrsitelite? Kakva sudbina dozieveale zlocite Kostov i Oprekov i nivnite naredbodavci za ovi zlocini vo Bugarija, posle septemvriskiot prevrat i dali od nasata drzava e barano istraga za ovaj zlocin i zemanje na odgovornost na naredbodavcite i izvrsitelite. ? |
|
|
|
|
|
|
Од: Славе |
Датум: 18.06.2011 09:04:40 |
|
Вечна слава и паметење кон Ваташките малдинци и вечно проклетство на убиците |
|
|
|
|
|
|
Од: jovan |
Датум: 18.06.2011 10:51:31 |
|
Trebalo da napisete deka megu Bugarskite vojnici imalo i Makedonci, onie koj im davale informacii na Bugarite isto taka bile Makedonci, a uste povazno ste ispustile da napisete deka potomcite na takvite Makedonci denes haraat i se obiduvaat da gospodarat so Makedonija.Ne e dovolno samo da se pamti.Treba i da se misli,a bogami i 6 oci da se otvorat. |
|
|
|
|
|
|
Од: Go sakam Skopje |
Датум: 18.06.2011 11:55:31 |
|
Golema blagodarnost na avtorot na gorniot tekst koj ni gi prenese taznite sekjavanja na Gospogjata Nevena Hadzi-Jordanova. Sekoe sekjavanje od izminatite zbivanja koi "sramezilivo " ili "nezno" bile cuvani so godini, dolznost i e na postarata, generacija da ja otvori dusata na bolkata, so godini kriena i da ja zapoznae denesnive mladez za "ziveanata neodamnesna istorija" koja mnogu cesto se prikriva od javnosta ili lazno se prikazuva. Se sekjavam na edno "Predbozikno razmisluvanje" na eden od bugarskite ambasadori, objaveno vo Utrinski,koe poradi arogantno prikazuvanje, predizvika poveke reakcii na nezadovolstvo i nesoglasuvanje. Iako ovoa tazno sekjavnaje se cita so grutka vo grloto i so oci polni so solzi, drago mi e sto ja soznav vistinata za ovaa makedonska tragedija, od ucesnik vo " prvo lice". Neka im e lesna zemjata sto gi pokriva ovie mnogu mladi lugje, za koi trebe da zboruvame i slavimes,so pocit.Tie vistina zasluzuvaat spomenik, pa makar i da ne e od miljonska vredonst |
|
|
|
|
|
|
Од: Asan od Krivolaka |
Датум: 18.06.2011 13:52:48 |
|
Ej Jovane, samo ja podgoruvas golemata rana na Makedonskoto narodno tkivo, koja se otvori i ne prestana da krvari so strelanjeto na Vataskite deca. Gnasnite Bugari sekade kade sto minuvaa niz Makedonija pravea zlodela i zverstva. Toa na site im e poznato, no fajde nema. Deneska niz Kavadarci gordo se setaat potomcite na makedonskite spioni i predavnici. Mnogumina imaat Bugarsko drzavljanstvo i se turkaat vo redot na "Blagonadeznite Blgari". Neka im e stram i aram se vo zivotot. Vo edna takva izopacenost so golema odgovornost go postavuvam prasanjeto: Dali voopsto Kavadarci neg´kogas bil borben i slobodoljubiv grad? Gledajki gi deneska ograbenite lozari, ne veruvam deka ovde zivee narod koj moze da ja zacuva svojata gordost. Zalam. |
|
|
|
|
|
|
Од: Крт |
Датум: 18.06.2011 18:15:50 |
|
Шеесет и осум години жал за ХЕРОИТЕ од Ваташа и уште поголема ПОЧИТ. Вечна им слава! |
|
|
|
|
|
|
|
|