Дејвид Бекам
Тужба до проститутката за лажните изјави
Дејвид Бекам ќе ја тужи проститутката Ирма Ниќи за штетата што му ја нанесе нему, на неговиот углед и на семејството, со тврдењето дека неколку пати спиеле заедно, а притоа и' платил за сексуалните услуги. Освен Ирма, Бекам ќе го тужи и списанието „Ин тач“, кое ја објави приказната на проститутката, а неговиот адвокатски тим ќе бара јавно извинување на насловните страници од весникот. Фудбалерот е прилично бесен, а, според неговите пријатели, ќе ги преврти небото и земјата за да ја најде Ниќи. „Дејвид е подготвен да го пребара секој агол од светот за да ја пронајде девојката. Таа, очигледно, мисли дека е многу лесно да се измисли сосема невистинска приказна и да се извлече со тоа, притоа не размислувајќи за штетата што им ја нанесе на Дејвид и на неговото семејство“, кажа пријателот на Бекам за британскиот „Д’ Сан“
„Покажа големо непочитување кон жената на Дејвид и кон децата, па тој има намера да ја реши работата до крај. Сака одговорните да платат - списанието, издавачот и проститутката, која тврди дека со англискиот репрезентативец, во друштво со уште една девојка, во 2007 година минале ноќ во њујоршкиот хотел ’Л’ Паркер Меридиен‘. Дејвид може да докаже дека не бил присутен во хотелот. Од друга страна, пак, таа никако не може да потврди дека Дејвид бил посетител во хотелската соба“, додаде пријателот на фудбалерот, зборувајќи за Ирма и за нејзината пријателка. |