Евидентни се возбудувања на емотивен план, настанати како последица на пребрзото реагирање на партнерот. Доколку не го запознавте доволно и не умеете да изброите до десет пред да се вклучите во разговор со него, ќе бидете оштетена страна. Пуштете го за зборува.
Бик
Причината за исполнетост е од индивидуална природа бидејќи сте уметничка душа. На емотивен план ситуацијата е непредвидлива, планирате нешто повеќе. Слободните претставници ги очекува нова љубов.
Близнаци
Непријатна вест, која ако не ја прифатите, може да ви го расипе расположението. Положбата во која се наоѓате моментално не е толку безнадежна како што мислите. Со потиштеноста нешто прикривате, но тоа не е решение за проблемите.
Рак
Во елемент сте. Успевате максимално да се релаксирате и да уживате. Краткиот одмор искористете го за да ги наполните батериите, пред вас се нови животни предизвици. Моментално пријателите и љубовта се заслужни за состојбата на среќа и убавиот изглед.
Лав
За чувствителноста и намалениот оптимизам виновни ви се ѕвездите. Пожелно е смирено да ја прифатите состојбата на истоштеност и со намалени физички активности почекајте се' да помине. Постојат работи што можете да ги правите, а да не ве исцрпат, читање, на пример.
Девица
Размислете за овековечување на врската или за некој однос кој досега не дал плод. Не сакате веќе ништо да трпите, затоа и чувствувате незадоволство. Конечно, сфативте од каде дува ветерот, проблемот го решивте, па ви остана уште финалното пресметување.
Терезија
Задоволни сте. Го постигнате она за што до скоро само можевте да го сонувате. Можеби тоа е една од причините за среќа за која досега само можевте да сонувате. Емотивното незадоволство ви стана секојдневје. Пред вас се големи пресврти.
Скорпија
Иако од желбата да влијаете врз партнерот и врз пријателите имате само штета, не можете ништо да направите, тоа е посилно од вас. Морате да се промените, тоа ќе ви наштети и во натамошното функционирање. Планетите ви порачуваат да се вразумите.
Стрелец
Преминете од зборови на дело во врска со љубовниот живот и спроведувањето на уметнички замисли. Врската во која сте е многу корисна, но за тоа не сте свесни. Во фаза сте на експанзија на сите полиња, па и на финансиско. Ви недостасуваат возбудувања.
Јарец
Обземени сте од егоистички тежнеења. Самите придонесовте за тоа затоа потрудете се да се коригирате. Ако продолжите со ова темпо може да се разболите. Насочете се кон љубовта, таа цвета. Бидете внимателни со здравјето,можни се проблеми со белите дробови.
Водолија
Одеднаш ситуацијата се менува од корен. Здравјето нагло попушта, а вие се возбудувате беспотребно, нервозни сте и слаби. Причините можат да бидат од емотивна природа. Излез побарајте во патувањата или кај пријателите. Оставете го партнерот настрана.
Риби
Пожелно е нешто конкретно да преземете, но невидлива сила ве спречува во тоа. Од моменталната ситуација нема да извлечете заклучок. Кога сте во домот, се чувствувате вознемирено, потрудете се да се смирите. Шансата да го остварите посакуваното патување се' уште постои.