Што прават денеска
Ида Протуѓер
уредничка во ТВ „Алфа“
Пред мене е интензивен работен ден, кој го започнувам со кафе во друштво со колегите. Потоа се посветувам на монтажата и финалната обработка на новата емисија од областа на економијата „Маркет 168“, која ќе се емитува вечерва во 20 часот на ТВ Алфа. Олабавувањето ќе ми се случи дури откако ќе ја изгледам емисијата.
Гораст Цветковски
актер
Во текот на денот имам неколку обврски, но главните настани ми се дури вечерва. Во 18 часот одам во МНТ и се подготвувам за вечерашната изведба на „Буре барут“. По претставата, имам настан во дискотеката „Би-Ту“, каде што секој четврток ќе се случува некој настан од ВИП- карактер, а јас ја имам улогата на водител. Вечерва е претставувањето на нов��от парфем на „Живанши“.
Петар Ренџов
музичар
Утринската шема ми е резервирана за проба со „Тумбао салса бенд“, т.е. подготовка за снимање на емисијата „Контон клуб“. Попладнето ми е за семејни активности - ја носам ќерка ми на тренинг по кошарка. Вечер од полноќ со „Тумбао салса бенд“ имаме настап во клубот „Миднајт“. |