Број 2872  петок, 26 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Свет

Буш се извини и повлече едно помилување на затвореник

ВАШИНГТОН - Американскиот претседател Џорџ Буш презеде невообичаен чекор за ревидирање на помилувањето што го обелодени само еден ден претходно за еден градежен работник од Њујорк. Исак Роберт Туси, осуден за давање лажни изјави пред владино тело и за измама, беше еден од 19-темина кои Буш ги помилува во вторникот. Меѓутоа, следниот ден Белата куќа соопшти дека претседателот го ревидира потегот по добивањето нови информации за Туси. Меѓу нив имало детали за неговите кривични дела и политичките донации направени од страна на неговиот татко. Портпаролката на Белата куќа, Дејна Перино, изјави дека одлуката да се отповика помилувањето била „направена врз основа на информација до која е дојдено подоцна“ за големината и природата на неговите кривични дела. Таа, исто така, изјави дека ниту од советодавниот кабинет на Белата куќа ниту, пак, претседателот не биле свесни за политичките прилози направени од таткото на Туси кои би можеле „да создадат феномен на недоличност“.

Откако се дознаа тие работи, укинувањето на помилувањето беше „мудар потег“, додаде таа. Потегот на Буш уследи по информацијата во „Њујорк дејли њус“ дека татко му на Туси, Роберт Туси, во април донирал 28.500 долари во Републиканскиот национален комитет. Медиумите од Њујорк, исто така, објавија информации дека Туси бил изведен пред суд со обвинение за измама на мал број сиромашни купувачи и продажба на куќи со лош квалитет по повисоки цени со скриени дополнителни трошоци. Туси во 2001 година се изјасни за виновен по обвиненијата за измама и давање лажни изјави пред Департментот за домување и урбан развој. Тој во 2003 година беше осуден на пет месеци затвор, пет месеци домашен притвор и три години условна казна. Дописниците јавуваат дека прашањето околу претседателските помилувања стана се' повеќе политизирано. (Би-Би-Си)


Статијата е прочитана 530 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Експлозија на гас урна петкатница на Крим
Капетанот и' нареди на владата во Гвинеја да се предаде
Папата побара да се стави крај на малтретирањето на децата
Русија и' се заканува на Украина со прекин на гасот
Австралиец шверцувал животински мумии од Египет
Олмерт побара од Палестинците да го отфрлат Хамас
Италија ја тужи Германија во Хаг