Број 3449  сабота, 04 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Втора страница

Министерот си ја испофали надворешната политика

Милошоски не би имал ништо против доколку во Собранието се постигне согласност за стратегија за името

Тамара Грнчароска



Со пофални зборови за сето она што го направила македонската дипломатија во изминатата година и без трошка самокритичност, помина вчера излагањето на министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски, за тоа што сработила македонската дипломатија во изминатава година.

Пред собраниската Комисија за надворешна политика Милошоски најпрвин се пофали за шестмесечното претседавање на земјава со Советот на Европа, што, според него, покажало дека ние сме активен и сериозен член на меѓународната заедница.

Како втора тема, тој го истакна стратегискиот приоритет за што поскоро започнување на преговорите со ЕУ, при што побара Европскиот совет овој пат да ја прифати препораката од ЕК за започнување на преговорите за членство и посериозно да пристапи кон интегрирањето на земјава, бидејќи тоа би помогнало за изнаоѓање на решение за името.

„Македонија има добри остварувања, добри реформи и е пред започнување преговори за членство“, рече Милошоски, според кого, одлуката на Советот за датум за преговорите ќе придонесе и за зголемување на угледот на процесот на пристапување.

Тој се обиде да ги амортизира критиките во ноемврискиот извештај на ЕК, но и оние што стигнуваат од Брисел, за нападите што се вршат врз претставниците на ЕУ, со зборовите дека Македонија во Унијата гледа природен партнер и сојузник за нашето зачленување.

Милошоски за спорот околу името и за односите со Грција го повтори познатиот став дека земјава ќе остане силно вклучена во преговорите за името, дека е за решение што нема да и' наштети ниту на една страна и дека Грција треба да биде конструктивна страна во преговорите.

Како потврда за нашата конструктивност, Милошоски ги подвлече интензивираните контакти со Грција. „Македонија останува на градење рамноправни, добрососедски односи без какви било уцени и условувања, што ќе доведе до решение“, рече тој, според кого, Грција засега само декларативно е за добрососедство, без да демонстрира такво нешто.

Односите со другите соседи, според Милошоски,се добри и одат по нагорна линија, при што тој не се осврна на ниту едно друго отворено прашање што го има земјава со другите свои соседи.

Од пратениците од опозицијата излагањето на Милошоски беше окарактеризирано како монотоно фразерство и повторување реченици од минатата година. Бучковски побара од Милошоски да признае дека се води погрешна надворешна политика и да се изгради нова, која ќе добие консензус од сите.

Бучковски предупреди дека на 15 декември на Македонија ќе и' се повтори искуството од лани со Европскиот совет и според него, актуелната политика води кон зголемување на евроскептицизмот во земјава.

Милошоски на тоа му одговори дека во позиција во која се наоѓа земјава успех е што е толку висока поддршката за ЕУ, а за феноменот на евроскептицизмот, тој рече дека зависи и од другата страна, во случајов ЕК. Бучковски побара и поголема транспарентност на власта кон пратениците и Комисијата во водењето на надворешната политика.

Бучковски и Ѓорѓи Оровчанец споделија став дека Милошоски се повлекол од улогата на носител на надворешната политика на земјава, едниот, поради неверувањето на министерот во политиката што ја води, другиот, поради тоа што тој знае дека битката е загубена.

Оровчанец побара од Милошоски, конечно, две години по Букурешт, да се обелодени стратегијата на Македонија во преговорите за името, на што Милошоски одговори дека не би имал ништо против доколку со Собранието се постигне согласност за ова сложено прашање.


#
Статијата е прочитана 701 пати.

Испрати коментар

Од: ilija
Датум: 04.12.2010 12:14:00
sto dapravi jadnijot zanego i neuspehot e uspeh.
Од: Трпе
Датум: 04.12.2010 12:49:30
Деца се што да се прави.Како што не разбират што е 1 килограм а што е 1 тон,така не разбират што е одење нагоре а што надоле.А децата сакат и пофалби.Ако не се фалат нормално и ке плачат.И сами кога се фалат мора да им викнеме бравоооо..Да се надеваме ,кога некогаш ке пораснат ке покажуват и некои резултати.
Од: Ана
Датум: 04.12.2010 13:47:58
Хахахахахахаха, овие портокаливе може се дрва недоделкани ама барем имаат смисла за хумор. На сета мака се изнасмеав.
Од: spire
Датум: 05.12.2010 16:21:22
Jadnik............

Најди! во Утрински
Втора страница
Фудбалот и политиката
Фуере ќе не' фали и кога е навреден
Вербатим
Милошоски бара датум од Друцас
 


Bosnia struggles to form state and entity governments
Bulgarian politicians caught in luxury phone trap
Thousands still missing from Yugoslavian wars