Број 2950  вторник, 31 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Ректорот забрани расправа за протестот


фото КИРО ПОПОВ

Остри реплики за вмешаноста на политиката во унивезитетскиот Сенат

Жаклина Хаџи-Зафирова

Универзитетските професори вчера излегоа вцрвенети од нервоза поради однесувањето на првиот човек на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Велимир Стојковски, кој под изговор дека не сака политиката да ја нарушува автономијата на Универзитетот, не дозволи оваа институција да излезе со став во врска со тепањето на студентите од Архитектонскиот факултет на протестот околу изградбата на црква на скопскиот плоштад.

„Ве молам, политиката да ја оставате на долната врата кога ќе доаѓате во Универзитетот“, им се обрати Стојковски на сенаторите на вчерашната седница, на која децидно кажа дека не треба да се расправа за протестот, бидејќи добиле писмено известување дека демонстрантите не биле во организација на Архитектонскиот факултет.

„Ректорот на Универзитетот не би требало да става потпис на претседателска кандидатура. Ако сме веќе надвор од политиката, да бидеме доследни“, му возврати професорот на ПМФ, Ванчо Кусакатов, на ректорот, уверувајќи го дека Универзитетот, сепак, не е изолиран од случувањата за кои вчера професорите уверуваа дека биле инволвирани студенти по архитектура.

На Архитектонскиот факултет вчера беше мирно, иако во текот на денот кружеа информации дека ќе има повторно протест, но реакциите не стивнуваа.

Неколку коалиции на невладини организации вчера јавно излегоа со осуда на насилството на протестот, осудувајќи го јавниот линч на кој биле изложени некои индивидуалци, мислејќи притоа на Соња Исмаил, ќерката на Ѓунер Исмаил, шеф на штабот на претседателскиот кандидат на СДСМ, Љубомир Фрчкоски.

Студентите од Архитектонскиот факултет жалат што биле полит��чки етикетирани и што не стигнале да изложат дел од своите ставови. Тие се категорични дека не биле против изградбата на црква, туку се против локацијата каде што треба да се изгради црквата. За саботниот протест велат дека биле организирани од страна на неформална група луѓе „Прва архибригада“ и невладината Прогресивен млад синдикат. За настанот дознале и преку Интернет-мрежата за социјално дружење „Фејсбук“.

„Основно демократско право е мирно и достоинствено секој да го каже својот став каде и за што сака. Но, тоа што се случи не беше напад само врз архитектите, туку некоја друга борба беше извадена на површина, од чии интереси и побуди не знам“, вели Богдан Илиевски, студент на Архитектонскиот факултет, инаку дел од „Првата архибригада“. Тој објаснува дека се' кај нас се политизира. „Секој беше свесен за ризикот. Бевме принудени да бираме меѓу две зла: да седиме и да молчиме во страв дека ќе бидеме етикетирани или да се обидеме со нашите искрени цели да иницираме размислување за актуелните архитектонски прашања“, вели тој.

Неговите колеги од факултетот кои присуствуваа на саботниот протест велат дека нивниот револт е подлабок, па затоа коментираат дека Скопје се' повеќе личи на кич, бидејќи со поставувањето нови објекти не се води сметка на целината на градот. Тие се изненадиле кога дошле да протестираат на плоштадот и виделе друга група на местото каде што требало да протестираат. Со нив, како што велат, биле дел од професорите и асистентите на Архитектонскиот факултет кои ги поддржале. Според нив, на протестот имало седумдесетина студенти од факултетот.

Присуството на студентите од Архитектонски факултет вчера го потврди и професорката Зорица Блажевска, која присуствуваше на расправата на универзитетскиот Сенат. Таа, како и дел од нејзините колеги, побара да се расправа за саботните случки, коментирајќи дека, најверојатно, по сето ова, студентите нема веќе да смогнат храброст да се организираат. Професорката Елена Градишки побара да се осудат насилствата од саботата, бидејќи со тоа се испраќа грда слика за државата, додека нејзиниот колега од ПМФ Владо Петрушевски нагласи дека секој универзитет би требало да реагира за репресиите од страна на државата и хулиганските напади.

„Секогаш треба да го браниме уставното право секој да го каже своето мислење. Студентите не мора да имаат дозвола за да протестираат. Ако е така, тогаш во Париз, на пример, никогаш не би требало да се организираат протести“, му рече таа на ректорот. Градишки му реплицираше на Стојковски, кој претходно тврдеше дека добиле писмено известување од деканот на Архитектонскиот факултет дека студентите од факултетот не се организатори на протестот, а ниту е Сојузот на студенти, ниту Студентскиот парламент. Поради ова, ректорот не сакаше да се расправа за протестот, за кој рече дека не го видел.

„Тоа што се случува на улица, кој кого тепал и зошто тепал не е работа на Универзитетот. Не е наша работа да донесуваме осуди и пресуди. Ставот на Сенатот е дека треба да расправаме во рамките на нашата автономија. Ниту знаеме дека биле наши студенти ниту, пак, имаме потврда од факултетот. Во тој контекст, сметам дека нема потреба да расправаме за нешто што се случило надвор од Универзитетот“, изјави ректорот пред присутните професори на кои постојано им упаѓаше во збор додека се обидуваа да го наметнат прашањето за протестот.

Студентите не ги поддржаа и претседателот на Студентскиот парламент, Самоил Малчески, и претседателот на Сојузот на студенти на архитектура, Радослав Јовановски, кои рекоа дека не биле информирани за протестот.

Соња Исмаил, која во медиумите беше прозвана дека била видена на протестот поради што доби политички призвук поради ангажираноста на нејзиниот татко во штабот на претседателскиот кандидат Љубомир Фрчкоски, вчера тврдеше дека изминатите три дена врз неа се врши јавен линч од страна на разни партии, студентски организации, блогери и уредници на весници.

„Ме обвинуваат за подготвување јавни собири, поттикнување насилство, узурпирање јавен собир и дека сум планирала легализација на геј-бракови и посвојување деца“, вели Исмаил, која најави кривични пријави за клевета. Таа демантира дека била присутна на протестот, бидејќи била отсутна од Скопје, па затоа вели дека некој лаже дека ја видел на камера. Приватно, таа целосно го поддржува протестот како дел од слободата за јавно собирање, а употребата на нејзиното име во.

Како доказ за вмешаноста на владејачката партија во контрапротестите вчера меѓу приврзаниците на „Фејсбук“ кружеше и преписката на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Ивица Георгиевски, кој на својата страница на денот на протестот повикува во 11 часот „сите Македонци да ја дадат својата поддршка за изградба на најголемиот храм на МПЦ“. Поранешниот прв човек на Агенцијата за спорт и млади под П.С. уште повикува „а ги чекаме останатите во 12 часот“.


Статијата е прочитана 2949 пати.

Испрати коментар

Од: Angel
Датум: 31.03.2009 00:20:42
Nesto pocna da se dvizi!Bravo studenti od arhitektura,pokazete im na ostanatite zaspani studenti kako treba da se bori za Makedonija. Me interesira nesto, Grcev go smetam za prijatel, no ne znam kako izgleda kerka mu?Kako moze VMRO da znae?Ili ima od sekogo od nas sliki?Ne pratat , ne prisluskuvaat?!A sto ne kazat deka tamu bese i kerkata na Latas?Ili toj e niven pa nema sto da kazuvaat..A onoj kreten sto izvikuvase siptari , siptari, denes na standot na vmro od sprotiva na gradska bolnica delese flaeri na kandidatite na vmro!
Од: Koki
Датум: 31.03.2009 00:23:53
Prvo, davam celosna poddrska na studentite! I kako sto tocno si kazaa, ne protiv crkvata, tuku protiv gradenje na bilo kakov objekt na plostadot! Vtoro, tie rektori, profesori i t.n. intelektualci - treba da se preispitaat sebesi dali zasluzuvaat da bidat tau kade sto se i dali navistina ja "pogodile" svojata profesija. Treto, Malceski i toj drugiot se marioneti na VMRO... i im e strav da go ikazat svoeto mislenje iako mozebi dlaboko vo sebe se soglasuvaat so ovoj protest! Cetvrto, koga gi gledav snimkite se sramev od toa kade ziveam i so kakvi luge sum opkruzen!!! I na kraj, dajte luge ne politizirajte se sto se slucuva! Mozebi i toa sto utrovo prodavackata vo Tinex me pogledna popreku e politicki inicirano, a?:) Mislam, sramota... Samo vo siromasna i beznadezna drzava se slucuvaat vakvi i slicni raboti! Pozdrav za Utrinski
Од: t24
Датум: 31.03.2009 00:24:01
tie sto protestiraa protiv crkvata --neka se zasramat -demek ce se narusel izgledot na centarot vo skopje---zosto ne protestiraa koga se zagradi cel kej--gi prasuvam dali dosega centarot imase izgled? --jas mislm deka cel centar treba da se rushi i odnovo da se izgradi--za pocetok predlagam nova crkva da se izgradi---i marsh site vo selo od kaj sto ste dosle da go grdite centarot na skopje
Од: Makedonec vo EU
Датум: 31.03.2009 00:26:32
BJRM ne zasluzuva ni bezvizen rezim (a kamoli vlez vo EU) uste 100 godini. Tepacite za edno evro (sendvic) cuvajte si gi vo FYROM, ovde ne ni trebaat, fala. I dremete nadvor od Evropa, zatoa sto ne pripagjate vo civiliziraniot svet.
Од: Itar Pejo
Датум: 31.03.2009 00:33:01
I vo Skopje ima luge koi sto se secavaat deka vo 1968 godina rektoratot i profesorite na belgradskiot universitet se solidariziraa so studentite. I vo Skopje imase manifestacii, skromni, kako ovaa od sabotata. Ama togas vo Skopje nikoj ne gi tepase studentite. Drugi vreminja bea toa.
Од: acko
Датум: 31.03.2009 01:42:48
Dali za ova e potreben komentar.Ova e nasokata kade sto odime so ovaa vlada.........
Од: Гласач
Датум: 31.03.2009 02:00:17
Господе прости им не знаат што прават (ама на овие квази Ректори,професори и сл.на нив кои изигруваат деполитизирани интелектуалци). Па нели тие први истрчаа со подршка за Владиниот кандидат за Претседател кој испадна недоветен и не убедуваа колку бил „ПАМЕТЕН ?“со свои потписи.А се прашувам колку има вечити студенти како оние од Парламент и нивниот лидер Самојле кој како да не учи Историја бидејќи изгледа е постар од неа (со Чак Норис заедно) па лута и во политика мада и тој се прчи дека е деполитизиран?! НЕ ГО ТЕПАЈТЕ НАРОДОТ - ПЕНДРЕКОТ БОЛИ НО НЕ ПОВЕЌЕ ОД ГЛАСОТ НА НАРОДОТ!
Од: Filip Shumski USA
Датум: 31.03.2009 02:39:52
Rektorot na univerzitetot so izjavata deka site koi ke vlezat vo univerziteto politikata da ja ostavat na dolnata vrata sosema jasno se proiznesol: site onie koi neeja podrzuvaat aktuelnata vlast i ne go dadoja svojot potpis za kandidatot za predsedatel od vladeachkata partija odnosno nese na spisokot na intelektualcite i akademicite koi go pdrzaa i so koj spisok celo vreme maftashe vo predizbornata kampanja , svoite politichki mislenja da gi ostavat nadvor od univerzitetot zatoa shto nemislat isto kako rektorot i ostanalite koi go storija toa pa so svoite potpisi9 se sakale da priznaat ili ne veke prisutni vo site politichki i izborni zbivanja prisutni.
Од: kiro USA
Датум: 31.03.2009 02:58:40
Gospodinot Velimir Stojkovski i drugite ja omalozuvaat inteligencijata na studentite, Nekoj da mu objasni na Stojkovski deka intelektualcite se stolbot na drzavata izgleda toj ja izgubil celata smisla , ne e ni cudo sto od nikoj vo svetot ne e priznat Kiril i Metodi ako e uste univerzitet.. Crn oblak ja pokril Makedonija!!!!So gradenje crkvi ekonomijata i standardot na narodot ne se podobruva.
Од: Odgovornost od Premierot
Датум: 31.03.2009 03:21:43
Kotevski ima pravo,policijata ne bese spremna,studenitet trebase 48casa porano da gi informiraat?!A koga mlekarite protestiraa pred vladata,togas bese spremna policijata,ne im trebase 48casa??Covece,pa i kaj privatnata firma Swedmilk,ne im trebase 48casa,za da se spremi policijata,i toa so specijalci!!Ovaa e KASAPANATA na Gruevski!!Covekot plus dava izjavi,ne samo sto ne go osudi nasilstvoto od strana na partiskite vojnici na DPMNE,tuku i gi obvini studentite,deka tie se protiv site vladini poekti,zad koi stoi direktno prof.Grcev!Nevideno hohstaplerstvo!Dobro e sto pobedi vo prviot krug.Pa,zamislete lugje kako ke bese ako izgubese??Gruevski e toj sto go podrzuvase Menduh Taci vo 2008,so toa sto mu ostavi na raspolaganje policija i alfi,da go terorizira albanskiot narod vo zapadna makedonija za vreme na izborite..Samo partiskite vojnici na Taci bea osudeni,a Gruevski i Taci ne?!!Zaboraviv deka imaat imunitet,edniot e Premier,a drugiot Pratenik?Sepak,za se si ima lek vo ovoj zivot!!
Од: jimmy1
Датум: 31.03.2009 04:35:46
Pa sigurni i rektorot e partiski poslusnik, pa zata go dobil to mesto. Treba da napusto od taa funkcija. Dokolku vo univerzitetite ima profesori partiski poslusnici, se znae deka i ocenuvanjeto ke bide na partizka osnova, znaci i obrazovanieto ni otide kurban.
Од: siljan
Датум: 31.03.2009 05:22:38
Da mi e da znam koj go odbral Velimir Stojkovski za rektor. Vakvi "akademici" koi "bez da se svesni" promoviraat (ili se pravat slepi na..) fashizmot - cija sto grda glava se povece izronuva od zabokrecinata vo Makedonija. Ne e mnogu za cudenje sto "obicniot" ne tolku educiran narod izrazuva reakcionerni, neadekvatni i prosto smesni "stavovi", no koga eden rektor na Universitet, namesto da e prva sila na bezkompromisna demokratija i progres, saka da ne se "involvira" - toa e indirektna dozvola na vlez na fashismot. Povik za linch. Glupanderu Stojkovski, studentite vo cel svet se glavni dvigateli na progresnata misla. Treba da se gordeete sto vo segasnite uslovi seuste imate studenti od toj kov. Koga ce gi nemate, toj isti moment znajte deka demokratijata vo Makedonija e - mrtva!
Од: hristijanin
Датум: 31.03.2009 05:41:35
studentite se idninata na drzavata a ne crkvi srede plostadi vo grad i drzava kade sto 20 a mozebi i poveke procenti se muslimani i clenovi na drugi veri.zarem tie ne se luge.ima crkvi vo centrite na svetskite metropoli ama nivnite centri se kako pola skopje.
Од: Bobo
Датум: 31.03.2009 06:17:39
Pa kako ne ke zabrani rasprava za protestot koga i TOJ samiot e VMROVEC
Од: AHIL69
Датум: 31.03.2009 06:54:58
Mnogu ubavo se gleda deka dekanot e partiska pionka tuka,a znaete li deka toj Samoil Malcevski pretsedatelot na studentite e eden golem prevarant koj zaedno so tatko mu i Berta sanders koja e osudena za lazno prestavuvanje saakaa i izlazaa mnogu gragani vo makedonija , prestavuvajki se kako prestavnici od EU, toj Samoil gi noseshe lugeto vo Prilep kaj negovata bratuceda Berta Sanders- Korunovska i gi ubeduvashe deka taa e prestavnicka od EU i preku nea se pravat mnogu proekti, a potoa im gi oshtetuvaa finansiski, i sega toj Samoil ke gi vodi studentite , samo toa si e taka i toj si e kako vladata KRIMINALEC
Од: Trajko
Датум: 31.03.2009 06:58:50
Згазено е основното човеково право-право на мислење и протест. Со тоа се погази демократија во РМ. Така започна фашизмот во Италија, така започна нацизмот во Германија во раните 20-ини години од минатиот век. Сите фактори, партии и организации во РМ ��реба да го осудат вандализмот изразен при мирниот протест.
Од: Програмер
Датум: 31.03.2009 07:25:41
Во право е Ректорот - нема што да се расправа на Универзитетот - протестантите не беа студенти, туку активисти на СДСМ среде изборна кампања.
Од: Битолјо
Датум: 31.03.2009 07:35:15
Што Велимир Стојковски како граганин нисли za крстоносниот поход ???
Од: trde
Датум: 31.03.2009 07:40:21
ce si go dobie i malceski, a rektorot, e pa rektore toa bacilo takva mast vadi. Da zivee Rajhot!!!!!!
Од: Alek
Датум: 31.03.2009 08:16:08
До Програмер: Програмер, ај пишувај си кодови и скрипти, очигледно не те бидува за да расудиш реално за работите.
Од: Трпе
Датум: 31.03.2009 08:16:58
Се извинувам,од кои редови се ректорот на скопскиот универзитет и претседателот насојузот на студентите Малачевски.По се изгледа дека ја подржуват опозицијата.Диктатурата чука на голема врата.Македонски народе така ни било кажано на третата вечер од наречниците.
Од: Bafomet Sekularski Manchevsky-Dragon Fly
Датум: 31.03.2009 08:49:07
Nishto ne se sluchuva ! I nemojte mnogu da se pleskate od zemja! Studenti?! Kakvi studeni! Pa tokmu tie ( studentite ) so godini nanazad - doneseni od najodalechenite provinciski gnezda se rak -rana na ovoa milje.... Vakvi studenti i univerziteti se priciniteli za haosot koj shto vladee vo ovoj grad i drzhava. Zarem ne se istite tie - studentite - tie shto ja kreiraa nekogashnata udbina politika - po ulkicite na ovoj grad. Zarem ne se tie "arhitektite" na apsurdot na ovaa Sodoma?! Ve prashuvam jas vas? Vashite studenti?! Impotentno-nekompetentni-provincijalci!! Povtoruvam: Univerzitetite ( site ) treba da bidat zatvoreni. Tie se najgolemite kotli na kich-ne vkus i apsurd. Ovaa zemja nema kapacitet! Vie ste eftin pornografski fijasko!
Од: Studentsko budenje
Датум: 31.03.2009 08:52:24
A koa se potpishuvashe rektorot za poddrshka na kandidatot Ivanov, togash moze da ima POLITIKA vo rektorat i Univerzitet. A deka se potpishal kako privatno lice LAZE (kako i site vmrovci) zatoa shto go procitaa na listata za podrzka na Ivanov kako Prof. Dr; Rektor na Univerzitetot. neli de, kako grupa na intelektualci. A sega se pravi na UDREN. za STUDENTITE BRAVO i PODRSHKA.
Од: mimi
Датум: 31.03.2009 09:19:56
Едно многу едноставно прашање? Зошто се случуваат вакави нешта кога е ВМРО-ДПМНЕ на власт ? Обичен и многу конструктивен одговор: Мајсторот на сите случки е секако само СДСМ, Бранко Црвенковски и неговата кујна, затоа што не сакам да речам дека е тоа партија, затоа што се што таму ќе се закрчка смрди низ цел свет. Не станува збор за некоја иницијатива на студентите по архитектура затоа што и јас сум од истата струка, студентите се само параван на Грчев и некои колеги тн. професори од поновата генерација кои гребејќи се околу БЦ продолжуваат со инсценирање на испотепани студенти кои не можат да си ги искажат своите ставови, не ги потценувам но сметам дека студентите со нивната визија можат да сторат многу но досега на плоштадот се направија и други измени зошто тогаш Грчев како градски архитект не ги изорганизира или воопшто не се случи нешто слично како во неделата, од тука следува дека целата манџа е токму од предходно наведената кујна, најверојатно и Владе Милчин е студент и роди
Од: Do: Programer
Датум: 31.03.2009 09:22:26
Duri i da e tocno deka opozicijata stoi zad studentskiot protest, toa ne ja amnestira Vlasta od odgovornosta. Tepanje na neistomislenici e karakteristika samo na totalitarni rezimi - fasizam, nacizam i socijalizam (mada vo Jugoslavija ne gi tepaa studentite). A so vakov Rektor - Poltron, tesko na MKD, koga na studentite im se isprakja poraka deka poltronstvoto e pozelna osobina vo karierata, a izrazuvanje na mislenje razlicno od ona na vlasta se plakja so kjotek.
Од: Стојко
Датум: 31.03.2009 09:28:41
Господине Стојковски, точно е дека Универзитетот е аполитички, но точно е и тоа дека неговите професори се на големо - политички. Ваше е да го осудите тепањето на студентите од страна на бандитите на власта и црквата. Со тоа ќе го спречите мракот кој се надвива над Македонија. Студентите го осветлија образот на оние (професорите) кои одамна требаа да го кренат гласот против враќањето наназад, кон средниот век.
Од: b
Датум: 31.03.2009 09:38:37
Ректоре, се плашиш, а! Па ке можеш ли додека си на ова место да го искажуваш туѓото мислење. А знаеш, ректор е менлива и минлива работа. Ако за претседателски кандидат се потпиша од свое име, искажи го и сега мислењето од свое име. Да те видам! Сироти ние, со ваков ректор. Сирот универзитет. Затоа никој никаде не ни го есапи.
Од: mm
Датум: 31.03.2009 09:46:45
ne sum politicki opredelena i ne opravduvam NIKOGO za nemilite nastani okolu studentskiot protest vo sabotata. no, se zaprasal li nekoj okolu tajmingot na ovoj protest - edna nedela pred vtoriot krug na izbori?! pri sto treba da se vodi smetka deka prviot krug pomina vo izvonredno mirna atmosfera, a samite izbori ni bea postaveni kako uslov za datum za pregovori so EU i olesnuvanje na vizniot rezim. imam (paranoicno) cuvstvo deka nekoj si igra so narodot i si zema za pravo da go (o)stavi vo celosna izolacija samo zaradi bednite partiski interesi.
Од: Dva arsina
Датум: 31.03.2009 10:16:46
G-dine Stojkovski t.n. i "isporacan" rektor na univerzitetot Sv. Kiril i Metodija. Ako politikata treba da se ostavi pred vratite na univerzitetot , togas zosto vie so svojot potpis davavte podrska na kandidatot na edna politicka partija. Ne e tocno deka toa go dadovte kako"gradjanin Stojkovski" Na site mediumi bese jasno kazano deka za kandidatot podrska so licen potpis dade i rektorot na univerzitetot Sv Kiril i Metodija. Nemojte da lazete i ja zamajuvate makedonskata javnost , Stramota e za eden takov visok intelektualec.
Од: gledacka
Датум: 31.03.2009 10:26:47
Imam prasanje do uvazeniot Rektor na Univerzitetot: za kogo postoi toj i site drugi clenovi na senatot? Ako nemaat studenti (koi ne bile nivna rabota ako gi tepaat) togas cumu ni se? Ima cesni isklucoci (cestitki za prof. Kusakatov imase tri cisti, da ne recam dve rala m....a za da se sprotistavi) A funkcionercinjata na tn.studentska organizacija veke gi stegnale vratovrskite i si odrabotuvaat nekoe mesto na sitno funkcionerce, so tap i poln so omraza pogled. Koga jas studirav, kazuvam otvoreno, se majtapevme so takvi studentski funkcioneri, zasto bea em losi studenti em vazelinci.Na studentskite nemiri vo 1968-a profesorite jadoa isto tolku kotek kolku i nivnite studenti. Ama toa bea PROFESORI!!!! So seriozen naucen i obrazoven profil, a ne kako pocituvaniot Rektor i nemu slicni. Patem Rektorot neka obezbedi plati za profesorite sto ne gi dobile tri meseci, ako veke studentite ne se negova rabota.
Од: student
Датум: 31.03.2009 10:29:04
samo ova ke go kazam: koga bea izborite za pretsedatel na Studentskiot parlament, Radoslav Jovanovski stoese na vlezot kade sto se glasa i skoro na sekoj student mu priogase so prasanjeto: nosis indeks? ajde da glasas! - znaes za kogo neli? - za Samoil Malcevski!! i posle ispolitizirani studenti??? da ama koi?
Од: saso
Датум: 31.03.2009 11:49:03
kako ne vi e SRAM kade bevte koga se digase skender bek na samo 100 metra od plostadot da go iskazete vasiot revolt vo fufka a.. poglednete protiv sto ste ZASRAMETESE arhitekti p.s se nadevam deka komentarov ce bide objaven a ne cenzuriran
Од: bobi
Датум: 31.03.2009 11:51:59
zarem mislevte deka ke go ostavat univerzitetot nepartiski .pa prva rabota za koja se izborija vmrovcite bese da se izbere pretsedatel na studenska organizacija prav partiski vojnik.Vtorata rabota bese ustolicuvanje na uste poagresiven partisaki vojnik na rektorskoto mesto .znaci od nezavisnost na univirzitetot nema zbor.
Од: od Bobby Svetska
Датум: 31.03.2009 12:26:17
Jas gi razbiram site ne pismeni komunisti i nivnite deca studekti deka ne mozat da izdrzat zaguba prema Makedonskiot Narod ali ovie kriminalni krvopilci gi dotera do tuka i izdrzete za ova stogo pravite protiv Makedonia iMakedonskiot Narod sekoj Makedonec treba da e brani Makedonia bez razlika na Partia koga cel svet e delese Makedonia i Makedoncite ginea ne ja prodadoa a zosto sega da e prodade pozdrav do site.
Од: Pero
Датум: 31.03.2009 12:42:55
kolku ke bev sreken da videv barem nekoja modrinka a presreken i nekoja grebanica da imase pa zamisli i krv da potecese...ama nemase nisto od toa!da imase veke ke go imase na site naslovni strani....I da bese toa fashizam dragi moi dosega nemase da postoi utrinski ke bese ukinat, redakcijata i onie sto pisuvat komentari protiv vlasta vo koncentracioni logori itn itn
Од: Nezavisen
Датум: 31.03.2009 12:56:37
Generalna proba pred najavenite protesti na B.crvenkovski.Srarmno odnesuvanje na familija Ismail i ostanatite, sram i za naredbodavatelite i site nemakedonci.Edno e da se protestira i sekoj ima pravo na toa, no koga go pravite istoto vo meguizborno vreme, i koga toa go pravat direktno involvirani vo izborite, toa e nesto drugo i nedozvolivo. Koga zborovite ne uspevaat da ubedat, nekogas i silata...
Од: drw
Датум: 31.03.2009 13:13:59
Sega i Vlado Petrusevski se pravi democrat. Pa znaeme deka mu godese koalicijata na SDSM so LDP, pa sega tugjata tepacka bila represija od strana an drzavata. Da ne misli deka ova se studentskite nemiri vo Pariz vo 1968, mu doslo ubavo na dusata oti se potseti na mladosta? Ama togas u Skopje (1968-ta) nemase koj da demonstrira. Aj neka kaze nekoj zosto tokmu taa sabota se demonstrirase, a ne posle 5 april, posle izborite?
Од: Predrag Terzioski
Датум: 31.03.2009 13:57:31
Rektorot Stojkovski nema da moze mirno da spie. Sovesta gi progonuva i najgolemite surovici.
Од: dejco
Датум: 31.03.2009 14:47:36
Se sramam sto su clen na VMRO od 93 godina ovaa bez razlika koja i da e partija ne treba da e so kotek ovaa e povise i od vremeto na Enver Hoza od Albanija ni SDSM ne se saglam ama barem mozese mirno da demonstriras takvi primeri imamm polno ama ova so kotek po studentite DOLE VLADA
Од: nema vrska
Датум: 31.03.2009 15:06:23
Самоил Малчевски-бранител на правата на студентите!? Смешки во боја! До сега сите претседатели на ССУКМ беа партиски војници, ама како овој немало! Страшно!

Најди! во Утрински
На прво место
Полицијата посредно им помогна на тепачите
Скопската епархија се оградува