Број 2950  вторник, 31 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Полицијата посредно им помогна на тепачите

Според експерти за човекови права, МВР не реагирало според овластувањата и не спречило насилство

Сања Наумовска

Полицијата мора да обезбеди непречено одвивање на мирен протест, особено ако тој претходно е најавен. Експерти за човекови права објаснуваат дека Уставот и Европската конвенција, како и Европската повелба што ја обврзува Македонија како аспирант за членство во ЕУ, гарантираат право на мирно протестирање, како едно од основните човекови права.

Обезбедувајќи го правото на мирен протест, полицијата мора да ги обезбеди локацијата и маршрутата од евентуално попречување од контрадемонстранти. И тие, исто така, имаат право да го искажат својот став, коментираат експертите, но притоа не смеат да дојдат во контакт со мирните протестанти ниту, пак, да ја окупираат нивната локација.

Во контекст на случувањата изминатиот викенд на плоштадот „Македонија“ во Скопје, кога група граѓани попречија мирен протест на студенти од Архитектонскиот факултет, експертите ја наоѓаат одговорноста во Министерството за внатрешни работи.

Во случајот, коментираат тие, ниту било соодветно обезбедувањето ниту, пак, биле заштитени демонстрантите. Особено поради тоа што во некои медиуми, ден пред најавениот протест, јавно било агитирано за организирање контрапротест, што, пак, е индиција дека може да се случи кривично дело насилно попречување мирни демонстрации.

Според доцентот по кривична постапка на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Гордан Калајџиев, полицијата ниту овозможила услови за мирно протестирање ниту, пак, ги заштитила присутните од насилство. Тој вели дека редарската служба, која организаторот е должен да ја има, е наменета за контролирање на случувањата во редовите на демонстрантите, но нем�� никакво овластување во однос на трети лица. Напротив, ако редарите дојдат до евентуален контакт со граѓани, тоа може да се смета како напад или провокација.

„Полицијата не реагирала согласно со обврските и не ги задржала контрадемонстрантите на дистанца од локацијата на мирниот протест, со што овозможила да дојде до физички контакт. Тие биле должни да бидат позитивно настроени кон мирните демонстранти, а не како што бевме сведоци, да дозволат насилна група да ги малтретира и да ги застрашува“, вели Калајџиев. Тој објаснува дека организаторите имаат право, покрај насилниците кои директно манифестирале физичка сила и застрашување, да ја тужат и полицијата, бидејќи не им овозможила да ползуваат загарантирано човеково право.

„Европскиот суд за човекови права има бројни пресуди врзани за заштитата на ова човеково право, кои велат дека правото на контрадемонстрација не смее да се прошири на сметка на правото на мирен протест“, вели Жарко Трајаноски, активист за човекови права.

„Не е важен мотивот, ниту тајмингот на протестот ниту, пак, кој е организатор, правото на искажување мислење е загарантирано и обврските на полицијата се јасни. Особено ако протестот е најавен, што не е задолжителна обврска на организаторот“, вели Трајаноски, посочувајќи дека МВР ги имала сите индиции дека ќе се случи попречување на протестот, како и дека одредена група поттикнува верска омраза, национална нетрпеливост и навреда на сексуалната ориентација. „Полицијата со својата (не)активност, асистираше во правење кривично дело откако не реагираше на психолошкото и физичкото насилство и на крајот не ги уапси насилниците, туку ги инкриминираше жртвите“, вели Трајаноски.

И за Ѕвонимир Јанкуловски, експерт за човекови права, нема дилема дека правото на мирен протест е круцијално право во демократските општества.

„Не е чудно две страни да имаат спротивставени мислења за една иста работа. Тоа што загрижува во случајот е улогата на полицијата што треба да го канализира можното насилство меѓу нив. Дали станува збор за лоша процена - ќе треба да каже Министерството“, вели Јанкуловски.


Статијата е прочитана 2068 пати.

Испрати коментар

Од: Moderna makedonija
Датум: 31.03.2009 00:12:55
Gruevski namesto da se interesira za investicii i podobar zivot na site gragani, privilegira crkvi, tenzii, nesigurnost, i sto ne? Makedonija stana edinstvenata crna tacka bo balkan. Ne mi e jasno kako tolku neprijateli imase i ima Makedonija(site tie sto glasaat za VMRO i Gruevski, koi sakaat da ja unistat MK). Makedonski narode(makedonci,albanci i dr) probudete se, vreme e, uste ima nedez. Da zivee slobodna i demokratska MK.
Од: Makedonec vo EU
Датум: 31.03.2009 00:18:43
Napred ovci-tepaci! So kjotek vo EU i NATO :))))
Од: Petre
Датум: 31.03.2009 00:20:03
dosta ni pravi EU " fuck in brain".. pa vo Grcija sekoj den gori, imase i covecki zrtvi u gajle si nemat..tie bile demokrati... a priznaa deka vcera vo cela Evropa imalo demonstracii, ama demek za drugi raboti... a PROVIDNA e strategijata na sdsm, interesno i Tito i kandidatot za Centar ja podrzaa gradbata na Crkvata.. a ne mi e jasno kako Ustavniot Sud ja dozvolil ??? osporija duzina zakoni a tuka i ostavija tempirana bomba ne samo na vladata tuku na Makedonija... dosta so Izboren Juklen teatar...
Од: acko
Датум: 31.03.2009 01:45:08
Znci sega treba da se pazi sto se zboruva bidejki i policijata ne stiti od huliganite na dpmne........
Од: Filip Shumski USA
Датум: 31.03.2009 01:52:53
prostoe smeshno koga se zboruva za demokratija mometalno vo R.M. prosto e sosema e jasno sve moze drugo dase nareche vladeeneto na ovaja vlast sem demokratija. Pa sevo ova e servirano od samata vlast bidejki mirniot protest e protiv odlukata na samata vlada za gradenje crkva na toj prostor, i poveke od sigurno zad anti protestantite gi ima organizirano onoj koj trebashe da vnimava da se odrzi mirno ibez incidenti protestot atoae MVR, i vladata , notie toa gostorija obratnoto i nivnata policija napagashe po onie koi legalno najaveno protestot odnosno po nashite studenti . Pratejki9 ja setoacijava so izborive sevo ova lichi poveke na anarhija nego na demokratija, pa ovaja partija ja zede celosnata vlast i na lokalno i na drzavno nivo ushte sto treba da bide nivni predsedatelot na drzavata i togash moze Grujoski da se krunisa za kral, ja neznam dali nekoj vo takva okolnost bi gledal demokratija vo R.M , No treba da svatat deka ova shtose sluchi nema dase prechuti vo Brisel.
Од: Odgovornost od Premierot
Датум: 31.03.2009 03:08:05
Kotevski ima pravo,policijata ne bese spremna,studenitet trebase 48casa porano da gi informiraat za protestot?!A koga mlekarite protestiraa pred vladata,togas bese spremna policijata,ne im trebase 48casa??Covece,pa i kaj privatnata firma Swedmilk,ne im trebase 48casa,za da se spremi policijata,i toa so specijalci!!Ovaa e KASAPANATA na Gruevski!!Covekot plus dava izjavi,ne samo sto ne go osudi nasilstvoto od strana na partiskite vojnici na DPMNE,tuku i gi obvini studentite,deka tie se protiv site vladini poekti,zad koi stoi direktno prof.Grcev!Nevideno hohstaplerstvo!Dobro e sto pobedi vo prviot krug.Pa,zamislete lugje kako ke bese ako izgubese??Gruevski e toj sto go podrzuvase Menduh Taci vo 2008,so toa sto mu ostavi na raspolaganje policija i alfi,da go terorizira albanskiot narod vo zapadna makedonija za vreme na izborite..Samo partiskite vojnici na Taci bea osudeni,a Gruevski i Taci ne?!!Zaboraviv deka imaat imunitet,edniot e Premier,a drugiot Pratenik?Za se ima lek vo ovoj zivot!
Од: Skopje
Датум: 31.03.2009 06:15:06
Poglednete gi policajcive kolku lezarno si stojat so racete na zadnikot si posmatraaat i SVE ke vi bide jasno. Si stojat si posmatraat mislis si dosle na nekoj festival pa se zanele vo muzikata. SRAMOTA!!!!! Zarem toa ne e FAKT deka TIE SE partiski poltroni naracani od Gruevski koj se tamu SAMO za da gi podrzat tepacite inaku kako bi imale smelost tepacite da tepaat studenti pred ocite na policijata ako ne znaele deka ustvari policijata e tuka za da im dade moralna podrska i znak za JURIIIIS vo terpacki. .
Од: kira
Датум: 31.03.2009 06:32:07
Vo vreme odnosno edna nedela do izborite protest na samo mala grupa na studenti koi patem i ne bile organizirani od fakultetot vo najmala raka e rizicno .So samoto toa se doveduvaat vo prasane mirnite izbori a koj ima korist od seto toa?Koj ja izmanipulira mladinata pa makar tie bile studenti ili nemieni kako nekoj gi narekuva.Zalno za mladinata ,Zalno za Makedonija!
Од: TITO
Датум: 31.03.2009 07:19:51
Pa jas mislam deka dobro pominaa studentite, bidejki ne bea tepani i od policijata, Pinoce,Hitler, i neznam koj diktator ushte moze da ucat ot Pastirot sho e toa DEMOKRATIJA, Ave zandari kako be tie protiv vashiot diktator abe tepaetegi, oni ke kazat kaj da se gradi, se znae koj kazuva vo mk - i nikoj -Gujo dug
Од: Програмер
Датум: 31.03.2009 07:29:27
Сега ви е винивна олицијата. СДСМ ги злоупотреби студентите и им организира протести сред избори, токму за да после ја нападне ВРМО-ДПМНЕ, владата, полицијата и црквата. Не би ме зачудило ако утре го обвинат и народот. Сите им се виновни затоа што катастрофално губат на овие избори.
Од: До програмер
Датум: 31.03.2009 07:52:05
Програмер гледам дека изполитизирано гледаш на работите па би сакал само да се размислиш за следново. Ако како граѓани на оваа држава си ги промениш политичките погледи или пак во некое идно време на власт е некоја друга партија со чија политика не се согласуваш, каде ти е гаранцијата дека тогаш нема тебе никој да те тепа кога ќе посакаш јавно да си ко искажеш своето мислење. Зар нашите граѓански права треба да зависат од тоа кој е на власт?
Од: Трпе
Датум: 31.03.2009 08:06:06
И полицалците се за жаленје.Во вакви услови на управуванје,поточно држава која оди кон диктатура и тие незнаат на која страна да застанат И тие имат семејства.Но нека му служи на чест на високото раководство.Одговорноста е нивна.
Од: Alek
Датум: 31.03.2009 08:40:36
Програмер, очигледно кога ти правеле brain wash нешто згрешиле во кодот. Ај ресетирај го тој мозок малце!!!
Од: Fuere
Датум: 31.03.2009 08:56:04
Sekoja cest na FUERE. Kako covek objasni shto se slucuva u zemjata a vie dremete samo. Ova e akt protiv zagushuvanje na javnoto mislenje, zagushuvanje na intelegencijata i prosperitetot vo MK. a amb na USA ubavo im go zalepi, samo ne sakashe da kaze HULIGANI, ke trebashe da se simne na nivo na prostacite koi 'sponatno' sobrani; so plakati, treansparenti, i flaeri (od pari na makedonskiot siromashen narod) gi tepaa studentite. UAAAAA za POLICIJATA....
Од: Стојко
Датум: 31.03.2009 09:00:58
Многу е чудно што никој не го кажува она што е очигледно. Тепачката е организирана пред сè од Македонската православна црква, па потоа, власта (ВМРО-ДПМНЕ), за која водеше кампања и на која и пружи полна подршка, најчесто преку перење на сивите ќелии и на парите на нејзините верници. Зарем не е симптоматично ослободувањето од криви��на одговорност на црквените великодостојници во случајот со струшкиот хотел. Па зарем се тие над „земските“ закони?
Од: ego
Датум: 31.03.2009 09:14:02
se sobrale da protestiraat, neka protestiraat, ke im mine.... ama zosto pak od druga stana kontraprotest?!?
Од: slartibartfast
Датум: 31.03.2009 09:16:45
Vaka se odnesuvala nacistickata mladina i bugarskata fasisticka mladina "Branik" koja funkcionirala vo Makedonija za vreme na Vtora svetska vojna. Odis po ulica i tepas se pred sebe sto ne ti se dopaga ili ne e so vmrovska boja. Vo koj pravec se dvizime? Ajde da gi smenime!!!
Од: МЗ
Датум: 31.03.2009 09:17:40
Да стоиш во средина е најтешко , на било која страна да интервенипаш, другата страна ке те обвини.Во овој случај не ја видам вината во полиција и нивната пасивнос,да не требало во случајот да се активират специална и ЕБР ,најголемата вина е во партиски полтрони кои користат секој настан да го политизират .Еднаш за секогаш политиката мора да расчисти со цркви и џамии,има кој таму да води нивна политика.Владата има доволно проблеми за расчистување а не да решава за цркви и филхармонии.
Од: Davor Kamenko
Датум: 31.03.2009 09:26:56
Krivicni za tepacite i za policajcite!!! Kakva e ovaa policija sto go tepa neviniot narod? Policija e za da go brani narodot a ne da go tepa!!! Povtorno ke napomenam i jas bez nikakva pricina bev butkan i mavan od policaec, soobrakjaec na stara rampa! Koj im dava takvo pravo??? Ovaa vlada uporno saka so sila da ja vodi drzavata!! Pa ako ste vie ovci sto go sledat ovcarot, ne znaci deka i so site lugje treba kako so ovci da se postapuva!!! Inaku jas sum Makedonec i Hristijanin, ama NE SAKAM CRKVA NA PLOSTAD!!! Ne moze so sila da ne pravite teski vernici!!! Grujo slusaj go narodot zasto pomisli sto ke ti se sluci koga ke ve simnat od vlast? Da sum na mesto na partijaa sto ke dojde na vlast, site ke zavrsite vo zatvor!!! Vaseto tepanje ne moze da se sporedi so nisto!!! DOLE VLADA!!!
Од: Donald Duck
Датум: 31.03.2009 09:31:39
Do: Programerot. Ne mis e jasni tvoite komentari. Koj ja spomna opozicijata tuka? Ili po receptot na Grujo, za site negovi greski, kriva e opozicijata? Dobro se znae sto se slucuva vo drzavava i koj upravuva so policijata. I vo vreme na SDSM imase studentski protesti organizirani od VMRO (kade politickite karieri gi zapocnaa Gjorcev i Milososki), megjutoa nitu policijata nitu prtiski aktivisti ne gi tepaa. Tuka e ogromnata razlika megju mentalniot sklop na Grujo i Crvenkovski.
Од: a
Датум: 31.03.2009 09:39:03
Ke vidite za kratko vreme, koga ke pocnat lugje po zatvori za nisto. Ke skapuvaat vnatre bez pricina, a nie ostanatite ke gledame na vesti i ke si komentirame. Samo neka ostanat uste malce na vlast i ke vidite deka toa ke se sluciva.
Од: ivan
Датум: 31.03.2009 10:00:03
Zamislete koga Bocevski gi odnese nasite studenti vo Brisel da protestiraat za ukinuvanje na vizite i protiv blokadite od Grcija da se sobraa nekoi tamu i da gi istepaa nasive studenti. A mozno li e toa, e ne e mozno. Toe e mozno samo vo demokratska Makedonija i vo nekoi zemji od Afrika.
Од: до програмираниот
Датум: 31.03.2009 10:14:54
Слушај бе пријател,доколку како што велиш ти и сдсм да го организираше протестот како провокација ,зошто наседна владата а згора на тоа и црквата.Требаше да ги остават сат ,два мирно да си прошетаат по улиците да си го искажат мирно својот став и никому ништо. Се знае во оваа држава кој носи одлуки и каде се носат тие.
Од: Ana
Датум: 31.03.2009 10:25:11
Srekna okolnost za protestot na studentite e sto bea napadnati. Nasilnicite samo im pomognaa da ja razbranuvaat makedonskata i evropskata javnost. A da pominea mirno nikoj nemase ni da se seti sledniot den deka se slucil nekakov studentski protest. Policijata isto taka ne gi sfati seriozno studentite. A za toa sto ne im pruzi pomos koga fizicki bea napadnati zasluzuva prijava.
Од: od mene
Датум: 31.03.2009 10:37:06
Bravo! VMRO demokratite se koristat so tipicni jugokomunisticki finti od 50-tite godini... Ova ni Tito ne go pravel na vremeto..... Sveti "Nikola"..; pateticno, navistina sram me faka od kade sum...ama..; ne se tie krivi - kriva e stokata sto gi glasa!
Од: od Bobby Svetska
Датум: 31.03.2009 10:42:33
Ne plukajte po policiata takvi ne pismeni studenti koj lesno se prodava kako crvenkovski trebase poveke da dobiat .
Од: jas
Датум: 31.03.2009 10:43:04
Nema potreba i jas da kazuvam deka ova sto se sluci e sramota i nedozvolivo. No me interesira uste kolku vakvi slicni postapki (swedmilk, studentite...) treba da se slusat od strana na vladata za da narodot konecno sfati!!!????
Од: jota
Датум: 31.03.2009 10:50:49
ima mesto za crkva na plostad a ne mi jasno zosto ne protestiraa vece se izgrdija 100zgradi vo centar kako cackalici a sega protiv crkva?no vladata treba da razmisluva i pragmaticki imeno vo skopje nema nitu eden don/centar za teskohendikapirani ludje so autizam i cerebralna paraliza zosto nese organizira protest protiv vlada za vakvo nesto ???ajde studenti sega imate prilika da se piokazete.
Од: марта
Датум: 31.03.2009 11:03:17
не го чачкајте програмер...ќе ве најде и ќе ви пуш��и вируси!!! :))) туку за темата...мислам дека сега, кога веќе полека стивнуваат страстите, МОРА да се почне со барање одговорност од оние кои го згазија уставот. Да бидеме реални, главните кривци не се ни тројцата полицајци на плоштадот, ниту вистинските верници (тука попишта не рачунам!) туку онаа банда хулигани која нарипа врз децата (и која е фино-лепо документирана на камера) а богами и оние кои ги организираа: Некои од нив веќе беа прозвани јавно, а за некои најверојатно ќе нема начин да се докаже, зашто се многу важни, многу моќни и најбољи. Немам докази, али као шо би рекол Груевски: не сум сигурна, ама сум длабоко убедена. Поддршка за архитектите! THINK INDEPENDENT!
Од: SLOBODA-nka
Датум: 31.03.2009 11:09:48
Pinoce, Stalin, Causesku, TITO na ovaa BAGRA mozat voda da im nosat, ova go nemalo nigde poslednive 50-60god, a sega eve se javuva na nasive prostori za zalenje, tuku dodeka ima vakvi ( kako grujo, gorcev, bicikliski, latas, milenko, janko) koi go proteziraat FASIZMOT vaka ke bide, dodeka ovoj narod ne se osvesti.
Од: do jas
Датум: 31.03.2009 11:20:03
Odgovor na prasanjeto ;Koga narodot ke svati? Vo Germanija im trebase 12 godinini, plus ruski tenkovi vo Berlin za da svatat. Dareceme deka nasiov narod ja ima istata mok za svakanje kako Germanskiot( sto e dikutabilno) ......
Од: K.J.Kavadarci
Датум: 31.03.2009 11:23:25
СДСМ своите губитнички резултати ги изразува на начин мислејќи дека и оние кои не ги поддржуваат се исто така губитници но искрено се лажат, организираат протести во време на избори толку се провидни што не им доликува, па дури и на сето тоа крива им е и полицијата.
Од: Виктор
Датум: 31.03.2009 11:25:46
Ова не е „Дното„, туку како го „Копаме дното„ на нашата држава. Доколку нема вистинска демократија тогаш Македонија е осудена на распад. Самиот народ нема да си ја сака сопствената држава, ако веќе и не сме отидени во таа фаза.
Од: m0nster
Датум: 31.03.2009 11:33:14
Добро направено сценарио од СДСМ.
Од: bobi
Датум: 31.03.2009 12:00:03
a sto ocekuvate od partiska policija ,normalno e da bide kako ke kaze pastirot.Pa videte gi vo Petrovec sto ravat i se ke vi stane jasno.Ovie vmrovci kumunisticka znaat samo taka da vladeeat.Familijata prvo sto napravi bese da se popolni mestoto za bratucedot.Vtoro bese ministerstvoto za pravda so posle3dniot kumunisticki minister da se popolni ,I taka si go imaat zakonot vo nasata ni preubava predemokratska Hunza Makedonija ,a oni si ziveea ubavo so mnogu pari tenderi reklami .A koj prasa sto ostvarija ??????
Од: Progamer 2
Датум: 31.03.2009 12:15:30
Некој има Амнезија Кога беа Комуњарите на власт и Фрчко полицаец а истовремено и Во Хелсиншкиот Комитет (кој Оксиморон), Тие ПУКАА ( АЛОООООООООООО) Испиени мозоци УБИВАА КОмуњариве со Наполнети Снајпери против Народот И тоа ви беше ОК а сега нема ни повредени а камоли тепани или убивани АЛООООО Кој има измиен мозок Да ви се живи Фрчко , Ѓунер и Милчин , гЕБЕЛС МОЖЕ ДА УЧИ ОД НИВ
Од: Risto
Датум: 31.03.2009 12:15:54
Citam komentari i se cudam. Po komentarite na simpatizerite na DPMNE izleguva deka koga se slucuva ubistvo, vinoven e ubieniot zatoa sto mu se nasol na patot na ubiecot. Inaku vo sabotata pominav na plostad otkako veke se bese slucil incidentot. So moi oci vidov i slusnav kako ona momce sto e direktor na Agencija za mladi go tapkase po ramo edno drugo momce i go prasa "Imate li uste flaeri"?
Од: od Hitler
Датум: 31.03.2009 12:59:12
Smrt Narodu, slobodu Fasizmu. Eeee dragi moi gragjani uste ednas pa da glasate za VMLO-DPMNE ete vi ja prerodbata vo 100 cekori, a ova samo petiot cekor ima uste 95. Losi bile SDSM, vidite gi sega VMLO-ovci, uste ednas pa probajte da glasate za nekoj sto ke napravi prerodba i renesansa.
Од: drw
Датум: 31.03.2009 13:12:35
Spored „Првата архибригада“: “Студентите од Архитектонскиот факултет жалат што биле политички етикетирани и што не стигнале да изложат дел од своите ставови. Тие се категорични дека не биле против изградбата на црква, туку се против локацијата каде што треба да се изгради црквата.” Gospoda, lokacii za gradba ne mozat da dodeluvaat studentite na Arhitektonski, makar i da se organizirale vo brigai od tipot na Prva Proleterska. I zosto tie sami javno ne zboruvaat pred kameri za se ona sto gi motivirase da izlezat an miren protest, tuku za niv zboruva Grcev, i nekolku koalicii na NVO, koi jadea „mrsno” izminatite godini od Milcin i negovata subverzivna fondacija. policijata posredno im pomogna na tepacite
Од: Игор
Датум: 31.03.2009 14:01:08
И лично Бранко да им се јавувал на студентите и да ги организирал да дојдат да протестираат... Тоа му дава право на некого да дојде и да ги тепа студентите? Се што читам од коментаториве ВМР-Овци е тоа. Дека СДСМ го организирал протестот. И? Значи дека талибанците имаа право да ги истепаат студентите заради тоа? Вие сте си задоволни со себе кога ке го напишете тоа како коментар? ОК ви е тоа?
Од: petar
Датум: 31.03.2009 14:52:56
Pa dobro bre luge, site komentirate za losite potezi na grujo, site ste revoltirani od tepaweto na studentite, od Svedmilk, od siromastijata, od nemaweto nikakvi graganski slobodi i PAK TIE DOBIVAAT NA IZBORI111 PA dobro ZOSTO NE GI KAZNIME/// ILI TOLKU E VLEZEN STRAVOT VO KOSKI pa i eden latas ni ja kroi sudbinata i otvoreno se zakanuva. KADE NI E PAMETOT???
Од: jovica do Igor
Датум: 31.03.2009 15:06:00
Abe Igore, ne gi tepase policijata lugjeto. Se sudrija so sprotivnomislecki kamikazi, ke se najde koi bea i ke se kaznat, pocekajte malku. Ne otepavte od panika. Polosi ste od EU procenitelite na nasata demokratija. Grcive se ispotepaa, EU molci. Taka ti e koga si IN, a vaka, so vasa pomos, koga sme OUT, od EU.
Од: Закон пред се...
Датум: 31.03.2009 15:09:21
Се надевам дека набргу оваа политичка гарнитура на власт ќе падне, и нека се осудат сите тие кој што биле инволвирани во матни зделки, монтирани процеси, претепани или убиени граѓани....Треба да се осудат организаторите на толпата која ги нападна студентите заедно со провокаторот “Бурек“!
Од: dana redoven citac
Датум: 31.03.2009 16:30:44
citam smesni comentari vregane co pogrdni zborovi kletvi po stydentite ato tie se nasi deca nasi fnyci nasata idnina sto tolky my posmeta na poednci dali se odnekoja partia nee vazno vazno stose nasi a vie golemite vernici so ikoni vrace odite i kolnete po decata pa mojata baba velese od ysta vpazyva zato pravoslavieto ne dava da kolnes.

Најди! во Утрински
На прво место
Ректорот забрани расправа за протестот
Скопската епархија се оградува