Дуото „Некст тајм“ победник во дебитантската вечер на „Охрид фест“

Со освоени 140 поени од стручното жири и публиката, која гласаше по пат на телевоутинг и СМС, близнаците Мартин и Стефан од дуото „Некст тајм“ го освоија првото место во дебитантската вечер на интернационалниот фестивал „Охрид фест - Охридски трубадури 2008“, кој се одржува викендов во Охрид.
Близнаците го освоија првото место со песната „Ме остави да живеам“ на авторите Јован Јованов и Дамјан Лазаров, додека на втората, односно на третата позиција се најдоа Даниел Стојмановски, кој пееше „Губам од себе“, и битолскиот бенд „Патници“ со темата „Приспивна“. Првите дванаесетмина пласирани во вечерта на нови ѕвезди, каде што настапија рекордни 32 учесници, обезбедија директен влез во поп-вечерта на 15. јубилејно издание на фестивалот, која е закажана за вечерва. |