Бен Афлек
Влезе во банка во костим на ограбувач
Бен Афлек неодамна им внесе страв во коски на присутните во една банка во Бостон. Актерот и режисер ја снимаше сцената за новиот филм „Градот“, кој раскажува приказна за една група ограбувачи на банки, кога заборавајќи дека се' уште го носи костимот на ограбувачот, влезе во банката и смртно ги исплаши посетителите. Еден ден снимавме покрај банката и бидејќи не сакаа да ја затворат, се обидовме да се приспособиме на најдобриот можен начин. Џереми Ренер и јас снимавме сцена со грабеж и притоа ја влечевме Ребека Хол во комбе. Влегов во банката носејќи костурска маска преку главата и пиштол в рака, но предоцна дознав што направив. Предизвикав вистински хаос, сите се испаничија, вклучувајќи ги и чуварите“, рече Афлек.
За да бидат работите уште полоши, 38-годишниот актер призна дека дури пробал да смири еден од муштериите. „Една жена врескаше толку гласно што веднаш ја симнав маската, сакајќи да и' покажам кој сум, всушност, а тоа ја преплаши уште повеќе“, кажа низ смеа Бен. Исто така, актерот откри дека вработувањето вистински криминалци, поради зголемувањето на реализмот во филмот, се покажало како целосно промашување. „Имавме голем број осуденици во филмот што предизвикаа проблеми на снимањето, затоа што имаа задача да држат оружје в рака, а тоа законски им е забрането. Моравме да се обратиме на Федералниот суд и нивните социјални работници, зашто овие закони се сфаќаат многу сериозно“, додаде Афлек. |