Број 2917  петок, 20 февруари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
Скопје

Почна реконструкцијата на плочникот на влезот во Чаршијата

Старите и руинирани плочки ќе бидат заменети со нови травертински

Градот Скопје и Општина Чаир започнаа со реконструкција на платото пред влезот во Старата скопска чаршија, кај стоковната куќа „Спридер“. Во текот на следните еден и пол месец ќе бидат заменети старите руинирани плочки со нови травертински. Инвестицијата чини осум милиони денари, а ќе платат Градот и општината по половина. По обновувањето на плочникот, влезот на Чаршијата ќе добие и ново осветление, а приодот на автомобилите ќе биде ограничен со хидраулични столпчиња.

Градоначалникот Трифун Костовски изрази задоволство што овој проект, конечно, ќе се реализира. „Можеби требаше и порано, но среќен сум што влезот во Чаршијата дојде на ред“, рече Костовски.

За да се спречи со неконтролираниот влез на автомобилите повторно да бидат уништени новите плочки, на сите влезови во Чаршијата ќе бидат поставени и камери, најави градоначалникот на Чаир, Изет Меџити. Тој ја повика и сообраќајната полиција да учествува во зачувувањето на Чаршијата и да ги казнува прекршителите.

„Ова е еден од најважните проекти со кој ќе се врати стариот сјај на Чаршијата. Ќе преостане уште уредувањето на плоштадот ’Карпошово востание’ во правец на Камениот мост, кој е исто така скоро обновен“, истакна Меџити, кој потенцираше дека во општината во тек е проектот за осветлување на сите главни улици .

Меџити нај��ви дека наскоро целата Чаршија ќе биде бесплатна Интернет- зона. Во тек е и оформување на програмата за заштита на Старата чаршија, која произлезе од новиот Закон за заштита на чаршијата. „Програмата ќе ја реализира Владата со свои средства, што ќе значи повеќе инвестиции во овој дел од градот“, рече Меџити. (С.Н.)


Статијата е прочитана 262 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Скопје
Костовски се сомнева во легитимноста на антикорупционерката Димовска
Ќе се гради филтер-станица во Раштак
Проект „Телефонот ѕвони двапати“