Број 2917  петок, 20 февруари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
Скопје

Костовски се сомнева во легитимноста на антикорупционерката Димовска

Мирјана Димовска вели дека се' уште е актуелен претседател на Државната комисија за спречување корупција

Деспина Трајковска

„Дали не и' е истечен мандатот на Мирјана Димовска?“, праша вчера градоначалникот Трифун Костовски. Освен што ја прозва првата антикорупционерка да се произнесе за легитимноста на својот мандат, градоначалникот побара Антикорупциската комисија да се преиспита во врска со случајот „Трамвај“.

На Костовски веќе две недели откако антикорупционерите го отворија случајот, од ден на ден му растат сомнежите во нивните чекори. Ги квалификува како сопки на Владата за реализација на неговиот најкапитален проект, односно во антикорупционерите, на чело со Мирјана Димовска препознава продолжена рака на власта и активен субјект во изборните процеси.

Прозваната прва антикорупционерка вчера не сакаше да ги коментира обвинувањата од градоначалникот и сосема накусо одговори дека таа и натаму е легитимен прв човек на Антикорупциската комисија.

„Се' уште сум претседател, а дали ќе има некакви промени на оваа позиција, ќе бидете дополнително информирани. Тоа што лани се пишуваше за мојот реизбор беше непотребно и непоткрепено со факти. Ништо не се случи надвор од законските одредби“, отсечна беше Димовска, која особено откако се зафати со случајот “Трамвај“ едвај да комуницира со јавноста.

Таа дополни дека вчерашната седница, на која повторно требаше да се разгледува случајот, била откажана поради службено отсуство на двајца членови од комисијата.

„ Нема да ме изненади доколку Димовска и годинава ја реизберат за претседател. Како и лани, тоа ќе биде скандал без преседан, кој го дискредитира ова тело и владината програма за борба против криминалот и корупцијата. Станува збор за класична злоупотреба на законот. Дефинитивно, Димовска и Комисијата со нејзината работа докажаа дека се продолжена рака на власта и во истиот момент таа треба да си оди од функцијата“, категорична е Слаѓана Тасева, некогашен претседател на Комисијата за спречување на корупцијата.

Според неа, Законот е јасен и вели дека секоја година и во секој мандат Комисијата треба да има нов претседател. „Мандатот се ограничува токму од причини да се избегне можноста за корупција на првиот антикорупционер“, дополнува Тасева.

Таа, како и повеќето невладини организации токму лани кога Димовска беше реизбрана за функцијата оценија дека со тој чин биле погазени нормите за етичко однесување и дека е нарушен духот на антикорупцискиот закон во кој јасно стои дека мандатот на претседателот трае една година. Невладините организации тогаш посочија дека Владата незабележително протуркала измена во Законот за спречување корупција, со која ги избришала зборовите „без право на повторен избор“, кои се однесуваат на мандатот на претседателот на комисијата. Инаку, лани кога на Димовска и' беше доверен мандатот по втор пат, од ДКСК тврдеа дека процедурата била запазена и дека Димовска добила поддршка од сите членови за уште еден мандат. Сепак, членовите на Комисијата одбија да коментираат дали реизборот бил законски.


Статијата е прочитана 341 пати.

Испрати коментар

Од: b
Датум: 20.02.2009 10:27:58
Па зар само Г-дин Костовски се сомнева? Зар има некој да верува во тие марионети на пастирчето
Од: Nikola
Датум: 20.02.2009 10:49:15
Sto veli Makovej za ova? Ili, principot za ednokraten mandat na pretsedatelot na Antikorupcija ne vazi za Makedonija vo koja taa e dojdena kako "dokazan" antikorupcioner? Ne, i samata Makovej se odnesuva koruptivno! Koga stapila na vlast vo Romanija, so zadaca da se bori so korupcijata, prva rabota koja ja sprovela, bila da gi ukine dotogasnite kampanji-reklami na Vladata. Zosto toa ne go preporaca za Makedonija? Ja placaat gradjanite na Makedonija.
Од: gradjanin od Karpos
Датум: 20.02.2009 15:53:49
Ne e prasanjeto dali na Dimovska formalno i e istecen mandatot?Konstatacijata e na poveceto mislam imoja sigurno deka taa povece nema legitimitet za taa f-cija.Samata neka si ja sporedi slikata za sebe od bremeto koga vodese nekoja emisija za pravdata(pravdinata,bi rekol,poprvo)so ovaa segasnata koga navistina se javuva vo uloga na prodolzena raka na vlasta,bez razlika dali e toa od ubeduvanje ili pak e "kupena".

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Скопје
Почна реконструкцијата на плочникот на влезот во Чаршијата
Ќе се гради филтер-станица во Раштак
Проект „Телефонот ѕвони двапати“