Број 3302  среда, 09 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Хроника

Свадби без младоженци - параван за трговија со деца

Неколку девојчиња од земјава завршиле во европски бордели по мажачка на слепо

Даниела Трпчевска

Две малолетни девојчиња од земјава во страв и неизвесност ги минуваат своите последни денови во Франција и во Хрватска. Сместени во шелтер-центри, по голготата што им се случувала во изминативе години, тие ја очекуваат веста кога ќе бидат вратени дома и ќе се спасат од канџите на трговците со луѓе, кои преку ноќ ги претвориле нивните млади животи во пекол. Првата малолетна невеста добила лажен маж во Србија и кошмарен живот во Франција, каде што била принудувана да го продава своето тело. На втората малолетничка, пак, пред повеќе години и' се губи трагата од земјава, за пред два месеца хрватската полиција да ја пронајде во куќа, каде што со уште 18 деца била принудувана да проси и да краде.

Ова се најновите случаи на трговија со деца, кои во изминатиот период станале жртви на трудова или сексуална експлоатација надвор од Македонија. Надлежните укажуваат дека ваквите случаи не се ретки, но тешко се обелоденуваат. За ваквите потресни судбини се дознава дури кога жртвите ќе одлучат сами да проговорат или кога нивните семејства ќе побараат помош. Во сите останати случаи судбината на децата останува во рацете на криминални групи, кои ги злоупотребуваат за најмрачни цели - почнувајќи од питачење, кражби, проституција, детска порнографија, продажба на дрога...

Во еден случај кај семејството на девојчето дошол пријател од Србија, носејќи слика во џебот, наводно, од неговиот внук, кој сакал да се жени. Бракот со родителите на малолетното девојче бил договорен, иако роднините го виделе „зетот“ само на слика. Тоа не било пречка да се одржи свадба и семејството три дена да се весели за убавата вест. Пријателот од Србија дури и му се помогнал на семејството, давајќи му неколку илјади евра за да ја организира свадбената прослава. Потоа на нотар биле средени документите, потпишана согласност и малолетната невеста заминала за Србија кај младоженецот што ја очекувал. Но, место среќен брак и убав живот, таа завршила во Франција, каде што нејзините нови „сопственици“ ја принудувале да го продава своето тело. Случајот бил обелоденет пред неколку месеци кога девојчето се јавило дома и побарало помош. За случајот веднаш биле известени центрите за социјална работа, а преку нив и полицијата. Преку Интерпол е лоцирана малолетничката и се работи на нејзино враќање во земјава.

Ова е само еден од многуте случаи на договорени бракови, зад кои се крие немилосрдна трговија со малолетни деца, на кои им се губи трагата по заминувањето од земјава. Надлежните велат дека се свесни за проблемот, кој постои повеќе години, но дека конкретни податоци за оваа појава нема. Станува збор за темна бројка, а за суровата судбина на малолетничките се дознава предоцна откако тие ќе бидат заробени во криминалните води. Зрак светлина има само за оние што ќе успеат да ги алармираат семејствата и кои ќе ги пронајде и ќе ги спаси полицијата од криминалните групи.

„Договорените бракови, кои се само параван за трговија со малолетнички, стана особено актуелно изминатиот период. Во последниве две години се процесуирани четири такви случаи. Станува збор за девојчиња од 14 до 16 години од земјава, кои со лажни ветувања за брак завршиле во канџите на проституцијата“, вели Санде Китанов, началник на Секторот за трговија со луѓе во МВР.

Шемата на ваквите измама е многу слична - доаѓаат посредници и со лажни ветувања за брак им плаќаат од 2.000 до 6.000 евра на семејствата, како наводни трошоци за свадба. Тие ја прават веселбата на која младоженецот не доаѓа, а фамилијата го запознава „зетот“ само на слика.

„Посредниците им вадат документи на девојчињата и ги носат во Србија. Потоа ги кријат на задните седишта и успеваат илегално да ги пренесат преку границите во Франција или во Италија. Таму место брак, ги чека принудна проституција“, укажуваат надлежните од Секторот за трговија со луѓе во МВР.  По пријава на семејствата, со помош на странските полиции некои од девојчињата се пронајдени и се вклучени во програми за ресоцијализација.

Дека договорените бракови се проблем што постои повеќе години, но оти  во последно време се' повеќе испливува на површина, се согласуваат и од Министерството за труд и социјална политика. Светлана Цветковска, координатор на Националниот механизам за упатување жртви на трговија со луѓе, укажува дека жртвите најчесто сами ги пријавуваат ваквите случаи или, пак, за тоа надлежните дознаваат од нивните семејства.  

Криминалните групи користат најперфидни начини за да ги примамат и да ги залажат своите жртви. Им ветуваат убав живот, мажачка, посветла иднина. Најчесто како посредници во матниот бизнис се јавуваат блиски луѓе на семејството, нивни пријатели и криминални групи од соседството, кои имале некои контакти во земјава. 

Не ретко децата ги земаат и ги обучуваат за криминал. Од нив прават вешти џепчии или ги принудуваат на питачење.

Според сознанијата на полицијата, трговија со деца за питачење има и во земјава, но и надвор од неа, а најчести дестинации каде што завршуваат децата се Австрија и Италија, многу често со согласност на родителите. Бизнисот оди дотаму, велат во МВР, што се изготвуваат документи и родителите потпишуваат согласност на нотар, со која децата легално без никаков проблем ја напуштаат земјава. Што се случува натаму со нив, никој не знае.

Четиринаесетгодишна малолетничка од град од внатрешноста на земјава по неколкугодишна голгота, пред два месеца е пронајдена во куќа во Хрватска. Тамошната полиција вршејќи претрес го открила дувлото во кое криминална група чувала 19 деца и ги принудувала на просјачење и на кражби. Пред се', станувало збор за деца од Србија, но, меѓу нив било и 14-годишното девојче од Македонија, на кое пред повеќе години му се губи трагата од земјава.

За случајот било испратено известување до македонската полиција, која ја започнала истрагата за потеклото на девојчето, кое не било пријавено за исчезнато. Трагата ги одвела надлежните до семејството на девојчето. „Истражувавме и утврдивме дека детето од мало било дадено на чување во Прилеп, од каде што, пак, било предадено на криминална група од Србија, која прави регрутација на деца за питачење“, велат надлежните од Секторот за трговија со луѓе во МВР. Истрагата за случајот се' уште е во тек. Девојчето се наоѓа во шелтер-центар во Хрватска и во наредниот период се очекува да биде вратено во земјава.  






#
Статијата е прочитана 3236 пати.

Испрати коментар

Од: elena
Датум: 09.06.2010 00:27:51
Ne mozevte da najdete posoodveten zbor za selter-centar? Centar za privrmeno zgrizuvanje, Centar za zastita...sto i da izberevte ke bese sigurno podobro otkolku selter-centar. Lektorot sigurno ne ja procital statijava pred da se objavi.
Од: dedo dimo
Датум: 09.06.2010 02:46:17
Na zalost ,Devojchinata ne znaat da mislat a parata e JUDA i taka propagaat .No me chudi kako nivnite roditeli ne si gi opuluvaat ochite?
Од: olivera
Датум: 09.06.2010 20:42:54
prvo tuka treba da mu se sece vratot na roditelite.oti tolku tie prosti kako si gi davat decata i po koja cena . nekoj godini ke go sakas i se dvoumis da se omazis aovie ni za viden ni cuen pravat planovi. starite luge edno vreme praveja po 10 15 deca vo golema siromastija ziveeja i vo stali pa pak decata izlegvaja so um ovie sega nemat um pa i nitu mislat.samo zalosno nekoi mrsulkovci da se izivuvat so decata.

Најди! во Утрински
Хроника
Кумановец се изживувал врз момче од Тетово
Си го одзел животот давејќи се во Вардар
Невладините се згрозени од скандалот
Пукано во куќата на член на СДСМ