Број 3302  среда, 09 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Хроника

Кумановец се изживувал врз момче од Тетово

Уапсен е 27-годишен кумановец, кој го принудувал момчето на орален секс, а потоа го уценувал

Го принудил на орален секс и потоа со снимките што ги направил го уценувал да му даде пари, инаку материјалот ќе го објавел на „Фејсбук“. Оваа тактика 27-годишен кумановец ја применил врз 21-годишен тетовец, кој на крајот го пријавил случајот во полиција. Против кумановецот Х.У. е поднесена кривична пријава поради уцена.

Според МВР, се' почнало минатата среда кога кумановецот му испратил неколку пораки на тетовецот и претставувајќи му се како да се познаваат му закажал средба на старата автобуска станица во Скопје. Откако се сретнале, Х.У. инсистирал двајцата да седнат на кафе, но тетовецот одбил. Кумановецот, како што тврди МВР, му се заканил дека ќе го убие ако не тргне со него, по што двајцата седнале во кафуле во старата железничка станица.

„Кога влегле во барот бил присутен само келнерот, кој од осомничениот бил информиран дека ќе седнат на вториот кат од локалот за да разговараат“, соопшти полицијата.

Штом седнале Х.У. неколку пати го удрил со тупаница 21-годишникот, принудувајќи го на орален секс, а чинот го снимил на мобилниот телефон од тетовецот, кој претходно му го одзел за да ги избрише пораките што му ги испратил. Покрај тоа, му одзел и 2.000 денари, а потоа, под закана дека во појасот има пиштол, го принудил момчето да зајми 3.000 денари од свој другар.

„Откако ги зел парите под присила, со непознато такси-возило го однел во преноќевалиште во населбата Влае, каде што во најмена соба се обидел да изврши обесчестување над него“, покажала истрагата. Кошмарот на момчето продолжил и вечерта кога пред полноќ пешки се упатиле кон Новата железничка станица, каде што повторно го присилил на орален секс. По некое време му се заканил дека доколку до 5 јуни не му даде поголема сума пари или злато, снимениот материјал ќе го пушти на „Фејсбук“.

Минатиот петокот тетовецот го пријавил случајот во полиција. Завчера двајцата се договориле да се видат во ТЦ „Мавровка“ во Скопје. Тетовецот дал 500 евра, а кумановецот му ја вратил мемориската картичка од мобилниот телефон. Штом се разделиле полицајците го уапсиле Х.У, кај кого биле пронајдени обележаните пари. (Г.А.)


#
Статијата е прочитана 2793 пати.

Испрати коментар

Од: film
Датум: 09.06.2010 03:21:45
Ne mozam da poveruvam vo ova sto go citav. Zarem e mozno? I na kraj....ako ovie ne se znaele megju sebe predhodno, togas zrtvata sigurno imala ostaveno broj na telefon na facebook profilot i od tamu ovoj manijakot go kontaktiral. Za ovoj manijak kazna e samo kjutek so bejzbol palka I po mucka da se tepa

Најди! во Утрински
Хроника
Свадби без младоженци - параван за трговија со деца
Си го одзел животот давејќи се во Вардар
Невладините се згрозени од скандалот
Пукано во куќата на член на СДСМ