Македонци уапсени во Грција со фалц-кредитни картички
Грчката полиција привела тројца македонски државјани, поради злоупотреба на кредитни картички. Според грчките медиуми, момчињата со картичките во градот Едеса купувале бензин, цигари, мобилни телефони во вредност од над 6.000 евра.
Кај момчињата, во моментот на приведувањето, полицијата пронашла шест фалсификувани кредитни картички, како и фалсификувани лични карти.
Како што наведуваат грчките весници, кредитните картички тројцата македонски државјани ги набавиле во Скопје и со нив купувале најразлични производи во Грција. Според тамошната полиција, приведените имале намера со авион да отпатуваат од Солун за Германија. |