Број 3362  четврток, 19 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Македонија

Тетовската депонија повторно се полни

Гојко Ефтоски

ТЕТОВО - Дивата депонија во Тетово повторно се полни. Веќе се создадени брда од отпад, почнувајќи од стопанскиот објект, па се' до некогашните магацини на железничката станица. Има повеќе причина за тоа, а главна е дефектот на комуналните возила што го пренесуваат ѓубрето во „Русино“.

Можеби ��ресметано во тони количините не се како оние што се пренесоа пролетоска во депонијата „Русино“ кај Гостивар. Меѓутоа, овие што сега се насобрани, исто толку се опасни за здравјето на луѓето. На високи температури ѓубрето се распаѓа, а смрдеата од отровите се шири низ цело Тетово.

Првиот човек на ЈКП „Тетово“, Хасан Љума, потврди дека циклично се јавуваат вакви проблеми и дека има неколку причини за тоа. „Во овој период од годината двојно се зголемуваат количините отпад.

Во домаќинствата се зголемува потрошувачката на бостан, домати и на други земјоделски култури. Но, има и проблеми од техничка природа. Станува збор за дефект на два големи транспортера. Поправката финализира и уште денеска ќе бидат во функција“, ветува Хасан Љума.

И рамазанските празници, кога луѓето се поактивни ноќе отколку дење, го зголемија отпадот на „претоварната станица“, додава првиот комуналец во Тетово. А според договорот со Општина Гостивар, ѓубрето од Тетово треба да се депонира ноќе.

„Го чувствуваме проблемот и им се извинуваме на граѓаните на Тетово. Сега веќе презедовме мерки со ангажирање приватна фирма за пренос на отпадот.

Тоа е ‘Голец транс‘ од Желино. Верувам дека и овој пат ќе помогне. Се надевам дека во наредните еден-два дена ѓубрето ќе биде пренесено во гостиварската депонија“, оптимист е Хасан Љума.

Овој проблем може да се реши ако набрзо надвор од градското подрачје се најде локација за претоварна станица. Љума потврди дека во локалната самоуправа во Тетово е доставено официјално барање за таков простор на кој освен станица за претовар на ѓубре, ќе се изградат и објекти за потребите на комуналците.

Од Јавното претпријатие очекуваат германска фирма наскоро да почне да го реализира проектот за селектирање на отпадот. Пробно ќе работи една година, а тоа е чекор до трајно решение за тетовскиот отпад.


#
Статијата е прочитана 294 пати.

Испрати коментар

Од: intelekt
Датум: 19.08.2010 09:55:22
aman bre pa do koga???!!!!!sramota!

Најди! во Утрински
Македонија
Нерационална потрошувачка, редукции на вода