Број 3362  четврток, 19 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Македонија

Нерационална потрошувачка, редукции на вода

ТЕТОВО - Во Тетово се воведени редукции на водата за пиење. Од вчера вода во градскиот водовод нема од 16 до 17,30 часот и во утринските часови од 4 до 5,30 часот. Сувите славини во одредени периоди од денот и ноќта се исклучиво поради злоупотреба во користењето на водата.

„Во Тетово дотекуваат 400 литри вода во секунда, што се смета за доволно ако се користи рационално. Меѓутоа, големите горештини го направија своето. Количините не се доволни затоа што има нерационална потрошувачка, се наводнуваат дворови и бавчи. Од тие причини се јавуваат проблеми во редовното снабдување, особено на повеќекатниците и повисоките делови на градот. Недостигот најмногу се чувствува во Мала Речица, Купеник, Дреновец и улицата 146“, изјави вчера Хасан Љума, директор на ЈКП „Тетово“. За да се намали нерационалната потрошувачка, три возила секојдневно ќе ги полеваат улиците и тротоарите во градот. Освен тоа, ќе има засилени екипи од Комуналната инспекција и службата за контрола на ЈКП кои ќе ја контролираат потрошувачката и по потреба ќе поднесуваат пријави за ненаменско трошење вода.

„Граѓаните треба да ја почувствуваат потребата од солидарност со сите жители. Така редукциите ќе се прекинат и сите ќе имаат вода“, нагласи Љума. (Г.Е.)


#
Статијата е прочитана 435 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Македонија
Тетовската депонија повторно се полни