Број 2865  четврток, 18 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Втора страница

Поглед

Безгласни студенти

Жаклина Хаџи - Зафирова

Скопскиот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ го „закопа“ студентското радио Студент ФМ. Едноставно реши да му стави крај, бидејќи, наводно, таму се трошеле многу пари, а Универзитетот не можел да си дозволи да плаќа за еден таков медиум. Педесет илјади евра биле преголема сума за услугите што ги нуделе студентите, кои наместо да реализираат програма и да го „рекламираат Универзитетот, си пуштале само музика“. Вака на проблемот гледа ректорот Велимир Стојковски, кој најави дека ќе стави ред на Универзитетот уште кога беше поставен на функцијата.

Студент ФМ замина во историјата каде што ќе му се придружи на некогаш познатиот „Студентски збор“, на кој најдобро се сеќаваат постарите генерации студенти. Со тоа ќе станеме можеби единствена држава во Европа каде што студентите ќе останат без можност да имаат свој медиум.

Сепак, студентите имаат многу поголем проблем од овој со затворањето на Студент ФМ. Во овој момент нема медиум преку кој јавноста ќе може да ги ислуша проблемите и тешкотиите со кои се соочува прогресивната сила во општеството, како што по дефиниција се подразбира оваа категорија млади луѓе. Со затворањето на студентското радио, студентското движење ќе стане безгласна буква, иако и досега студентите не можеа да се пофалат со некоја поголема активност поради политичката обоеност на студентските организации кои секојдневно се препукуваат.

Во нередите во Грција главниот збор го имаат студентите, кои ја зазедоа државната телевизија и ја прекинаа програмата за да повикаат на протести. Таму студентите ја уриваат државата, а кај нас...?!

Статијата е прочитана 119 пати.

Испрати коментар

Од: Александар
Датум: 18.12.2008 00:59:05
Најстариот независен (студентски) медиум сеуште постои. Тоа е студентското списание Елфаско. www.elfasko.org.mk Елфаско отсекогаш е за и од студентите. И никој не може да го замолчи.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Втора страница
Македонија и Грција на 19 јануари во Хаг
Verbatim
Од Владата бараме поддршка, а не пари