Број 2846  вторник, 25 ноември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Анализа

Европа - Балкан

Од Вуковар до Јасеновац

Иван Торов

На тужбата на Хрватска, од Србија возвратија со контратужба и закана дека ќе работат на докажување на злосторничката политика на хрватските политичари од Втората светска војна до денес

БЕЛГРАД - Се случи, всушност, она што, главно, и се предвидуваше. Меѓународниот суд на правдата во Хаг се прогласи за надлежен за водење постапка по тужбата на Хрватска против Србија за извршен геноцид, а Белград секавично, само еден ден подоцна, возврати со контратужба против Загреб. Националистите на двете страни задоволно ги тријат рацете: добија "сјајна" прилика, 13 години од завршувањето на српско-хрватската војна, да ги "реафирмираат" старите нерасчистени сметки. Меѓутоа, убедливото мнозинство не ја крие загриженоста што односите на двете соседни држави повторно се наоѓаат на многу ниски гранки. И што обновената "воена игра" повторно ќе им се удри од глава токму на оние граѓани на Хрватска и на Србија поради кои, наводно, своевремено е започната војната и кои од неа излегоа како најголеми страдалници и губитници. Бегалците и прогонетите - пред сите.

Во Хрватска, наводно, се одушевени што Хаг ќе ја земе нивната тужба на разгледување, а таа восхитеност оди дотаму што во некои политички и национални кругови, во извесна смисла, веќе се слави што српската држава ќе биде доведена во позиција да докажува дека геноцид немало во 1991-1995 година . Од Србија, пак, порачуваат дека Хрватите немаат зошто да се радуваат "зашто геноцид извршиле токму тие со тоа што во акцијата "Луња" етнички ја исчистија Хрватска прогонувајќи над 250.000 Срби". Уште додаваат дека нивната контратужба сериозно ќе се позанимава со хрватските злосторства во Втората светска војна, посебно во Јасеновац, се' со намера да се докаже "злосторничкиот карактер на хрватските политичари и нацијата". Меѓутоа, потрезвените, предупредуваат дека последиците на заемното обвинување ќе ги трпат граѓаните на двете држави не само поради тоа што спорот ќе трае неколку години туку и затоа што се смета дека никој во тој спор не може да добие, зашто постоењето геноцид е тешко, речиси невозможно да се докаже. Ште��ите ќе бидат сериозни и по придружувањето на Хрватска и на Србија кон Европската унија, и покрај, како што се чини, пребрзата оцена на европскиот комесар Оли Рен дека "тоа нема да се случи". Политичките претставници на Србите во Хрватска, меѓутоа, стравуваат дека граѓаните и овој пат ќе бидат заложници на непромислените државни политики, дека најновиот судир ќе ја влоши нивната положба, дополнително ќе ги забави враќањето на бегалците и остварувањето на нивните права и ќе го отежне процесуирањето на воените злосторници.

Сепак, впечаток е дека во моментното забрзано заострување на српско-хрватските односи Србија веќе сега е во загуба, условно речено, по сопствена вина. Попрецизно, со недипломатските изјави на нејзиниот министер за надворешни работи, Вук Јеремиќ, кој, очигледно, во преголемата желба и брзање да капитализира некои свои и српски дипломатски успеси на меѓународната сцена, ја премина границата на толерантност и придонесе за враќање на милитантната, арогантната и агресивната реторика од пропагандниот воен и националистички арсенал на Милошевиќ. "Успехот" на Јеремиќ е и во тоа што за кратко време стана еден од најнепопуларните политичари во регионот, бидејќи постојано им држи лекции на странските дипломати, па затоа овие се' почесто го одбегнуваат. Неговата реторичка агресија почна со заканите на Македонија и на Црна Гора дека ќе трпат сериозни последици ако го признаат Косово, продолжи со директната и не толку пријатна полемика со хрватскиот претседател Стјепан Месиќ околу природата на воената акција "Луња", кулминира со тешки етикети на сметка на косовските Албанци поради отфрлувањето на планот за реконфигурација на УНМИК и на водечките земји на ЕУ кои на Србија "постојано и поставуваат ултиматуми и уцени". На Јеремиќ, навистина, рејтингот во Србија поради таквото однесување му расте, но истовремено угледот на Србија радикално опаѓа и во регионот и во меѓународните институции.

На еден состанок во Брисел деновиве претставниците на најрелевантните европски земји, посебно Германија, Франција, Велика Британија и Италија, но и државите кои и' се многу наклонети на Србија, како Чешка, Словачка и Унгарија, предупредија дека Србија не успеа да го "задржи еланот и позитивната атмосфера по изборите" токму благодарение на однесувањето на српската дипломатија, односно со "уценувачкиот и заканувачки тон на нејзиниот шеф". Пораката до Белград стигна како своевидно предупредување на шефот на државата Борис Тадиќ и на премиерот Мирко Цветковиќ дека продолжението на таквиот манир на Јеремиќ би можел да го загрози натамошниот пат на Србија кон Европа.

Меѓутоа, прозваните молчат, последниве денови не се огласува ни министерот Јеремиќ, што би можело да се сфати и како свесно игнорирање на оваа дипломатска афера. Можеби поради фактот дека популарноста на владејачката Демократска партија во Србија во меѓувреме многу порасна, што, според многу анализи, всушност, е сериозен симптом дека оваа партија драстично го менува својот програмски и идеолошки идентитет со се' позабрзано преминување на теренот на популизмот и политички профитабилната демагогија. А можеби и како реакција на не толку славната процена на Европската комисија дека Србија тапка во место, што се сопрени или забавени сите реформи што, пак, отскокнува од врежаното мислење на српските државници дека нивната земја е "регионален лидер" во европските интеграции. Веројатно, вистината е и во едното и во другото, а многу од тоа ќе се дознае наредните денови во најавената парламентарна дебата за (не)доверба на владата на Цветковиќ, што ја иницира српската националистичка опозиција.

??



??



??



??









2






Статијата е прочитана 887 пати.

Испрати коментар

Од: vistinata
Датум: 25.11.2008 01:10:43
vo seta ovaja ujdurma hrvatskata vlada povleche nepromislen poteg za posledici shto ke doprinesat za samata hrvatska, srbija pa i poshiroko vie profesoei /neznam zosto/ ne kazavte javna poraka shto beshe i na televizija izjavata na boris tadik do hrvatskata vlada NIE VI PRUZIVME RAKA ZA POMIRUVANJE, za zal takvite cinichari kako shto ste vie profesore balkancite ushte dolgo dolgo ke strada, a zaboravash deka i Makedonija e familijata na balkanot.
Од: Бастион
Датум: 25.11.2008 15:38:27
Тоа беше најбесмислената војна,која ја створија западните агенти,се со цел да се распадни државата која им беше конкурент во сите полиња. СФРЈ беше економска,индустриска,политичка и воена сила,но тоа има пречеше на западот,па ја распадна СФР Југославија,и создаде банана-држави,со кои ке можи да управува како сака,т.е. тие се сега марионети на западот.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Анализа