Број 2883  сабота, 10 јануари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Едиторијал

ЕДИТОРИЈАЛ

Власта е сила, власта е моќ

Соња Крамарска

Од денеска на јавноста во Македонија ќе и' биде скратено едно од најголемите задоволства - гледањето на долгите владини реклами. Владата процени дека веднаш откако шефот на парламентот Трајко Вељановски ќе ги распише изборите, нејзините скапи и агресивни реклами треба да ги снема од ТВ-екраните. Ќе нема веќе приказни за Александар, кампања за трето и четврто дете, нема „Ти си Македонија“, нема бакнување за топење калории.

Ќе ја снема Владата од телевизиите барем во временскиот термин пред започнувањето на ТВ-дневниците. Владата ќе мора да продолжи да се рекламира само преку вестите. Со добри и пригодни приказни, се разбира. И тоа без сомневање ќе го прави, како впрочем и досега.

Мора на Советот за радиодифузија да му олеснило од сознанието дека Владата повеќе нема да биде застапена во рекламниот простор на медиумите. Конечно, Советот за радиодифузија неколку пати веќе јавно ја предупреди Владата дека го крши законот и дека треба да престане со бескрупулозното бомбардирање на граѓанските сетила со кампањите и со преносите од владините седници.

Но, Владата не му се плашеше на Советот за радиодифузија. Тој е како владино или парламентарно тело. Избран од парламентот, што значи од владиното мнозинство. Произлезен од добрата волја на пратениците што се под контрола на Владата.

Кој ако не Советот за радиодифузија го запре ова лудило на телевизиите. Се разбира, лидерската средба. Групата од четворица партиски лидери придружени од нивните први соработници кои одвреме-навреме дејствуваат како законодавна, извршна и судска власт заедно. Лидерската четворка чии договори се посилни од гласањето во парламентот, од сите судии, правобранители, закони, правила.

Лидерската четворка го направи она што на Советот за радиодифузија не му поаѓаше од рака подолго време. Ја замолче Владата. Љубопитни сте да дознаете како успеале Зоран Заев, Мендух Тачи и Али Ахмети да му наметнат на Груевски одлука за запирање на бесмислените владини кампањи? Е, па не му наметнале. Самиот Груевски сфатил дека дошло време на избори и дека повеќе не му одат во прилог критиките за прекумерното владино рекламирање и очигледното поткуп��вање на медиумите.

Заклучокот што може да се изведе оттука е дека Советот за радиодифузија можеше да праќа колку сака опомени до Владата ако самиот Груевски не почувствувал дека дошло време да ги запре рекламите. Значи, политичкиот интерес, а не законот бил пресуден за да прекинат спотовите „Ти си Македонија“, „Од тебе зависи во каква Македонија ќе живееш“, „Знаењето е сила, знаењето е моќ“.

Владата веројатно не е свесна дека во некои од овие пораки грубо ја лаже јавноста и ја оддалечува од она што денеска се нарекува тажна реалност во Македонија. Знаењето на овие наши простори одамна не е ниту сила ниту моќ. Власта е сила, власта е моќ. Ниту, пак, зависи од „Тебе“ во каква Македонија ќе живееш. Од власта зависи во каква Македонија ќе живееш и тоа, впрочем, го гледаме сите во последните месеци.

Што се однесува, пак, до рекламата „Ти си Македонија“, таа е можеби и точна. Но, поразително е што од власта зависи во каква Македонија живееме, а од друга страна сите ние сме Македонија. И тоа Македонија која буди најдлабока загриженост кај други земји и потреба да не' чуваат во визен карантин. Да не ги заразиме со нашиот провинцијализам, духовната сиромаштија и огромните количини национална гордост која сме подготвени да ја извезуваме, но нема кој да ја купи.

Советот за радиодифузија од оваа ноќ помирно ќе спие. Рекламите ќе ги снема. Повеќе нема да бидеме сведоци на една институционална немоќ пред налетот на најсилната, но се' уште нефилмувана владина реклама „Власта е сила, власта е моќ“. Дознаваме дека веќе се бараат локации за снимање на овој најнов спот. Ќе почне да се емитува по изборите.

 


Статијата е прочитана 1433 пати.

Испрати коментар

Од: jordan
Датум: 09.01.2009 19:41:50
totalitarizam!
Од: непростенков
Датум: 10.01.2009 00:28:04
Цитирам: штосе однесува,пак,до рекламата “Ти си Македонија“ можеби е точно.МОЖЕБИ, МОЖЕБИ,МОЖЕБИ? свесни сте госпоѓо што пишувате, се стра мите од името Македонија? ако на СДСМ не и одговара, можете да се рекламирате FIROM(БЈРМ) тоа е иднината------ЗАСТРАМЕТЕСЕ.
Од: Toni, Kavadarci
Датум: 10.01.2009 00:36:50
Tragicno e sto vo eden medium, kako Utrinski vesnik, seuste postojat , i toa vo golem obem, napisi i avtori, koi za volja na vistinata, ne se nezavisni, i se vodat od drugi pobudi. Samo bi povikal da se possveti vnimanie na ostanatite mediumi, ne mora podaleku od sosedstvoto, pa da se vidi i sfati vistinskata funkcija na mediumot, nezavisno i vistinski da informira za nastani, za pojavi i sl. Za vakvi napisi, postojat nedelnici, razni specijalizirani vesnici, so politicki, ekonomski, naucen i sl.karakter. Vesnicite na novinarite, politikata na politicarite.Ova ne go gledam ovde, kako i vo najgolem broj od Makedonskite mediumi.
Од: klejtos
Датум: 10.01.2009 00:48:34
Se e tocno, ama ne mi e svatlivo kako moze narodot tolku da se opie od tie reklami i neznam kakvi se eksperti koristi vlasta pri pravenjeto na reklamite.Naj verojatno tim kako psiholozi,dobri poznavaci na coveckata psiha i slicno.A naj glupava od site reklami e taa so covekot koj go napustaat od rabota pa demek so golem trud stanal biznismen.....90% sme takvi kako nego i posle reklamata site ke staneme biznismeni so golemi koli...Mizi asan da ti baam.SRAMOTA
Од: МК
Датум: 10.01.2009 03:07:25
Сдсм - овци.. самите сте си криви што имате катастрофален рејтинг.. И пред иэборите 06 и после предвремените иэбори 08 и пред рекламите и после рекламите вашиот рејтинг беше и сеуште е 7% ... Една порака до Сдсм - не се эанимавајте по цел ден со рекламите на владата но эа промена после 16 години донесете нови предлоэи, идеи кои што ќе и помогнат на Македонија! Станавте кваэи партија.. Колку што јас раэбирам эа електроника толку Бранко Црвенковски (Б.Ц. дипломиран "механичар" при Електротехнички факултет Скопје ) раэбира эа глобална економија .. Во негово време пропаднаја сите големи фирми со државен капитал и не доведе то сегашниот економски егэодус.. Кога веќе се споменува во колумната духовната сиромаштија треба СДСМ да ги потсетиме на иэјавата на Киро Глигоров при неговата посета во Тирана 92 што ја иэјави на ТВ.. эа сите оние кои што се прашуваат што е тоа можат слободно да го видат на youtube .. Да се доэнае и види со неверливи очи што е тоа духовна сиромаштија во кадрите на Сдсм.
Од: trpe
Датум: 10.01.2009 03:14:21
A koja vlast dosega ne ne zamajuvala g-gjo Kramarska.Samo se nesto me chudi-kako vie ne bevte olku kriticki nastroeni koga SDSM bese na vlast???Ova go napomnuvam samo za da kazam deka objektivno novinarstvo-ZA ZAL NEMA vo Makedonija.Ni Vecer,ni Utrinski a za TV stanicite i da ne zborime.Statijava vi e na mesto-i vmrovcinjava na Grueta ja preteraa,megjutoa sto e navistina iritiracki-seuste bezrezervno gi poddrzuvate nekoi politicki leshinari koi ne zasluzuvaat ni imeto da im se spomene.Dali toa go pravite za "dobroto"na Makedonija ili od partiski pobudi???Pa dajte novinari bidete poddrzuvachi na pozitivnoto i kriticari na negativnoto-bez razlika za koja politicka opcija se raboti.Zasto ne ste kriticki nastroeni kon pretsedatelot Crvenkovski koj dosega se odnesuva kako partiski lider???Ili toa ne e protivustavno???Sramota.Isto kako sto Latas i kompanija gi velichaat drugite.So ovakvo novinarstvo-vistinata uste dolgo ke se krie pod tepih!!!Za zal!!!
Од: Пинг
Датум: 10.01.2009 08:55:56
Со една реченица: Право во центар. Тоа е тоа. Смешно е да се верува дека Груевски и компанија и` “попуштаат“ на опозицијата за престанувањето со рекламирање. А овие сироти му налетаа право на подготвената замка. Во ред, тоа е нивна игра и победникот во случајов зависи од умешноста на играчите, од нивната вештина да го “надиграат“ противникот. Всушност цело време на владеењето на едните или на другите ТОА е главната цел-ДА СЕ НАВЛЕЧЕ ДРУГИОТ НА ИГРА И ДА СЕ ПОБЕДИ. А ние “гледачите“, ќе гледаме. Така било и пред 2000 години. Само до кога? ВЕ МОЛАМ- пишувајте Кирилица. Поздрав до сите Ваши и наши.
Од: Nikola
Датум: 10.01.2009 09:12:11
Koe znaenje e moc? Toa li, za shestka, kako sto imal premierot za vreme na studiite? Ne, moc e da raspolagas so tudji pari koi ce ti stavat na raspolaganje i akademici i eksperti za da ja naslikaat Potemkinova Makedonija.
Од: Manipulator
Датум: 10.01.2009 09:14:32
Dokolku bea zivi Causesku i Kim il Sun mozea voda da mu nosat icevlite da mu gi cistat na nasiot manipulator!
Од: Спасе
Датум: 10.01.2009 09:40:46
Па,тие веќе одамна си ја свршија работата и сега е сосема нормално да си се повлечат малку,по системот удри па бегај!
Од: petar
Датум: 10.01.2009 09:59:56
Mislam deka novinarkata treba da ni pokaze deka znaenjeto e mok'.ako ova seto go pretopime vo slika kao bi trebalo da izgleda seto ova dosega sto ne iritirase.Ako sega se simnati reklamite napravete vie drugi da go pokazete vaseto znaenje i mok' dali vie nema da pokazete deka so vaseto znaenje ste nad site oti vasite reklami nema toa da go pokazat.Postovana sekade vo svetot znaenjeto e mok' samo vaka napisana ednostrana (ne zboruvam partiska)statija sto ne pokazuva znaenje i vizija kazuva deka i vie da ste na toa mesto ke bide deka vlasta e sila i mok' dali ke sakate nekoj da vi ja smeni vizijata pa makar bila i losa.
Од: malesevec
Датум: 10.01.2009 10:08:31
Sonja,vrtis sukas se vladata e kriva,ke i presudi narodo.ama ti cedo malesevsko, a u tebe tolku zloba i omraza,neznam do kade ke stignes, ili ka reca aga erol, ti peki. ne biva taka cedo nase,mlada si iimas i znaenje i mok be e docno da se izgradis vo objektiven hronicar i komebtatoe
Од: Горан
Датум: 10.01.2009 11:13:33
Чист патетичен напис. Школски пример.
Од: Трпе
Датум: 10.01.2009 11:25:44
Многу е парадоксално во Македонија ,се подржува партија,со крајни неспособности а со свој лажен патриотизам.Кој ги подржува ,па тоа е познато,луге кои не читат пишувани медиуми и електронски медиуми малку гледат а информаците ги добиват во малото гранапче кога ке седнат на едно пиво за да ги заборават дневните маки.Кај таков народ лесно е да се покажува и сила и мок.Знаењето го отфрлам знаејки какви способности има нашиот економист плус магистер со подарени дипломи.
Од: Metodija
Датум: 10.01.2009 11:42:58
"Ti si Makedonija"! Ne, jas ne sum toj sto se srami od slovenstvoto, od Sveti Kliment i Naum, od vekovnta borba za osloboduvanje od turska vlast, od antifasistickata borba, od politikata za mir i dobrososedstvo, od nastojuvanjata da bideme clenki na alijasata za sirenje na mir i demokratija, od demokratijata i pravnata drzava po urnek na Evropskata Unija! Jas sum za ovie vrednosti, a toa ne e Makedonija koja ni ja kroi Gruevski!
Од: mene
Датум: 10.01.2009 11:48:18
Staro pravilo e sto pati iskazana nevistrina stanuva VISTINA.
Од: Анита -Кавадарци
Датум: 10.01.2009 12:56:51
Изгледа и се потрошија инвентивноста и темите на Соња па почна да се повторува.Последниве неколку дена се едно исто пишува. Па дај нешто ново. Не ја разбирам, нели најмногу и сметаа рекламите, еве веќе нема да ги има, сега во што е проблемот? Или ви смета она Ти си Македонија, затоа што повеќето од вас не се чувствуваат така.Па кажете со што вие би можеле да се идентификувате, па да го сменат слоганот.
Од: Пецко
Датум: 10.01.2009 13:01:27
Незнам зошто толку негативна енергија владее кај овој новинар. Некој намерно не може да ја разбере добрата волја што ја има Владата за да му помогне на овој народ и пишува секакви колумни,статии и било што само нешто да се напише и да се пополни време. Овие кампањи што ги води владата имаат позитивно влијание, ја будат самодовербата и свеста кај народот кој претходните 15 години ги помина во изолираност, самотија,неинформираност. Преродбата продолжува и ќе ја почуствуваат и најголемите песимисти кои за среќа се во мал број.
Од: emil morarcaliev
Датум: 10.01.2009 13:49:54
Ima edna pogovorka koja veli : Celta gi opravduva sredstvata. Ako celta im bese da ja podobrat atmosferata vo makedonija, togas ja utnaa rabotava, no ako celta im bese da si go socuvat ili podobrat rejtingot, togas uspeeja. Narodot e ubeden deka Makedonija ke uspee so ovaa vlada.Bi sakal toa da im go pozelam kako novogodisna cestitka.Sepak podobro e da se nadevas vo nesto otkolku vo nisto.
Од: zemjodelec
Датум: 10.01.2009 14:44:05
Mnogu skokotlivi DPMN-ovci ,ne mozete da ja istrpete vistinata
Од: Европска Македонија АД
Датум: 10.01.2009 15:06:00
Владата не доби мандат,парите на сиромашниот народ да ги троши за понижувачки реклами.Демек ние незнаеме дека сме Македонија,ние не знеме дека од нас зависи,ние не знаеме дека сидата е насекаде околу нас и сл.па уште ќе не прават будали при здрав разум дека некој работел 24/7 нон стоп.Имам впечаток дека оваа влада мисли Македонија почнува со нејзиното доаѓање на власт,па немојте да се чудите ако во иднина времето во Македонија наместо да се брои од раѓањето на Исус,да почне да се брои од времето кога оваа изгубена влада дошла на власт.Бидеќи немам место следниот пат ќе ви кажам како се менува менталитетот без пари.
Од: verag
Датум: 10.01.2009 15:59:10
Овие кампањи толку се ступидни и непотребни што не можам повеќе да ги гледам.Но најмогу од се ме нервира што Владата троши ,се расфрла со пари од најсиромашниот народ на Балканот.Најглупава беше онаа каде дедото ќе му купи кола на внукот од зголемената пензија,па она дека со трето дете ќе бидеме поблиску до оспод,па....
Од: стружанец
Датум: 10.01.2009 16:01:48
Интересно според коментарите мислев сум залутал на некое провладино писание, но иако Утрински важи како опозиционерски весник, очигледно е дека припадници на позицијата го читаат весникот.Ги интересира што некој има против нив,Или имаат задача да читаат и критикуваат се што некој новинар ќе напише против нивната омилена партија.Не е важно дали писателот има или нема право.преиспитајте се.
Од: Анита
Датум: 10.01.2009 16:43:33
Некој онаму не обвини дека сме биле испрани мозоци, и дека сме се уплашиле, воопшто не е точно, само што нас во прокомуњарските текстови не ни објавуваат повеќе од еден коментар.А инаку од вас поиспрани нема,многу ме потсетувате на ноеви, со главата ставена во песок. И во врска со употребата на сила, па отворете го Законот ќе видите која е постапката за апсење на криминалците, посебно оние од рангот на З.З.
Од: Македон
Датум: 10.01.2009 17:07:45
Страшна работа...ако владата има кампањи не ви чини. Кога се одлучи да го запре емитувањето до одрѓувањето на изборите пак не ви чине. Стварно крајот не ви се наоѓа. Или со сила се правите будал па само викате и фрлате камења по владата. Сакам само да ви кажам дека нарачаните текстови ви се контрапродуктивни. Народот веќе не ви верува и ве чита како буквар дека единствената цел ви е да ја промовирате и онака очајната и збунета опозиција Господ нека ви е на помош!!!
Од: kav-boy
Датум: 10.01.2009 18:29:55
Vidi neprostenkov-- to4no e toa deka treba ova vlada da ja reklamira makedonija,no da ne premine toa vo banalnost,a namesto da dava pari za tie raboti neka otvara rabotni mesta,sepak nema da ziveeme nie od reklami nam ni treba napredok prosperitet,a toa od ova vlada ne go gledam nikade,najavuva 100-ina investicii deka projavile zainteresiranost no koja ostana da vlozi ovdeka....ima uste mn da se zboruva no za toa dr pat
Од: Univerzitetski profesor.
Датум: 10.01.2009 18:43:21
Tolkava masinerija da se angazira i da se opravduvaat bednite i skapi reklami e samo dokaz za namerata na istite. Za zal propagandata ja postignuva svojata cel, zamajuvanje na narodot, sozdavanje na kult kon licnosta. Ovaa vlada gi koristi onie metodi sto kao najmnogu gi kritikuva, Gebelsovi, stalinisticki, Kubanski itn. Ke dojde krajot samo trebe trpenie..Alternativa i treba na ovaa zemja?????
Од: Јас Кавадарци
Датум: 10.01.2009 18:48:00
Многу ќе ми биде криво што нема да ги гледам. Ова беа најдобрите реклами што до сега сум ги гледала. А и моите деца ги гледаат кои се сеуште мали а им се допаѓаат. Она за толеранцијата посебно ја сакаат . Знаењето е сила знаењето е моќ таа е многу едукативна. Роди трето дете па и црквата секоја година порачува да се раѓаат повеќе деца. Незнам на кој му пречат ови прекрасни реклами. СЕ надевам после изборите повторно ќе ги пуштаат.
Од: zelezara
Датум: 10.01.2009 19:39:34
Malce mi e cudna odlukava na mister rejting,zar ke moze da funkcioniraat bez perenje mozok na seljacive.Nisto cudno da mu padne rejtingov zosto seljacive se naviknaa so dnevnive dozi.
Од: do Anita od kavadarci
Датум: 10.01.2009 23:28:41
Ance pa za koj zakon zboruvas za onoj na Gruevski ili na zakonot po koj treba da raboti sudot,policijata i site drugi.Te molam netresi gluposti nema ravenstvo pomedju Zaev i Djemaili za prviot se potepa gruevski da go apsi i go apsi mu naredi na sudot da go stavi vo pritvor go stavi nezaboravi Zaev bese obvinet za zloupotreba na sluzbata i steknata korist.Za Djemo 4mes.grujo neznae kadee sudot isto, i kolku da znaes, ovoj tip e obvinet za voeni zlostorstva kade e ravenstvoto, ne samo sto tie ispran nego sega mislam deka definitivno go nemas mozokot,otvori denes vecer ima samo tri komentari na ovaa tema vas patriotitev ve nema,e zaradi ova se somnevam vo apsenjata i definitivno tie se selektivni.
Од: pk-canada
Датум: 11.01.2009 01:53:31
ostajte gi reklamite i medzusebnite obvinuvanja za toa koj se spiuni i nemakedonci. Ako si Makedonec ili Makedonka bidi si cuvstvuvaj se taka, ama nemoj da ja pikas glavata vo pesok i da ne gledas sto se slucuva okolu tebe.Kriza i bedotija. Toa treba da ja prasate vladata i sto planira vistina da napravi.Neka naprvat reklama za toa.A da, ce recete lesno ti e tebe, vo Canada si.Da ama ne mi bese lesno koga bev vo rovovite vo Tetovo i vo debar za vreme na konfliktot.Canada ne e poubava od Makedonija ama tuka se raboti se zarabotuva i se zivee.Pozdrav do site Makedonci.
Од: do Anita
Датум: 11.01.2009 05:44:01
Eh, mori Anita koga bi znaela sto e NOJ so glavata vo pesok togas sigurno sebe si bi se prepoznala vo toj noj. Ako ne si noj so glavata vo pesok zarem vaka bi komentirala. Zalno ama ne samo noj tuku si i SLEPEC zosto ne mozes da vidis nisto podaleku od nosot. Vikas "vo prokomunjarskite tekstovi ne ni objavuvaat poveke od eden komentar...." pa SLEPA SI za da vidis deka toa pravilo vazi za site a ne samo "vas" a inaku kolku komentari sakas da ti objavat??? Mozda sakas da spies na forumive i da im go peres mozokot na narodot kako sto go pravite toa so reklamite po televiziite???!!!! A da te potsetam na "Vecer" i da te prasam KOLKU komentari Latas tamu ti dozvoluva da objavis?????Hahahahaaaaa.... ama Latas vo "Vecer" objavuva SAMO komentari od tipcinja kako tebe a site onie koj ke cepnat malku vo LAGITE na tvojot Grujo hihihiii... ne gi objavuva. Epa AJ SIKTER tamu kaj Latas pa 100 komentari ke ti objavi. Samo kaj nego mozes da treskas vakvi GLUPOSTI i LAGI zosto Grujo go plaka za toa.
Од: iki
Датум: 11.01.2009 09:37:48
Go kritikuvate SDSM deka bile komunjari i slicno pa vo vasite reklamni kampanji slobodno mozete da se reklamirate so sloganite TI si Komunjar mali grujo TI si causesku mali gruica.Vo vakva makedonija sakam da ziveam kade navistina vladata e sila vladata e mok ednoumie kritikuvano od vas totalitarizam pa koj ne bi sakal da zivee kako vas .Sega so izborite i predsedatelot na drzavata ke e vas i site gradonacalnici pa neka ni e srekna 49 e moj makedonski narode samo me interesira prijatelot na grujo i vlatko gorcev ALI Ahmeti dali istoto go kazuva samo da go slusnam na albanski kako vika Ti si makedonija jas sum makedonec smesno.

Најди! во ��трински
Барај со НАБУ
Едиторијал