Број 3410  вторник, 19 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Мислења

Мислења

За секој Македонец - по 300 евра

Слободан Најдовски

Што ќе направи Владата со шестотини милиони евра од новите кредитни линии од ММФ и од Светска банка

Најавените шестстотини милиони евра од кредитните линии од ММФ и од Светска банка ги подгреаја надежите за подобрување на очајната економска слика во државата. Одамна во Македонија по која било основа не се слеале толку многу пари. Со оглед на висината на новото задолжување, се отворија и дилеми за потребата и за намената на заемите. Размислувањата се како најдобро да се искористат парите што евентуално би ги зеле од ММФ и од Светска банка. Економските експерти и политичарите од опозицијата се речиси едногласни дека новото задолжување е во ред само ако се искористи исклучиво за поттикнување на стопанската активност и враќање на надворешни долгови, кои доспеваат за враќање следната година, а се со повисоки каматни стапки отколку парите од ММФ. Ретки се економските експерти што предлагаат позајмените средства да се користат за финансирање на буџетскиот дефицит без посебна намена.

Додека и експертите и опозициските политичари размислуваат и предлагаат решенија, најповиканата, Владата, мудро молчи. Таму постои воодушевеност што произлегува од фактот дека не постојат, барем според владините информации, условувања за намената на средствата. Досега не слушнавме за што конкретно ќе се користат, освен дека дали ќе се земат и како ќе се користат, Владата ќе ја донела одлуката откако ќе го слушне мислењето на експертската јавност и на стопанствениците. Подготвен сум да се обложам дека во Владата воопшто не ја поставуваат дилемата за позајмувањето, доколку не е условено со контрола на буџетското трошење, односно со барање за финансиска дисциплина на трошењето на парите. Нивната дилема е како најдобро да ги искористат во функција на нивната партиска политика. Тоа што треба да не' загрижува е што јавноста се' уште не е запозната за што ќе бидат наменети новите кредити, посебно оние од ММФ, бидејќи средствата од Светска банка се со одредена намена. Вака како што е претставено, нашата Влада не барала, туку ММФ ни нудел пари. Владата е воздржана во исчекување на предлог на нивните ПР-агенции како најдобро да ги искористат парите во функција на покачување на рејтингот на владејачката партија. Оттука и стравот дека одлуката во Владата ќе биде инспирирана од партискиот интерес, а не од државниот. Кога во Владата би го имале како приоритет државниот интерес, тогаш до последно евро треба да биде вложено во инфраструктурата и енергетиката.

Новите задолжувања го отвораат прашањето на нивото на македонската задолженост и способноста за сервисирање на кредитите. Познато е дека Владата во почетокот на својот мандат се фалеше со намалувањето на задолженоста, иако тоа не беше резултат на нејзиното работење, туку на емитуваната државна обврзница од претходната влада и се' уште критикуваната продажба на ЕСМ. Потоа почна полека, но сигурно да расте задолженоста, и внатрешната и надворешната, како и јавниот долг. Оправдувајќи ги задолжувањата со економската криза, Владата не пропушта можност како аргумент да го користи ниското ниво на задолженост на државата, гледано во процентот на задолженост во однос на БДП, кој кај нас е под нивото на рамките одредени со Мастришките критериуми. Исто така, како оправдувачки аргумент се користи и споредбата со држави од регионот, но притоа се заборава да се каже дека со задолжувањата кај нив, на пример, во Хрватска, се изградени автопатишта и други капитални објекти, а нашата Влада се задолжува за да ја финансира леарницата во Фиренца. Затоа, многу важно е сервисирањето на долговите. Многу е важно за што ќе бидат употребени позајмените пари и дали тие ќе се враќаат сами, односно дали ќе се оплодат или, пак, ќе се фрлат во бунар за купување гласови, а тоа ќе ја продлабочи буџетската дупка за догледен период кога ќе стаса периодот за нивно враќање.

Од најавите за висината на каматната стапка, се гледа дека станува збор за поволен заем што не треба да се пропушти, посебно при недостиг од евтини пари дома. Но, реално, постои опасност во Владата да бидат охрабрени да продолжи ненаменското трошење на буџетските средства. Токму затоа, иако каматната стапка е поволна, поради фактот што околу најавените кредити има многу непознатости, бидејќи станува збор за нов инструмент во работата на ММФ - мислењата со право се поделени. Сепак, присутен е и страв кај експертите кога е во прашање рационалниот однос на Владата кон трошењето на државните пари.

Зачудува што некои добри познавачи на макроекономската политика, а посебно на македонската, од за нив само разбирливи причини, одобруваат индиректно да се финансира дефицитот на буџетот, бидејќи ќе останеле повеќе пари за капиталните трансфери. До некаде ќе постоеше оправданост за финансирање на буџетскиот дефицит доколку тоа беше во функција на капитални инвестиции, а не како во нашиот случај, за финансирање на тековните расходи. Затоа, во никој случај не треба да се оправдуваат непродуктивните трошоци на Владата и да се поттикнува искористување на најавената кредитна линија во тој правец.

Позајмувањето на најавените пари сигурно ќе влијае да се надмине проектираната стапка на јавниот долг во 2011 година, која е планирано да изнесува до 40 отсто од БДП. Кога веќе се прави тоа, и ако Владата остане доследна на најавата за јавна расправа пред донесувањето на одлуката, треба да се одговори на многубројни прашања. Би споменал само неколку:

- Да се одговори зошто тоа што за најголемиот дел од јавноста се нерационални и непродуктивни трошоци, за Владата е приоритет;

- Да се дефинираат државните приоритети што треба да се финансираат државните приоритети и нивната економска оправданост;

- Да се согледа капацитетот и подготвеноста на министерствата и другите државни институции за работа со проекти од капитално значење, за кои би се искористиле средствата;

- Да се одговори за што се користат средствата од зголемениот буџетски дефицит.

Сепак, ако не друго, од најавената расправа сигурно ќе произлезе што не треба да се финансира од кредитите. Во прв ред не само што нема потреба туку е и штетно задолжувањето за спортски сали, фудбалски игралишта, споменици, рекламни кампањи итн, со еден збор, нема потреба од задолжување за објекти кои ќе служат само за привидно прикажување на успех на Владата во краток период. Напротив, има потреба од финансирање капитални објекти, чиј почеток и крај не е врзан само со мандатот на една влада, а користа е за многу генерации. Исто така, не треба да се користи за неподготвени, таканаречени реформи, како, на пример, кредитот за реформа за здравството, каде парите пропаднаа во бунар само за семинари и консалтинг услуги, реформата нема ни стартувано, а состојбата е дури полоша.

Сите - и стопанствениците и граѓаните - од новите кредитни линии очекуваат подобрување на економијата. Наједноставно, од новото задолжување на секој граѓанин му следуваат по 300 евра. Но, ако Владата работи како досега, најверојатно, толку ќе биде следувањето како обврска за да се врати долгот, а не граѓаните да видат некој аир. Затоа, покрај радоста, како што пишуваше овој весник за полните куфери пари што доаѓаат од преку океанот, не помалку е важно што секој Македонец за извесно време ќе биде оптоварен со враќање долг од нови 300 евра.

(Авторот е поранешен пратеник)


#
Статијата е прочитана 2431 пати.

Испрати коментар

Од: забеган.
Датум: 19.10.2010 12:21:22
Ама НАСЛОВ бре гос.Најдоски.Само што неми пукна СРЦЕВО од радост.Си помислив на секој Македонец овие ПИЛИШТАРЦИ ќе дадат по 300 евра.А на крај се разочарав ќе сме биле задолжени по 300 евра.
Од: CEKO
Датум: 19.10.2010 13:01:05
CHESTITAM
Од: deli
Датум: 19.10.2010 13:19:07
Si dozvoluvam edna zabeleška na avtorot na ovoj premnogu dolg text: temata e 100% vrvno aktuelna, no obrabotana e tolku komplicirano, što - mislam - se gubi smisol na porakata, što avtorot sakaše da ja predade na čitatelite. Za žal.
Од: jovan
Датум: 19.10.2010 13:29:30
Naslovot trebal da glasi "300 evra ke im dade sekoj Makedonec".
Од: aco
Датум: 19.10.2010 14:34:13
odlicno sogleduvanje na sostojbata sto so parite za sto ke se trosat dali za drzavata dali za partijata.Jas sum siguren deka barem 50% ke se za partijata odnosno za rejtingot na Gruevski.No da pocekame pa ke vidime.Pozdrav za tekstot Carli.
Од: Aleksandar Petkovski
Датум: 19.10.2010 15:43:55
E konecno nekoj po svesen javno da prozbori za ova ama nema koj da slusa. Mladinava tera sema, starive so kratki pogledi i poleka pocnuvame da ziveeme na zaem i da stanuvame stranci vo sopstvena zemja. Bravo za avtorot uste narodov da se svesti.
Од: vlatko
Датум: 19.10.2010 23:00:59
Do zabegan imam 31 godina , covek so familija i seriozna rabota.(se prepoznavam pod poimot PILISTARCI). Da srabotevte vie i vasata generacija(VAMPIRI) NAMESTO DA RASTURITE 3 DRZAVI NA NAS pilistarcite KE NI BESE MNOGU POLESNO
Од: кодош
Датум: 20.10.2010 00:21:57
Да,секој Македонец (и македонски граѓанин) ќе враќа по 300 евра + камата.Ако не репродуцираат добра,и завршат на контото на "големите мајстори"за трансформирање на парите во безцелни активнопст,тоа ќе биде уште една плочка во мозаикот наречен,"голема распродажба на државата",во чиј пакет влегува и името.Задолжувањето е мајка на поткусурувањето,ако тоа задолжување не репродуцира успешно и брзо дезадолжување. Ваквите средства ќе не извадат ли, или ќе не допротонат во живиот песок,ќе покаже времето кое брзо минува?!Кога било која гарнитура на власт во името на народот носи одлука,треба да си предпостави дека ќе биде сто години на власт,и дека треба да ги враќа назад.Ако во визијата не гледа страв,нека го прави,ако не,тогаш нека размислува.

Најди! во Утрински
Мислења
Го нема Силајџиќ, тука е Додик






EU to move ahead on Serbia accession, add tough conditions
Bulgaria's landmark anti-mafia case unravels
Hungary waters down procurement rules for EU presidency