Број 3317  сабота, 26 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter

Кренат во воздух џипот на газдата на пекарницата „Специјал“

Повредени, за среќа, нема, но е оштетена куќата на Славко Ѓорѓиевски и се искршени прозорците на соседните куќи

Даниела Трпчевска

Џипот на сопственикот на познатиот синџир скопски пекарници „Специјал“, вчера рано наутро бил кренат во воздух, во дворот на семејната куќа на семејството Ѓорѓиевски. Детонацијата што се случи околу 2,45 часот ги вознемири жителите на улицата „Моцартова“ во скопската населба Даме Груев. За среќа, повредени нема, но е оштетена куќата на сопственикот на џипот, Славко Ѓорѓиевски, а се искршени прозорците и на соседните куќи. Газдата на „Специјал“ се сомнева дека станува збор за одмазда поради спор за имот што го купил. Од полицијата велат дека преземаат мерки за расветлување на случајот.

Според увидот на полицијата, детонацијата настанала откако непознато лице фрлило експлозивна направа во дворот на газдата на „Специјал“. Силната експлозија го уништи џипот „киа соренто“ и ги скрши прозорците од соседните куќи. Но, ќерката на сопственикот на „Специјал“ раскажува дека експлозивната направа, најверојатно, била поставена на возилото, кое експлодирало само кратко време откако таа се вратила со џипот дома и го паркирала пред влезот.

„Имавме гости од Белград и појдов да ги прошетам до Дебар Маало. Џипот, обично, го вози татко ми, но сега јас го зедов поради гостите. Се вратив дома и само што легнавме, се активираше експлозивната направа“, раскажува таа.

Истото го потврдува и газдата на синџирот пекарници, „Специјал“, кој е не првпат цел на напади. „Ќерка ми вчера го зеде џипот за да прошета со гостите. Кога се вратија дома, ноќта се случи страшна експлозија. Детонацијата беше толку силна што мислев дека куќата пропадна. Помислив дека се запали фурната во пекарницата, која е на првиот кат од куќата. Не помислив на друго. Се стрчав долу за да ги барам протипожарните апарати, но тогаш видов дека се скршени стаклата и дека џипот е уништен“, раскажува Славко Ѓорѓиевски.

Соседите во паника веќе излегле на улица. Седумдесет и четиригодишниот Јован Бачоски едвај спасил жива глава. Тој живее во соседната куќа, која е најпогодена од детонацијата. Експлозијата ги направила прозорците од неговата соба пепел и вистинска среќа е како стаклото не го расекло старецот, кој ��д претрпениот шок бил речиси во бессознание. Веднаш била повикана Брза помош, која му дала средства за смирување.

„Мислев дека е гром, се скршија одеднаш прозорците и се' се тресеше. Тогаш дојде син ми и кажа дека е експлозија на возилото кај соседите. Тука спиев покрај прозорецот и за среќа стаклото што се распрска не ме осакати“, вели преплашено соседот Јован.

Сопственикот на „Специјал“ се сомнева дека зад експлозијата се крие одмазда поради имот што го купил, а кој претходно бил користен од други луѓе. „Се сомневам во една група, и лани ни беше запалена фурната и ни предизвикаа голема материјална штета. Закани лично не сум добивал, но преку други луѓе допирале до мене“, вели Ѓорѓиевски, кој ја отфрла можноста дека станува збор за пресметка поради долг.


#
Статијата е прочитана 3568 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 21.06.2010 00:18:36
Vo nemokna i slaba drzava caruvaat reketarite. Zalna vistina. Ako vaka prodolzi, narodot ke pocne sam da si ja sproveduva pravdata. Policijata i onaka e plasliva i za nisto ne ja biva.
Од: vladimir
Датум: 21.06.2010 05:13:17
ohridska grupa e i lani imase covekot problemi , inac elicno se znam so gazdite ne se kriminlaci tuku se raboti za imot koj go kupile a pred toa go koristele luge koi imaa tdebelo kriminalno dosie !
Од: TRAJANKA
Датум: 21.06.2010 08:01:13
Do JOVAN Policijata ne se plasi od nikogo . Naj teska rabota e da si dobar Policaec , toa e kao noz so dve ostrici.
Од: jimmy1
Датум: 21.06.2010 08:31:54
Do Jovan: Ne e taka, sekade vo kapitalizmot caruvaat reketarite i kriminalot. Takvo opstestvo baravme i vakvi slucai sekogas ke gledame. Ke se osvestime eden den odkako edna barga luge ke e dokradat Makedonija, ali ke bide kasno.
Од: m i l c o
Датум: 21.06.2010 08:41:23
mozebi se raboti za reket kako e kazano vo prethodniot komentar , no sigurno e deka pekarnica specijal postignala uspeh i toa golem samo so k v a l i t e t na proizvodi ,,samo napred siguren sum deka toa nema da go sopre-isplasi sopstvenikot pozdravi

Најди! во Утрински
Македонска верзија
Поглед
Деспина Траjковска
ЕДИТОРИЈАЛ
Сања Наумовска
Мислења
Џозеф С. Нај
Мислења
Филип Петровски
И бебињата умираат поради сиромаштијата

Анџелина Џоли
Анистон да не се доближува до нејзините деца