Број 3249  сабота, 03 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Хороскоп

Дневен хороскоп

ОВЕН

Врската со љубеното лице ќе доживее кулминација. Во партнерот ќе откриете квалитети за кои не сте ни помислувале. Работната ситуација не е идеална, но мора да бидете трпеливи. Наскоро следува значително подобрување. Засега ќе мора да се задоволите со стандардната заработувачка.



БИК

Внатрешните конфликти се под контрола. На партнерот му наоѓате стотици мани, но не може да се снајдете без него. Слободните припадници на некое јавно место ќе запознаат шармантна скорпија. Олабавете се и прифатете ја понудата за вечера.



БЛИЗНАЦИ

Извесни нешта ве блокираат и ви претставуваат товар. Обрнете повеќе време на здравјето. Сега сте пречувствителни, преземате многу ризици, што може да ви го нарушат здравјето. Многу сте исцрпени, па оваа седмица е поволна за собирање сили за работните обврски.



РАК

Прекумерната работа бара трпение, што сигурно го имате. Ќе постигнете видливи резултати доколку сте тимски играч и ги почитувате туѓите желби. Заморот е последица на обврските што ви ја трошат енергијата, но и сигнал дека активностите треба да се доведат до разумно ниво.



ЛАВ

Давате непромислени изјави, па ги обвинувате другите ако заради нив се соочите со последици. Немате доволно време да реагирате на ситуациите што ви се наметнуваат. Организмот бара да ги наполните батериите, па затоа искористете го убавото време за прошетка.



ДЕВИЦА

Времето на славење ви одговара, бидејќи сакате да се дружите. Повеќе планирате отколку што работите. На работното место премногу зборувате и константно делите совети. Чувствителни сте на нарушените меѓучовечки односи повеќе од кога и да било.



ТЕРЕЗИЈА

Откако ги увидовте пропуштените можности, сфаќате дека немате време за губење, па решавате веднаш да тргнете во акција. Размислувате за ново работно место, љубов и за оние нешта што може да донесат радост. Скорпиите и јарците имаат трпение да ги слушаат вашите совети.



СКОРПИЈА

Работните обврски ги држите под контрола. На емотивен план се можни мали несогласувања. Сметате дека партнерот не ги исполнува вашите очекувања. Најдобро ќе биде да ги намалите своите афинитети или, пак, променете го партнерот.



СТРЕЛЕЦ

Се наоѓате во дилема дали да продолжите со активностите. Пролетта ви ги оттргнува мислите од работните навики, па сакате да се прошетате и да го трошите драгоценото време. Завршете ја работата. Доаѓа летото, денот е поголем, а со тоа доаѓаат и нови интересни предизвици.



ЈАРЕЦ

Период на оптимизам. Имате голем број интересни идеи. Само треба да бидете трпеливи и да ги спроведувате на дело. Знајте дека многу работи ви стојат на патот. Користете кратки паузи за полесно да ги одбегнете. Одморот ќе донесе елан за нови проекти, кои ќе ги има многу.



ВОДОЛИЈА

Од некого сте очекувале премногу. Откако ситуацијата спласна, очигледно е дека се преценивте себеси и другите. Потребата за љубов е изразена, но вашиот вроден срам предизвикува никој да не ја забележи, особено она лицето за кое сте заинтересирани.



РИБИ

Ова е одличен период за рибите. Ѕвездите ви го осветлуваат патот по кој се движите. Проблемите ги решавате спонтано со решителни интуитивни реакции. Само немојте да се залажувате дека среќата ќе трае вечно. Уживајте малите работи што ве прават среќни.




#
Најди! во Утрински