Што прават денеска
Данило Коцевски
директор на СВП
Како и секогаш, Велигден го минувам во духот на празникот, во домашна атмосфера и со традиционалните посети на пријателите. Овој празничен одмор ми е добредојден по многубројните активности на промоција на лауреатите на Струшките вечери на поезијата пред неколку дена во Париз.
Виолета Томовска
пејачка
Саботата ми е планирана за довршување на подготовките на велигденското празнување, но во 12 часот ќе бидам на доделувањето награди во Домот на Мајка Тереза. Вечер со внуците одиме традиционално в црква, а утре напладне ќе учествувам на една хуманитарна велигденска манифестација пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“. Илчо Јованов
декан на ФМУ „Гоце Делчев“, Штип
Велигденските празници се убава можност за семејно собирање. Бидејќи во последно време почесто сме разделени со семејството - тие се во Скопје, а јас во Штип на работа, сега за Велигден ми дојдоа во Штип. Се' е во духот на велигденското семејно празнување. |