Број 3611  среда, 22 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Хороскоп
Хороскоп



Овен

Конечно, размислувате за тоа да се скрасите. Семејните проблеми говорат дека со своето непримерно однесување сте придонеле да дојде до нив. Морате да го признаете делот од својата одговорност и да не ја префрлате вината на домашните. Кога треба да се направи нешто за конкретно задоволство - први сте, а за друго нека не ве чепкаат.



Бик

Иако некои работи се во застој, тоа ни најмалку не ви пречи да се занимавате со она што сакате и да бидете задоволни. Бидејќи чувствата се интензивни, а смислата за уметност уште поизразена, периодов е најпогоден за Биковите од уметничката бранша. Недоразбирањата ќе ги измазните.



Близнаци

Зошто се нервирате кога знаете дека тоа влијае на убавината? За здравјето не размислувате се' додека ве служи. Влеговте во период кога се можни проблеми токму на здравствен план, па ви се советува избегнување на ситуации и луѓе што не ви одговараат. Ако ништо друго, одете на годишен одмор.



Рак

Под услов да не сте ја санирале нервозата, таа може повторно да се појави и тоа со поголем интензитет. Една од причините за пречувствителност е семејната ситуација, но онаа посериозната се однесува на долгорочниот проблем на работа. Колку трае тој проблем, толку време и ќе треба за да се реши.



Лав

Вознемирени сте, иако без причина, што може сериозно да ве загрози. Бидете оптимист, бидејќи се наоѓате пред позитивна животна пресвртница. На повидок е одмор следен со промена на опкружувањето. Токму тоа ви е неопходно за надминување на напнатата ситуација. Треба да се приспособите на нешто.



Девица

Каде и да се свртите, се' сами изненадувања и тоа, главно, поволни. Кога е така, тогаш препуштете му се на она што ви го носи животот, но истовремено фокусирајте се и на самите себе и обидете се да дојдете до душевен мир. Сфатете дека на некои работи не можеме да влијаеме, зашто постои виша сила.



Терезија

Ограничени сте, па не е ни чудо што сте незадоволни. Морате да го прифатите денешното расположение како минливо, па со самото тоа и да најдете излез во нешто на што конкретно ќе можете да влијаете. Она што е во ваша моќ е желбата да си помогнете себеси и што е можно побрзо да излезете од денешната криза.



Скорпија

Сакате да ги измазните односите со партнерот. Ќе имате шанси, доколку бидете поразумни и помалку ги навредувате другите. Во спротивно, јазот ќе се продлабочува, па не ви се советува ништо конкретно. Свртете им се на нештата што ве опуштаат и во нив најдете мир. Признајте дека сте изгубиле.



Стрелец

Ве очекува успешен работен ден, проследен со конкретни материјални докази. Затоа уживајте во она што моментално ви се нуди. Разните емотивни престрелки и несогласувања оставете ги за друго време, кога ќе имате повеќе шанси да докажете дека сте во право. За сега, оставете го партнерот во своите убедувања.



Јарец

Ако се занимавате со шпекулации, ќе остварите важна финансиска корист. Успехот можете да го очекувате во пропагандата, зашто до израз ќе дојде вашата моќ за убедување. Иако се борите околу статусот, знајте дека позициите се на ваша страна. Не дозволувајте конкуренцијата да ве блокира..



Водолија

Здружете се со Лавот, па заедно занесувајте се, кога не сакате совети од попаметни и поискусни. Ситуацијата бара пресврти, приспособувања и на извесен начин влијае на она на што сте најранливи - слободата. Бидејќи од тоа на крајот ќе профитирате, не очекувате ништо однапред.



Риби

Сентиментално сте расположени, па лесно се заведувате. Можеби вие на тоа веќе подолго време прикриено се надевате!? Посериозните припадници на знакот, што ги има повеќе, очекуваат извештај врзан за патување, или се фокусирани на наоѓање одговор на некои егзистенцијални прашања.


#
Најди! во Утрински

"""