Правите планови за да отпатувате или, пак, да се усовршите во нешто. Ако вашата работа е поврзана со патувања, насочете се кон контакти и разговори во таа насока. Очекувате многу од еден состанок. Мора да бидете брзи и одлучни.
Бик
Ви се случуваат интересни работи, барем не ви е досадно. Брзо менувате расположение, нервозни сте и напнати. Заслужен за тоа е партнерот, беспотребно се трудите да го промените. Тој има заземено цврста позиција, затоа мора да се справувате со тој факт.
Близнаци
Имате многу желби, а мали можности. Таа состојба може да доведе до незадоволство и општа слабост. Денот ќе го поминете размислувајќи како да ги надминете проблемите. Кога подобро ќе размислите, ќе сфатите дека немате причина за нервоза.
Рак
Пред вас се случувања кои, доколку не сте подготвени, може да ве изнервираат. Бидејќи успешно умеете да насетите опасност, ќе успеете да се извлечете. Пријателите на кои најмалку се надевавте пристигнуваат напомош.
Лав
Исклучителен ден во секој поглед. Задоволни сте со соработката, врските, заедничките искуства, со еден збор од себеси. Ве очекува интересна средба. Како и да е, одлично ќе се чувствувате, но мора да пешачите повеќе.
Девица
Кога ќе сфатите каде лежи успехот и каде можете да влијаете, ќе ви биде полесно. Бидејќи сте симбол на одговорна и вредна личност, пронајдете решение за оние ситници што ве нервираат. Насочете се кон работата и кон она од што се живее.
Терезија
Не претерувајте со изливите на нежност или бес. Избегнувајте расправии со партнерот, ќе бидете поразена страна. Можно е проблемите од хормонална природа да ви прават непријатности. Ќе зрачите со сексапилност.
Скорпија
Успешен професионален ден со многу обврски, но и конкретни резултати. Кризата е зад вас, па можете да уживате во сопствените остварувања. Мирни сте, но тоа не значи дека не може да избувнете. Внимавајте на здравјето.
Стрелец
Актуелна тема овие денови е работата, затоа размислувајте во таа насока. Имате многу прашања, а само еден одговор. Односот со партнерот не е сјаен, бидете трпеливи и избегнувајте ги изливите на љубомора. Пијте повеќе чаеви ако сакате да останете во добра форма.
Јарец
Потрудете се со помош на работата да најдете одговор за незадоволството. Ако избегнувате финансиски вложувања и поведете повеќе сметка за парите, постои шанса да избегнете непријатност. Можни се проблеми поврзани со здравјето.
Водолија
Немате желба за работа. Мора силно да запнете, но не надевајте се дека обврските ќе ги решите преку ноќ. Процесот е макотрпен, но успехот нема да изостане. Здравствената состојба не е сјајна, па посветете повеќе внимание на себе.
Риби
Субјективни сте во односот со партнерот. Доколку имате поддршка отстрана, можете да ги расипете односите кои веќе долго време не се како што треба. Не барајте туѓи совети, бидете реални и потрудете се да ги сфатите проблемите на партнерот.