Александар Блажевски
ТВ - водител
Вечерва, во 21,35 часот, стартувам со квизот „Добра шанса“, што го подготвувам подолго време. Станувам рано, па одам во продукција „Еурофорум“, за последни подготовки и консултации, па на проба во Сител, малку релаксација, пред емисија, а потоа, прослава на сефтето со пијачка во „Картел“.
Анета Шуланковска
членка на „Синтезис“
Најголемиот дел од денот, некаде до 18 часот, ангажирана сум со обврските на работното место. Вечер имаме настап со „Синтезис“ на една промоција на „Сковин“. Инаку, во меѓувреме ги одбројуваме и ги одработуваме последните детали за новиот албум, што треба да се појави до крајот на овој месец.
Мишко Крстевски
пејач
Утре, е летен Свети Атанасие, а јас сум кум на славата во село Липа, Неготинско, каде што донирав средства за изградба на камбанарија. Така, денешниов ден ќе го поминам, главно, во подготовки за утрешното кумство, по што продолжувам на фестивалот во Валандово. |