Број 3640  вторник, 26 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Скопје

Крводарителска акција и изложби за годишнината

Традиционално, на годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје ќе се одржат низа активности, манифестации, акции...

Вообичаено, скопскиот градоначалник во 10 часот на Градските гробишта „Бутел“ ќе положи свежо цвеќе пред Споменикот на настраданите од земјотресот. Најавено е дека чест на загинатите ќе оддадат и домашни и странски делегации. Ќе се одржи и традиционалната крводарителска акција на Црвен крст на Град Скопје. Годинава хуманите луѓе ќе можат да даруваат крв во Трговскиот центар „Соравија“, како дел од акцијата што ќе започне во 9 и ќе трае до 17 часот. Во населбата Ченто во 18 часот ќе биде откриена скулптура во паркот „Суоми“.

Вечерва, пак, во Музејот на Град Скопје во 21часот ќе биде отворена изложба со наслов „Средба на солидарноста 1963-1973“, а гудачкиот квартет „Фоур стрингс“ ќе одржи камерен концерт. Изложбата „Средби на солидарноста 1963-1973“ ги опфаќа Средбите на солидарноста, почнувајќи од првата во 1964 година, како и спортските настани од светско значење организирани во Скопје во почетокот на 70-тите години на 20 век, а кои се во знакот на солидарноста. Авторка на изложбата е Зоја Богдановска, виш кустос историчар.

Во рамките на изложбата ќе бидат прикажани неколку краткометражни филмови, а ќе се прикаже и долгометражниот филм „Мементо“ во режија на Димитрие Османли.


#
Статијата е прочитана 276 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Скопје
Незаборавни 48 години од кобното јулско утро во 1963 година
Изворната порака на Тито отиде во историјата

"""