Број 3471  петок, 31 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Дипломатски магазин
Фељтон








Site Meter
На прво место

Десетте личности што ја одбележаа 2010

„Утрински весник“ направи потесен избор на личности
што оставија печат со свои изјави или постапки

Соња Крамарска


Како и секоја друга година во Македонија, 2010 помина бурно и на моменти со експлозивни политички настани и изјави. Многу личности продефилираа на јавната сцена, кажаа убави и лоши нешта и си обезбедија место во меморијата на македонскиот граѓанин. Изборот на „Утрински весник“ падна на неколкумина ликови чии јавни истапи или постапки го привлекоа вниманието на јавноста и предизвикаа жестоки политички и експертски дебати.

Трендафил Ивановски, експретседателот на Уставен суд на Македонија речиси цела година војуваше со Владата и со Груевски. Како грев му го земаа укинувањето на финансиската стимулација на Владата до семејства со повеќе од две деца, скусувањето на рокот за лустрација наместо до 2008, до 1991, укинувањето на правото на пензионирање во МВР пред 64. година, укинувањето на измените на урбанистичкиот план на центарот на Скопје познат како „Мал ринг“, каде што влегуваа триумфалната капија, скулптурите на мостот „Око“ итн. Како сето тоа да не беше доволно, заминувањето на Ивановски во пензија е „овековечено“ со наоди на Комисијата за лустрација дека бил кодош во поранешниот систем. Жестоко се спротивстави, но не успеа во намерата да докаже дека не бил кодош, барем пред македонските институции.

Зоран Заев не издржа долго во анонимност по бурата околу неговото апсење во 2008 и аболицијата од Црвенковски. Со неодамнешната изјава во Валандово „да им кажете живи луѓе има да јадеме по тоа“, тој директно си обезбеди влез во категоријата личности на 2010. Заев рече и дека СДСМ ќе се врати на власт тимски поставувајќи свои луѓе „од хигиеничар до министер“.

Газдата на А1, „Време“, „Шпиц“ и „Коха е Ре“, Велија Рамковски, сосема неочекувано е личност што ќе ја спушти завесата на 2010, а веројатно, и ќе не' воведе во 2011. Од зад затворските решетки. Таму се најде поради одбивањето да го сврти курсот на телевизијата од опозициски во провладин поради што Груевски престана да го толерира неговиот незаконски бизнис. Државата го товари за затајување данок од 4 милиони евра. Рамковски по полицискиот упад во А1 во ноември, бизнисот привремено го замени со политички ораторство низ земјата заедно со Љубе Бошкоски, етикетирајќи го Груевски како „диктатор“ и заканувајќи се дека ќе му ја урне власта.

Министерката за култура Елизабеа Канческа-Милевска цела година е на тапет поради спомениците, кои се, всушност, дел од агендата на Владата, но под притисок на опозицијата, Груевски и' ги префрли нејзе како шефица на ресорот култура. Таа е новиот Паско Кузман на владината политика за експанзија на спомениците и други контроверзни градби претежно во центарот на Скопје поради што заработи и интерпелација од СДСМ. Министерката ја преживеа интерпелацијата, но не и судот на јавноста за уништената тендерска документација од проектот „Скопје 2014“ што и' донесе силен негативен публицитет и поени за опозицијата, која ја разоткри аферата.

Мартин Тренески, новиот македонски амбасадор во НАТО ќе ја менува политиката на НАТО кон Скопје. Барем така се изјасни во скандалозниот пристапен говор кон функцијата, со што најмалку еден месец не се симна од страниците на весниците и од телевизиските вести. Непосредно пред заминувањето за Брисел, тој побара од НАТО да го преиспита правилото на консензус при приемот на нови членки. Очекуваме во 2011 да дојдат и првите резултати од неговата (невозможна) мисија во седиштето на Алијансата.

Новиот претседател на антикорупциската комисија Илми Селами одигра активна улога во прекинувањето на практиката во ВМРО-ДПМНЕ да земаат плати и надоместоци од повеќе места истовремено. Тој го повлече чкрапалото и за „егзекуција“ на Ване Цветанов, директорот на Агенцијата за спречување перење пари. Поради својата агилност за случајот „Надеж“, се најде на црната листа на СДСМ. Својата непристрасност ќе треба да ја докаже и во случаите со досиејата за „Скопје 2014“ и најновиот предмет доставен од Љубе Бошкоски за директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање и прв братучед на Груевски, Сашо Мијалков, кој не доставувал редовно имотен лист и не ја пријавил зделката со продажба на негова фирма во странство.

Александар Петрески, градоначалникот на Охрид од СДСМ влета на јавната сцена во моментите кога ние, новинарите, мислевме дека западнавме во монотонија. Замина на турнеја во Австралија во миговите кога поради интензивните дождови, дојде до зголемен водостој на езерото и можност од поплави. Неговата посета преку океанот доживеа силен публицитет, дури во неговата партија СДСМ од каде што налутено му порачаа да се врати.

За Ване Цветанов, јавноста поопширно дозна откако си замина од функцијата директор на Агенцијата за спречување перење пари. Со Груевски си разменија жестоки обвинувања како што може да си разменат „свои“ луѓе. По неговото разрешување, Цветанов е редовен гостин во проопозициските медиуми, пишувајќи колумни и одговарајќи на прашања на кои додека беше дел од владиното семејство, ниту во сон не би помислил да одговори.

„Груевски, престанете да се заканувате и да плашите врапци!“ Ова не е блоговска реторика на некој запален опозиционер, туку јавна прозивка на Весна Ковачевска-Трпчевска, новинарката што беше отпуштена од Канал 5. Нејзината експлозивна јавна преписка со Груевски и со Мартин Протоѓер ја изнесе на виделина сложената клима во која вирее македонскиот журнализам и поттикна многу дискусии во Скопје и во Брисел.

Спаска Митрова, од анонимна премина во сферата на познати имиња експресно земајќи бугарско државјанство за да се бори за старателство над својата ќерка, чиј татко е „само“ македонски државјанин. Пинг-понгот меѓу бившите сопружници, но и меѓу Скопје и Софија околу овој уникатен случај, и' обезбедија медиумска популарност на гевгеличанката Спаска Митрова, но донесоа и несоборлив доказ за човечката способност за манипулативност на која не е имуна ниту највисоката политика и дипломатијата. Мислиме на големата доза загриженост што ја искажа официјална Софија по повод овој провиден случај.


#
Статијата е прочитана 4220 пати.

Испрати коментар

Од: Трпе
Датум: 31.12.2010 12:18:45
Ова влада има многу перални.Најпрво турбо работеше пералната на министерството за образование со компјутерите,Започна турбо да работи пералната на министерството за транспорт,па пералната на министерството за култура.СРЕЌНА НОВА 2011 година,да се надеваме дека од преоптеретеност на работата на пералните во следната година ке откажат,ке имат големи кварови од турбо работење,.
Од: Јован АН
Датум: 31.12.2010 14:26:14
Срамно е да се пишува дека Рамковски е притворен “поради што одбил да го смени курсот на телевизијата од опозициски во провладин“.Ова ми личи на Наша фабрика.Ќе испадне дека дотичниот е притворен поради “борба за демократија“.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 31.12.2010 15:31:13
Денес,нема да коментирам!Нема да им дозволам на политичарите и мрачните сподоби да ми го расипат денот!Единствено,на читателите,на редакцијата и на соработниците на „Утрински“ќе им посакам да им се остварат најубавите желби,многу радост,повеќе среќа и најмногу од сè-Љубов во Новата 2011!
Од: Komentator
Датум: 31.12.2010 16:51:39
I jas ete ne sakam da si go "rasipam"denot so citanje i losa misla ...Na site gradani na ovaa moja ubava i sekako Vasa Makedonija site zelbi da im se ostvarat vo 2011g.. posebni cestitki na redakcija na Utrinski ..i blagodarnost vo imeto na site komentatori ..sto ete imavte vreme i doblest da ne procitate .i pokraj toa sto ponekogas i preteravme...ama neli e vreme na demokratija..SREKNO.....!!!
Од: Стојан Кафеана
Датум: 31.12.2010 16:57:36
Јоване,уште посрамно е да се кажува дека Рамковски е во притвор поради криминал.Ако имало криминал,тоа не е од вчера,но на Груевски не му сметаше кога Велија со својата телевизија го донесе на власт,а му смета сега кога се сврте против него. П.С.Среќни новогодишни празници за „Утрински“ и неговите читатели.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 31.12.2010 21:05:14
На сите коментатори со кој полемизирав а и со некој се согласувам им посакувам успешна нова 2011 год.на сите полиња од приватно до професионално.Инаку невештата одбрана на смоки медиумскиот могул ме потикна малку малициозно да искоментира.А некој бизнисмен опозиција кога е на власт дали на државно или општинско ниво награди за успешност истиот набрзо бива затворен за малверзации(ТАТ,А1)
Од: девичанецот
Датум: 01.01.2011 02:10:54
Многу е опасно кога новинарите еднострано пишуваат. Навистина, на зоон политикон и тие не се имуни, но со оглед на тоа што нивните напишани зборови се јавни, сепак треба и мислењето на другата страна подеднакво да го почитуваат. Сто пати беше речено дека власта не влегла во А1, туку во фирмите регистрирани на таа адреса, а тие упорно, дури и илјада пати се готови, сами да тврдат дека власта влегла во А1 телевизија. И тоа без ниеден доказ за тоа.
Од: ?!
Датум: 01.01.2011 10:15:56
Da se preceka novata godina so "smokite na Ramkoski" i ne e taka mala rabota,a nivnata mirizba da te prati do narednata,da potsetuva,za na zidnite kalendari da se najdat site zamoci kako ovoj na Velija.Srekna nova godina,pocituvani gradzani,so zelba za gradenje novi kako ovie vo Nerezi,a ne urivanje.Da ni bide posrecna,ne vrz nesrekata na drugite,povesela a ne vrz tagata na drugite,poberiketna, ne vrz parite na drugite.Da se otvaraat novi rabotni mesta,ako ne vrz parite sto gi nema tuku vrz onie koi se zaplenuvaat,za Gosev da nema predizvici,dali da pecati ili ne.I na kraj Da se fati kletvata ovaa zemja so pomos i vo vremeto na ovaa vlast da se rascisti so kriminalot.Nie i da saka poveke da si odi,ne i davame,Drug ovaa rabota ne bi mozel da ja dovrsi.SRECNA NOVA GODINA I BOZICNITE PRAZNICI.
Од: Hari
Датум: 01.01.2011 10:49:17
Devicanec, tebe ti pripadnala najteskata odluka od Martinco, da negiras deka nemalo upad vo A1, stvarno te zalam coveku! Konstatacijata na Sonja e povece od tocna, Grujo brka osomniceni za zatajuvanje na danok(saeuste ne e dokazano, edinstvenoi na sitel) koga ce pocnat da go kritikuvaat. Sram za makedonija bese cirkuzot so apsenje na Velija, sto i novinarkata od A1 mu go vlepi na vasiot ovcar - posleden diktator vo Evropa. SREKNA NOVA GODINA. Jovane poln pogodok, Velija se bori za demokrtaijata vo MKD.
Од: xxL from Prilep
Датум: 01.01.2011 13:11:40
Srekna Nova Godina dragi prijateli vi pozeluvam se najubavo a posebno gi pozdravuvam portokalite od pozicijata,se nadevam ke posinat vo ovaa nova godina koja e godina na golemi ocekuvanja
Од: Brian, Canada
Датум: 01.01.2011 18:30:56
Hari ti si sampion. Velija e borec zademokratijata vo Makedonija. vakvo slepilo covek ne videl, pa uste go sozaluvas devicanecot. Abe ti si sampion vo sozaluvanje, bez konkurencija.

Најди! во Утрински
На прво место
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks